Прашањето ми беше не кога доживува напади на бес туку што во моменти кога упорно прави нешто што е опасно по неговото здравје, качување на столици, маса, од кревет на прозор па да игра со ролетните, играње со светилките уклучи исклучи… имам челични нерви ама таа негова упорност во намерата ме вади од такт, со полека зборување џабе, со дерење па ич
Кај моиве ништо не помага,си тераат по свое.Јас само зворувам,зборувамм....јас ја слегувам таа се качува и така во круг.
Детето пика прсти во уста уште од 4 месеци, а на 6 ипол му искочи првото запче.Сега има 13 ипол месеци а на 12ипол му искачаа четворките и прв пат имаше температура во животот негов.Со ниеден заб немал ни температура ни ништо најнормално си ги вадеше забите.Со многу стоматолози правев муабет и сите ми рекоа дека од самиот притисок на забот врз непцето да пробие се крева температура и таа не е поврзана со никаков вирус или бактерија
Сите деца ќе вадеа заби со температура, од прв до последен, и за секој поединечен заб, не само млечен, дури и за трајните, по оваа логика на колегите што ви кажале така. А како што реков, никаде во стручната литература покачената телесна температура не е поврзана со вадење заби, туку со инфект. Ама ако ти е полесно да веруваш дека покачена тт е од заби, слободно. Но тоа нема да го смени фактот дека причината за температурата е инфект.
Ќерка ми во животот не кренала температура при вадење заби. Може случајно да се погоди да никне запче за време на вирус.
Кај нас тт помина , осипот е скоро готов. Е сега, вечерва заприметив дека курето му мириса лошо и е црвено главчето на долната страна. Што инфекција сега има закачено, појма немам....Дали имате искуство со ова? Таман реков помина се'.... И пак нешто друго ќе излези...
Не имало доста ; не знам значи ќе полудам при крај сум и јас со нерви ;не можам ништо да направам ;не знам како стасуват другите мајки да направат ручек да средат низ дома ; да се нашминкат за излегување; цело време иди околу мене бара во раце да го земам; кога ќе ме види на секои 5 минути бара да цица му е страв да не заминам некаде;ми ги носи неговите сандалки да му ги облечам за надвор да одиме ;моите влечки ми ги носи ; пробува сам да отклучи врата; ако не е по негово ја удира главата од ѕид; се качува сам на прозор .... За јадење исто борба е; не знам што ќе правиме вака...
Лелеее со лепакот исто, скроз по цел ден по мене, ми се лепи за нога и не ме пуша додека не ја земам, оди по мене,ме бара по собите и дига раце да ја земам. Па ќе ми дигне блуза да цица. И јас ништо не можам да фатам дома, ем тука е и брат и, ми помага и он ама она никој нејќе само мене. Така и надвор кога сме излезени само со мене ме фаќа за рака и одиме каде она сака. Ќути. Ептен е пајавица, не се одлепува никако. Среќа маж ми ми помага по дома кога е слободен, инакуу
Мајки здраво Ме снема малку оти ме исплашија малку со бременоста, па правев нифти тест и така малку се исклучив од светов, ама ве читам сите позадински Малиов премина од две дремки на една дремка и тек сега ми ја вади душата. Спие час и пол, максимум два од 12 до 1 и нешто и до 9 вечер нема застанување! Качување по трпезариска маса, растурање на фиоки, на секои 5 мин отвора фрижидер и њам њам, како да е најгладен на светот и ред други глупости. Колку часа преку ден спијат вашите на околу 18 месеци?
Вчера пробав да го ставам сам да спие во креветче. Цела ноќ беше вознемирен иако го земав пак до мене. АМ се научил да вика, се буди во сред ноќ и ам. Најчесто кога е жеден вика така, ама кога си спие со мене или ич не се буди, или еднаш. Ќе спиеме заедно до прво одделение . Збеснат е и мојов, јас го познавам и му го знам чарето, ама немам живци и време секогаш да решавам све без плачки. А татко му ме кара многу сум му дозволувала. Некогаш го оставам тој да проба да го де-размази, ми го враќа цел измрсулавен, улипан и се дере МАМА.
Мојата ке прави 19 и знае да истера и 3 саати ама сме со една дремка од 13 месеци и на почетокот беше едвај 1 саат па саат и 15 мин и така сама си наголемуваше постепено.... А за бесно не ми збори сегде да се качи се да види се да пипне па ако може и во уста да стави и њам њам мислиш којзнае колку време не јадела а после не јаде до толку колку што само сака да бара нешто
Не за џабе се рекло мама увек зна најбоље и баш убаво викаш и го џнам чарето ама не секогаш сум распочожена да одвлекувам внимание и да ја пренасочувам нејзината енергија
2 ипол до 3 часа само една дремка имаме.. Стануваме во 8 часот а преспива околу 14 и 30 до 16 :30 или 17 часот..