Вчера бевме во тениското кај Александар Палас, убаво посвежичко беше, а има и простор со лулашки и тревник
Мајки после колку време од проодување почнаа вашите деца даа одат така постабилно, поцврсто... Еве 13,5месеви..скоро цел медец оди постабилеен е од што беше. Но сеуште плетка нозе и многу брза, трча.. Кога сме дома. Убабо си оди, че се фати за маса, комодљ, стол и си оди ама не е уште стабилен
Керками има нов левел на цицање.... Си цица па пушта па фаќа како да сака да ме лиже ме нервира утробата ми игра од нервоза во тие моменти.... Сакам да ја одбијам ама ме фаќа паника дека поради тиа ке ја изгубиме дневната дремка..... Пошто цица пред дневната дремка и заспива цицајки ( имаше период кога цицаше па се играше низ кревет па заспиваше сега не се врати на момент каде треба да се онесвести цицајки) и пред спиење вечер мора да цица (тука не заспива со цицање) и ноќта 1 до 2 пати..... Искрено веќе ми стана неубаво ова цицање нејзино не дека е многу ама изгубив мерак а она а треба да спие ЦИЦЕ вика Сакам веќе да ја одбијам и знам прво треба дневниот подој пред дремка да го тргнам па после и тој пред ноќно легнување ама ме фаќа страв дека ке вришти и никој не ја смирува сем мене кога вришти а јас немам веќе нерви...... Си дојдов да се пожалам де
Ахх леле кој стрес ќе биде за нас двајца тоа одбивање од цицање, веќе и мене ми е претешко, рацеве ме болат и стомак зошто е долг и тежок ми е а јас истоштена уште толку да се пожалам и јас
Мене не ми е проблем самото цицање, уживам освен кога ке се штекне ноќе на титем ама тоа е ретко, дали 3 4 пати така зезал немирно да спие. За одбивање уште се канам... Ке има плачки големи...
Јас го одбив прво со ноќните, веке 3 недели не му давам. Спие поубаво бидејќи предходно стануваше по 100пати, сега ако стане еднаш му давам водичка бидејќи вика цица, цица . Првите 2-3 денови беа проблем ама морав да издржам. Инаку моето дете е доста темпераментно( немирно) и сум забележала дека ако дента не е многу активен(ако сме дома поголем дел од денот) спие поубаво, а ако сме излезени повеќе време по парк, базен и сл.се буди почесто. Дали сте приметиле и вие или само така ми се чини?
А нели плачеше за ноќните??? Пошто мојата кога се буди прево вика цице и се раскенкува :/ инаку за спиењето дека од дома помирно спие нормално е така.... Кога сте во парк меѓу луѓе и по гужви тоа е за нив доживување (не дека и за нас што се грижиме 24/7 за нив не е ) и после си го преживуваат истото и сонуваат.... Мене ми се случи после супер поминат ден надвор вечерта заспа и во 5 сабајле се разбуди со хистерично плачење да не можам да ја смирам едвај после 20 минути се смири..... Знаеш и кога ке речат оваа ми го гледаше детето "ми го урочи" според мене тоа не постои туку некои деца едноставно реагираат бурно на работите што им се случуваат и потребно им е време да ги "сварат" истите.... Тоа не значи дека не треба да шетаат
Повеќе се џасаше(што би рекле во нашиот крај) али со нишкање и водичка се смируваше. Денската дремка и навечер се со цицање али тоа сега за сега може да остане.
Дали била цела ден дома( шо тоа не значи дека е помалку активна) или сме биле на базен, планина, море, лулашки, парк... Исто спие читај не спие Има дечиња ако имаат пре активен ден се будат по често.
Јас некое време го пратам и приметив. Не дека не одиме никаде, цел ден дома не се седи, испаднати сме од прилика 2 саати (така се погодило, не дека гледам на саат). А овие денови татко ми е слободен и постојано го шета, само кога јаде и спие е дома и ме зеза навечер, се буди по 2-3 пати.
Ја имам приметено кај моето ако е премалце спиен преку ден ноќите се ужас, не важи кај нас дека ќе спие ко топ демек слабо е спиен преку ден, а иначе има логика денот ако му е преактивен па да влијае тоа на сонот
@srekice @Bubish26 за кое тениско зборевте дека има активности за деца? Кај Борис или кај хотел Русија?
И јас мисслам ако се многу активни лошо спијат... Преживуваат.. Сонуваат нз.. Навечер гледам да е смирен и да не се лигави т. С недавам даа го лигават баба и дедо.. Викам смирено пополека.