Мајки куоивме нови патичиња бидеќи старите ни се смалија.. Малото е 14мес и еве еден месец оди самостојно но сееуште нема цврстина на телоото.. Па со новиве се засопнува.. Дали му тежат,дали треба да свикне ногаата и даа ги разгазе. Кај вас како е со новите кога ги земате? И друго прашање колку време ббеше потребно даа сее уцврстат така да имаат повеќе стабилност.. Дома оди го пуштам само, ннадвоор нне смеам..
Секое дете различно време му треба. Зошто да не смееш надвор ? Пушти го во трева, што повеќе оди трча тоа побрзо ќе се зајакни. Секако ке си трчаш и ти по него. Иначе на син ми кога му купувам нови се дешава да се сопни. Ама се дешаваше и да му се крути да не ги сака. Значи тоа ти треба да процениш,нека ги поноси па види
Ние На трева го пуштам, трчка, оди, паѓа, че стани... Мислев наа патот не смеам... Иначе меки се вака flexible се баш. Се виткаат.. Тој уште ја нема цврстината добиено на телото и така го засопнувааат малку нз и јјас
Он една нед после род така почна со чекори, јас да го пуштам и да направи, после две нед некаде се научи да станува сам, и тоа некаде до полни 13 го вежбаше, стани тргни падни.. И еве ж три ннедели некаде како се пушти да оди саамо... Значи еден месец му требаше од чекори до одење.. И сега да се уцврссте поубаво сиг че треба уште месец, два
Нови патики правилно купени се чудни додека се навикнат, затоа се засопува. Стабилност очекувај за еден месец одприлика. Ама тој процес ке трае подолго, ке видиш како од месец во месец ке е постабилен. Ни јас надвор не го пуштав, шетавме со количка. Кога стана стабилен почнав во природа само да го носам. На асфалт не.
Да ти реплицирам пак, го имам упатството од мрп на Мерк и пишува дека може да се стави со ист ден со превенар и хепатит вакцините. Така да, според ова две недели се сосема во ред.
Незнам дали е рано за вадење 3ки,но на ќерка ми прстите и се се во уста и сламката од кафе си ја става на местото за 3ките премногубе нервозна.имаме 12 заби периодот се става во уста ,ништо не ставаше додека не почна сама да јаде. Инаку за јадење јаде со нас,само наутро не сака ништо освен јогурт
@Chuchanov @WonderGuurl Ние сме скоро 17 месеци и имаме 12 запчиња од кои двојките и единиците мислам дека ги вадеше потешко од другите. Еве ја цела недела со затнато и растечено носе но од вчера почна со температура утрото 37.2 , кенкава, плаче на моменти, ноќеска имаше 38 температура. Дали е можно некои запчиња да излегуваат или пак некој вирус не фаќа? Неможам да видам ,не дава
Погоре имаше цела дискусија за ова долга и широка. 37.2 не е температура немој да се секираш, кемкава може да е и ако и растат забчиња. Ако крене повисока трмпература посети педијатар,ма да што мојот не прифаќа лечење за трмпература под 38.6. 2 годинки ќе напрсвиме уште малце, антибиотик не сме зеле. Следи ја, ако сметаш дека е запче давај и да грицка нешто разладено или мачкај со гелче, ќе помине Едит : прскај солена вода и ваѓај со аспиратор има и спрејче со диво оригано и тоа е добро. Син ми недела и пол сега беше со растечено носе и кашлаше суво. Му помина со солена вода и мнооогу чај со лимон и мед
Баш затоа и се вклучив во дискусијата. Знам дека тоа не се смета за висока температура но ноќеска беше 38 и после некое време спушти само со вински оцет и мокрев чорапчиња. И мојата матична до 38.5 ми вика да се воздржувам да не давам сирупи. Ваква беше кога вадеше запчиња ,да се надеваме дека е тоа .... Цело лето глава не кренавме од растечено носе и вируси...
Самото вадење заби не е поврзано со температура, но имунитетот во устата паѓа кога се отвора непцето за да пробие запче. Така што е отворена врата за вируси и бактерии. Кај син ми се јавуваше и зарипнат глас кога излегуваше запче (веројатно од почесто плачење се дразнат гласните жици) Кога има температура го следам како ја поднесува,на 38.3 сум дала парацетамол зашто го гледам скроз малаксан. Битно е носето да е продорно, да може да диши. (Многу пати во ден прскај солен раствор-без конзерванси, а ако ептен не бива и капки за носе соодветни за возраста).
Се трудам да биде чисто и чистиме нон стоп со спреј и пумпа. Не гледам непцата да се набабрени освен тројките како малку бели топчиња да има ситни.
На син ми пред една недела му беше фатен гласот, ни на крај памет не ми дојде ова. Мислев се разболува. Му раснат горе тројките, а доле двојките уште не се потечени. Ги има долните кецови и горните кецови и двојки. Гледам на вашите различно им раснат. Има ли некое правило?
Ете кај него тоа беше како пропратен симптом, и јас прво мислев дека ќе настинува или не дај Боже ларингит, ама за ден два проаѓаше само, штом излезеше запче. Инаку одеа кецови, двојки, четворки и тројки малтене одеднаш излегоа. Не знам дали може отстапки од овој редослед. Од помош беа замрзнати крпчиња да гризе, озанит глобули, дентинокс гел, и доста добра се покажа онаа четката за глодање од дм, сам си ја мести каде треба и ја џвака. На неколку наврати премачкував парацетамол, дете замижуваше од болка и се удираше со рачето по уста кога искачаа 3ките