Мајки што да му дадам на син ми 14 месеци од сабајле почна многу да кива и носето почна да му тече ? Од климата во кола му е знам ама па многу е топло се поти неможе да не му пуштам клима. Дали да му дадам сируп Дефендил ( мислам дека добро го напишав )
Дај му вианто форте сируп,тој се дава на први симптоми на настинка баш за такви нос течење и кивање околу 260 денари е Дефендил е за имунитет,дефендилот дава придобивки после месец дена од давање
на 2 години ја ставивме на голем кревет сама,предтоа од година ипол спиеше исто на голем кревет ама де со маж ми де со мене а скроз сама на две имаше паднато еднаш двапати ама ништо страшно и во градинка сами спијат на кревет не заграден нели ама сепак падна од нејзиниот па така се научи
да? незнаев јас давав на мојава и навистина имаше ефект 2ипол години има,ама 14месеци незнам прашај пиши си на педијатарот дали ќе дозволи https://www.4upharma.com/products/children/product-for-cold-and-flu-viranto-forte.html не пишува дека е над 3,да не има неколку видови... @Bilbilce
Нема правила за заби. Тој редослед важи кај 99 % од децата. Кај синко 4ки и 3ки на година излегоа. 5ки на 23 месеци ги имаше сите, а најчесто после 2 години почнуваат.
Да мојов горе имаше 1 2 4, па кога ги вадеше долните 4ки ги извади и двојките. Горе му искачаат прво забите сите..
Мајки совет како им ставате на вашите деца спеј во носето ? Ние сме 14 месеци и кога ќе му шприцнам 2 саати плаче не се смирува страв ме фаќа.
Предложете ми фризерница каде што ќе се нафатат да ја шишаат ќерка ми не седи мирна на фризер , ја носевме еднаш пред месец дена да ја шишаат кратко се скина плачејќи, само што ги виде ножиците почна да мрда да бега па ја фати свекор ми ја држеше, едната фризерка и ја држеше главата , другата шишаше набрзина. Сакав да се јавам во Мали ѕвезди да закажам , ама срам ми е знам дека исто ќе биде, не знам дали некој ќе се нафати да ја шиша
Епа ќе плаче ама мора, за негово добро е. Исто и мојата плаче ама ставам на сила и после ја залажувам одма и пеам одма за да не рика. Ај спреј така и така ама јас и го чистам носето кога има мрсули со шприц над лавабо, прво во едната ноздра еден полн шприц со раствор па во другата ноздра полн па пак во првата и се така до дека не се исчисти скроз. Вака од бебе го чистеме носот, само со спреј ништо не правиш.
Мојов само во Мали ѕвезди беше бубалче. Уживаше во колата додека го шишаа. Одма му ставија таблет,имаат убав пристап со децата. Знам за во Палас бевме пред некој ден,супер е. А на Зајчев рид е тоа Евросет?
А да пробаш сама дома? Јас го однесов да гледа како татко му го шишаат и се раскина од плачење , па затоа го шишам дома сама со машинка но кога спие. Првиот саат од дремката е во длабок зимски сон, па не сеќава ништо и користам време тогаш и за коса и нокти сечење
Јас го носам во Мали ѕвезди, сега последниот плачеше не знам што му стана ама брзи се, за 5мин ги шишаат и се нафаќаат нормално. Во количка ќе седне, таблет пред неа и не би требало да има поголем проблем. Херој на денот јас да шушнам се буди.
Браво за храброста.Тоа чистење е најдобро за децата.Јас не би се осмелила. Аспирирам со носко за на правосмукалка.
Шприцајте си вие, смејте се после тоа. Кажувајте колку е интересно. Дајте му време, не на сила. Мојот многу сака да му шприцам, сам се мести.