Во сон.Ќе ја заспиев нишајки и со пуштен инхалатор(гласен е многу)и кога ќе заспиеше ја инхалирав. Ме врати на многу мачен и тежок период. Нека е со помин.
Да по еден филџан некогаш кога ке се запне да пие кафе. Со несквик. Дадов после 18 20 месеци. Инаку уште цица.
Ставам и јас маска и вдишувам издишувам гласно со гримаси, глупирање и се смее и тој, ме имитира. За кратко здосадува, па пуштам цртани, после татко му се глупира...Па на прозор види го мачето, види го кучето. Пробај со чепчиња, побрзо ја симнува температурата и подолго издржуваше моето да не качи пак. Јас давам понекогаш, секако пие 50мл на 2-3 дена и тоа ако го види татко му и се стрви. Или ако му направам млеко со неколку бисквити и мед. Не ми се исплати цела кутија ад, а и не сака да го мирисне.
Ај тука сте поактивни. Малата ми е со антибиотик, чепчиња и ред други работи за прв пат. Прашањето ми е дали покривате со тенка тетра кога се борите со температура? Веднаш до креветче и е прозорецот на кипање. Спие по кимоно и гаќички. Мажот ми вика ќе измрзне
Кога е топол со ништо не покривам. Гледам што порасоблечен да е за да може да се излади. Дури го носев на тераса само по памперс во 3h ноќта. Ако му се ладни рацете и нозете значи качува температура и тогаш може чорапи да му ставам или да го покријам со нешто. Стварно е тешко да процениш во таква ситуација што е најпаметно ама така правев и добро испадна. Не е страшно да ја загрееш кога и е ладно ама да е топла и плус да ја покриеш кај нас излезе многу лоша одлука.
И син ми пред месец и пол беше за прв пат со температура и беше целосно разголен. Нема да измрзне немај гајле. Само по боди спиеше и со тетра покриен. Зависи и во собата колку е температурата дали пуштате клима итн. Најбитно е да е разголена во памучно и да не ја загревате дополнително.
Така и мислев, ваљда нема поента да смалуваме и пак да покривам. Фала женски. Покрај маката и две 3ки излегоа.
И нас само ова ни успева до сега. Само тогаш нема сила да се бори со нас и дише. Инаку се пробавме и ние инхалираме и кукли. Го тегне у иста секунда цревото да 'не спаси сите'. Телефон ми фрла и пск го влече цревето мајмун. А ми направи опструкцијаа, мора да се инхалира.
Ќе се навикне дека не е страшно и не е болно.Деца се мајка и мојата имаше неколку пати опструкции, само инхалациите помогнаа.Се е нормално тоа за дете кое оди во градинка.На почетокот исто и мојата не сакаше се плашеше, теглеше цревото, ќе ми го истуреше растворот, рикање плакање.Знаеш колку пати сум ги пцувала научниците.Како измислиле физиолошки за бебе од 2 години .Оди додржи го 5 мин да те видам. Тешко беше, со лажења со тактики само.Сега ми текна исто пробај да му го дадеш сам да си го држи.Кај мене така успеваше еден период . Ќе помине периодот само трпение.
Здраво 25 месеци сме малиот последниов период многу почна да ми ги пребира јадењата. Доста јадња што си ги јадеше нејќе ни да ги види едноставно како да ми ги одјаде. Во секое време би каснал кисело млеко или јогурт, со геврек, овесни, пченкарни, со палента..тоа обаврзно другото слабо..и тие омилени јадења што му беа веќе не ги ни помирисува.. кажете некој совет или искуство како моето... Не знам дали е добро к.млеко и јогурт и колку би бил еден внес за еден ден... За благо млеко земаме домашно, (после 18м кога ми се одби) но кога немам тетрапак давам... дали и за тоа сум грешка..благо воопшто не ми сака едино чоколино и некое пудингче на хумана или нестле... не знам веќе што да му готвам..
Пак јас. Трет ден со температура и болно грло, од бактериска инфекција. Денес приметив две афти на јазичето. Што да ставам? Борба е и за сируп и за пробиотик, нема да ме остај да прскам нешто. Ексик веќе.
Син ми исто има надворешни афти ли се ,херпеси ли се исто од температура,педијатарот ни рече дентинох кремот да го мачкаме или нешто на база на прополис искрено ич не помогна, и после 12 дена ги има мислам спас дека нема. Во аптека ми дадоа витамин ц и б комплекс да пие да му се ојача имунитетот. Ако најдеш чаре баш пиши.