Во мали ѕвезди. Мојов беше шишан 2 пати претходно ама без да плаче многу, зошто прашуваат кога закажуваш дали плаче, реков не. Урлаше последниот пат и ми рекоа следен пат да кажам дека плаче и ќе ми закажат термин на крај, после 7 ипол мислам. Тогаш го земаат они сами го шишаат без родителите верувам за 2 ипол минути зошто знаат како со мали плачковци, уиграни се
И ние се шишамр во Мали ѕвездички и сум многу задоволна знаат како да ги анимираат и седи мојов мирен.
Се слушнав сп матичната и ми кажа дека може 2х5мл. И се надевам дека ќе ни помогне дека послем еден ден од симптомите на кивање и течење на носето му дадов.
Мајки совет од кој сируп за имунитет сте задоволни ? Син ми е 14 месеци и сакам сега од септември да почнам да му давам
Јас му давам Дефендил, а за задоволна не знам да ти кажам. Не бил болен околу месец ама па и не се мешаме нешто посебно со луѓе. Ќе дадам апдејт кога ќе тргне во градинка.
И јас мислам тој да го земам вака од зборење најмногу за него ми збореле и за Киндер имуно мислам дека беше. @Jana06 му го даваш преку цела година или во интервали ?
Се јавив вчера во фризерницата , ми рекоа или пред отворање или пред затворање на фризерницата да закажам кога би ми одговарало. Е сега иако им реков дека е девојче и дека сакам кратка фризура , ми рече на деца што се немирни при шишање и плачат, не се нафаќаат да ги шишаат со ножици туку со машинка не знам дали не ме разбра колку кратко сакам ама сигурно нема да ја шишаме кец најверојатно ќе треба да им се прејавам..
Ќе се договориш на лице место. Нека пробаат со ножици па ако не бива со машинка ( во зависност од тоа колку кратко сакаш) Може ќе биде мирна,ќе и се допадне амбиентот а на крај даваат и лижавче подарок
Не му ја мисли.Можеби нема да плаче. Јас пред некој ден се шишав.Мојата беше воодушевена од салонот.Само се моташе и гледаше .После дома она ме средуваше,ке и дадат штипки,четки.Ке седи мирна .Чива ќерка е Све за лепота
На тема шишање керками изненади ја однесов кај мојата фризерка ( нема везе со шишање деца) викам ај зверето малце пробај во очи и оди а јас дома само ја правам Џим Кери.... Задтана на столот и стави и прекривка ( и рековме фустанче било) се гледа во огледало и не мрдна 10 мин ја шишаше со ножички и си муабетевме а госпогицава златна мирна.... А во реалниот живот она не може да се скраси со ништо повеќе од 3 мин тала да не му ја мислете мож ке ве изненадат
@elimkd за дневната дремка- ја шетам со количка и така заспива. За ноќе, сега кога сум во Мк и е лето ја шетам исто со количка и заспива, а претходно кога бевме дома, ќе чекав да и се приспие ја легнував до мене ќе се сврти и ќе заспие. Ноќе не се буди воопшто сега кога ја одбив
Уживај воопшто не ме замараш првите два дена плачеше ама не за цице толку колку што ја ставав на сила да спие, првиот ден легна во 23 часот па се разбуди сабајле во 3 саат па заспа, па во 6 пак стана и денот наопаку и беше, потоа другиот ден се нормализира, ноќе не се будеше, а преку ден 4-5 дена ме влечеше за гради ама јас се мачкав со се живо , сенф, кармин, туш за очи , лепев ханзапласт и толку потоа заборави
Имам едно прашање не е за во темата ИТНО затоа ќе прашам тука. Пред една недела проверувавме имунолошки статус па докторката ни пиша и црп и резултатот излезе 6 а границата е од 0 до 5 докторката севкупно рече дека е добро. Ваљда нема нешто ако е над границата
Тука ве читам како ги одвикнувате од ноќно доење, а јас се прашувам како да ја одвикнам да не станува ноќе за ад млеко. Си станува госпоѓицата за 4 часа, а веќе сме 13,5 месеци, доста и е мислам ноќе со ад. Прета и почнува да кенка кога и е време за ад на 4ч е тоа, како да ја одвикнам?
Јас накај 5мес веќе го одвикнав од ноќно ад. И од тогаш цела ноќ преспива. Давав цуцла го нишкав и толку... пробај така или со водичка понуди го