А што се покажало поефикасно , сирупот или чепче? Еве по еден саат му мерам, пак има 38.6 (а пред тоа имаше 38.7).
Каков сируп му даваш? Јас користам Нурофен и веднаш му ја симињаше тт на синко.Ни Далерон ни Блок Макс ни Парацетамол не му делува
Чепче Неофен, сируп Блокмакс кај нас најефикасни се покажаа ама треба да се консултираш со доктор за дозирањето. Јас најчесто давав на 4 саати назменично сируп Блокмакс, чепчиња Ефералган ова кога гореше од температура. Инаку, само сируп Ефералган на 6 саати или Блокмакс на 8 саати зависи.
Го немам користено.За чепчињата сум слушала дека се многу ефикасни, не знам друго што да ти кажам.Со лесно
Чепче е за полесна апликација ако плука сируп. Кај синко исто делуваат, можеби чепче малку пократко дејство има а можеби и сум грешка затоа што бев под стрес.
Јас имам забележано чепчето нагло му ја симнува температурата, одма живнува. Сирупот на пример делуваше после 40-50мин и никогаш не му ја спушташе до нормално туку од 39.5 најниско до 38 и за брзо пак качува. Чепчето ми се покажало како поефикасно ама може си зависи и со што се бори организмот.
Мислам дека има разлика и за колкава температура се работи. Твоето синче качуваше и до 40 ако добро памтам. Синко до 38,5 ама многу тешко ја поднесуваше. Омалаксан цело време беше, три дена беше за никаде. Само титем и сирупи. Јас мачкав и со мешавина ракија вода (не знаев дека може и медицински алкохол 70%) и тоа доста го разладуваше. Кај синко и чепче не беше многу ефикасно веднаш да му падне, 30 мин, ама сируп и до 1 час фаќаше, имаш право за ова. Кај синко сирупот и до 6 часа држеше, и ја спушташе до 37, па и до 36,8.
После чепчето не спадна тт баш, 38.6 , па беше поладен, па пак 38.5, облоги па 38.00. Се чудам како сирупи/чепчиња а не сака ништи да стави в уста. Вода си пие....
Здраво мајки, Можеби прашањето не ми е за оваа тема, сепак добро би ми дошол некој совет и искуство од вас. Малата ми е 18 месеци и пред некое време почнаа да и се појавуваат темни влакненца по бутините накај газето и на рацете од лактот до рамењата. Бевме на лекар, крвна слика направивме, рекоа дека се е во ред, дека е можно некој во семејството да имал повеќе влакна по телото па дека е можеби поради тоа. Сега гледам и се појавија нови темни влакна над колената и баш се остри. Не знам дали ќе исчезнат по одредено време или уште ќе излегуваат нови. Секој совет е добредојден.
Мајки синко беше настинат, и сеуште се опоравува, слушам дека има секрет кога цица и кога спие... капак и 3ките ги извади сите во исто време Забележав пред некој ден му потекле лимфните јазли на вратот од двете страни. Да не има некој искуство, претпоставувам се повлекуваат сами кога ќе пројде вирусот... и дали е можно заради запчињата да се имаат зголемено? 13 месеци
мајки денес правиме 13 месеци.. неколку дена незнам што се случува,детево седи до 1 саат навечер несака да спие,во 00h како уклучена во струја,игра, пее, трча,се молиме да заспие.. Може ли регресија на спиење покасно да ја фати? бидејки знам дека е на 12месеци преку ден си спие убаво исто секој ден,но навечер е диско... кога јас ќе се наспијам во животов навистина незнам
Најнормано е да не сака да јаде кога има Т и така и треба да биде. Немој да форсираш, најбитно е течности да внесува, вода, сок, чај. Тоа ќе нудиш по цел ден. А за јадење ќе чекаш додека се симне Т и му дојде апетит. Никој нема апетит кога има Т па дури ни ние визрасните. Затоа не се секирај. Само течности и се ќе биде во ред. Со помин
Провери хормони на крвна слика, може има некој дисбаланс и според тоа ќе ви дадат одредена терапија, а и не мора да значи дека има нешто,на обична крвна слика не се гледа тоа, барај посебни работи хормонални да ви дадат да проверите.
Дали го слушаа на гради, чист е? Ако е се во ред, а хрчи, тоа ќе помине само по себе, давај му вода, сок или чај, што пие, ако цица често на града го ставај, за да се разводнат шлајмовите и ќе ги исфрли лека полека, треба време оти се мали и не знаат како да ги искашлат.
Јас и ставав на мојата чепче за помала килажа и и помагаше пошто требаше или 2 третини од тоа за поголема или од ова за помала 1 ипол чепче и и спупташе од 40 на 37 со 7.... Ама различно е од едно до друго дете а и од што го мачи.... Инаку јас давав ефералган чепче па после 4 саати туш па 1 саат па блокмакс па 4 саати па ракија разводнета масажа па 1 саат па далерон па се во круг и измегу и чорапчиња со оцет дур спие.... Свашта Колку дремки имате ако се уште 2 можда е време за премин кон една
некогаш една дремка некогаш две,мислиш до тоа е? да вчера имаше две дремки од по 1 час...ама последната дремка беше од 4 до 5 часот попладне...зар до 1 по полноќ ја држи хммм можно е