Јас гледам кај тројките потечено, а кај четворките не дава, одма прета и со раце и нозе ама мислам не се тргнати четворките. Исто ладно му давам, а од геловите ништо. А долните двојки со горните ви излегоа? Се чудам зашто ги нема, буквално никаков знак.
На моето дете прво 2 кеца горе, па 2 доле, 2 доле двојки, па 2 горе, па 2 четворки горе и последен 1 четворка доле.Како пример да ја земам внука ми сите измешано растеа кецови па четворки па двојки па тројки… на секое дете различно му растат. На другарка ми сите заби до петка и израснаа до 16 месеци
На син ми 10++ и доле и горе 3ките му се набабрени изгледа нема правило со забите. Има горе доле кецови и двојки...за многу плачење ми кажаа далерон ама не сум дала се смири иначе навечер се будеше на 20мин
Нас прво ји излегоа долните кецови па горните, долни двојки, па горна двојка, па четворки и горе и доле па тогаш другата двојка. Сега мислам дека и одат тројките или пак незнам кои се на ред други . Колку треба вкупно запчиња да излезат ?
Кецови, двојки, четворки, тројки па петки. Но нема правило секое детенце различно вади со различен редослед.
Нема правило, секое дете си е своја приказна.. На моето му израснаа прво доле 1 па горе 1 после доле само една 2 па горе двете 2 и посче наеднаш сите 4ки и 2 доле а сега гледам сите 3ки му излегуваат наеднаш итоа доле веќе малку врвчето се гледа а горе потечени му се кај и да е ќе излезат
Ти благодарам, баш размислував дали да и ја ставам за две недели или да почекам два месеци.. Докторките ми кажаа слободно може и за недела дена, така да јас две недели ќе си почекам, до први септември мора да ја ставиме за вградинка Дали има некој скок 14м прави за некој ден, не се трпи ни дење ни ноќе лудило е, нерви губам, не сакам да ме гледа ваква..
Иста ситуација и кај мојот. Долу има само кецови, горе кецови и двојки. На долната виличка има и едно четворче. Прејако е, ко мастиче му изгледа. 7 запчиња на 17 месеци, кога ги читам другиве мајки на овие месеци со 15-16 запчиња... ехе нивните си велам и мевце можат да кинат. Мојов на 3 месеци по еден заб вади. Четворката прилично лесно излезе, знаеше да ја трие на местото со што најде, ама издржливо беше.
Јјас баш читав.. Нз даачи е чиста случајност па бевме настинати извади заапче... Кр.слика супер... Еден ден и нок тт 38-38,6..вечерта крена 39... Ставив наа два пати чепче и туширање. Др ден немаше тт и го извади запчето 4та.. Можеби така се погоди настина и заб иззлезе нз неми се верува мене висока тт од зааби што знам.. Меѓу врееме го фаати проливче..
Јас незнам што и стана на мојава . Цело време е кенкава и денеска кога стана од спиење имаше пак 37.8 после тоа нема, 36.8 еве цело време. Сега не ја туширав не ми даде ,цица и заспива но осеќам дека пак ќе крене. Освен носе што тече друго не гледам зошто е ваква.
Кај нас малку хаос. Скок+ дојдовме во мкд+ најверојатно заби. Не ми спие преку ден. Со навечер плаче, не може да продолжи, го носам во дневна и обично презаспива в раце. Пред ден два првпат ми се случи да стане во 1:30 ноќта и да биде буден до 3:00
Луѓе, детево денес двапати пред да кака ме погледна ми рече "мала кака" и после минута време какаше. Сега сум на гости кај свекрвата, за 2 недели одам дома. Нема да да биде касно за одвикнување од памперс? Веќе некое време мислам дека е спремен. И откога ќе си отидам дома, имаме 20 дена, и после одиме на Одмор.
ludo i nezaboravno.haa haos ligavenje vikanje crkanje pa i zabi vadese placenje vo sred nok.Ama toa sepak bese nisto vo sporedba na sega drmanje na najako.
@Jana06 Мислам дека нема некое строго правило, ама во најголем дел од случаите по тој редослед никнуваат. @PoisonGirl еве, сет од две четки една за глодање, една за миење запчиња Кај синко доста болно излегуваат, и буквално 9 месеци константно вадење заби без пауза, за на 13 месеци да има 16 запчиња излезени. Очигледно нема правила, бидејќи 3ки во глобала се очекуваат тек после 16-17м. Мислам дека како растат и прагот на толеранција за болка е повисок па полесно го минуваат овој процес... Како и да е, кај сите дечиња да се редат бисерчиња и со лесно
Ве читав за температурата. Еве цел ден одеше,играше ништо не јаде освен цицање и јогурт почна носот да и тече и кај 20 часот 37.8 ја истуширав ја намачкав ациди борици слимна. Заспа пред пола саат пак жешка во главата и залепив антипиреа и на крпче ациди борици . Утре имаме закажено преглед во Ремедика но ќе го одложам патот е долг и не ми се ризикува со настинато дете
Колку време отприлика им треба на 14 месечни бебиња да се адаптираат во градинка? Трети ден денес и утре пак ќе биде само 2ч. Многу плачел. Мене одморот ми одминува, мора да седи повеќе Негователката ми рече, мал е, уште не е спремен да седи подолго и плаче ама ако сум немала опција тогаш да го оставам. Ама греота е, кога знам дека плаче.... Ете и го сликале денес, цел црвен е во очињата.