Ни понатаму нема да биде полесно. После 4 5 години ке можеш да здивнеш. Синко е е години и палав е за 2 деца. Првите месеци грчеви, па заби, нејадење, лазење, проодување, скокови, регресии, сега тантруми. Дури сега е понапорно кога ке вратам филм.
На мојов се му се гледаат авиони. Покажува кон небото и вика јон јон. Се фали дека научил збор. И името почна да си го кажува, ама по негово. Кажува 3 букви што се состојат во името испревртени . Луѓее многу станува детево своеглаво, дури сега почнувам да се преиспитувам да не правам нешто погрешно. Мм ми вика јас сум крива, се сум му дозволувала. Му дозволувам тоа што условите дозволуваат, ама проблемот е што сака се да прави и кога не може. Пример, во школскиот двор каде што си игра го пуштам сам да истражува, трча, не го држам за рака. Сака истото да го прави и по улица кај што има коли. Прееска не сакаше дома да си оди, урла се тегне, а јас дури количка буткам. Циркуз сме. Јас стварно не сакам да бидам од тие мајки што не им дозволуваат ништо на децата и сметам дека нема причина да бидам таква, ама моево никако не разбира дека кога ќе се симне од кола треба да се качи во количка или рака да ми даде да одиме кај што сме тргнале. Сака цел паркинг да го прошета и уште 100 работи што ќе му текнат. Па цело време гледам разбрани деца, стварно веќе мислам дека нешто погрешно правам
Скоро сите деца така прават. И сите имаме чувство дека само нашето е такво. И син ми исто прави. Сега е во фаза на Не, нејќе и оди убеди го дека нешто не е избор туку мора да го направи (пример да облече патики кога излегуваме надвор). Знаеш колку пати го имам спакувано од лулашки во раце додека плаче зошто стои на скали и не мрда и не дава никое друго дете да помине? Збориш 20 мин и не не бе, он упорно стои и горд 'ја тука', а позади него 5 други деца плачат зошто не може да се качат. И ајде во раце да го тргнам, мислам дека мора да научи дека не може да прави баш како што он намислил и 10 други деца да се прилагодат на него.
Не сум била единствена со неразбрано дете. Јас кога гледам деца си држат родители за рака или сами одат, чекор пред нив. Моево гледа под око дали гледаме и чека момент да запали патики да побегне. И ја ја ја сам ке одел рака никако. Брз е душата да ти излезе. Сега и сам бара да јаде. Сабајлево супа јадеше сам, доста успешно мора да кажам. Повеќе беше фиде и супер ги полнеше лажиците. Да дополнам вчера се дереше на цел глас да го земе новчаникот на татко му, ама почна да плаче затоа што му ги извади парите и картичките.
Тотално исти ни се децава. Не застанува, буквално. И јас се чудам како комшиските деца се шетаат за рака, си седат во количка.. Имам пишувано. Кога излегyваме од кола он е спремен во истата милисекунда да почне да трча некаде. И апсолутно не внимава каде оди. Некогаш трча и гледа во мене или гледа во дрвата. Го однесов еднаш на еден час по уметност демек рана едукација, луѓе не седна. Другите пет дечиња си седеа и си работеа, а слична возраст. Он секаде да чепне, сите шкафчиња да ги отвори. И мислам дека не учи од грешките. Ако се удри некаде, не му текнува да престане. Единствено среќа што со татко му сме на исто, ама до каде се границите на “да прави што сака”? Ок, за некои ствари имам приметено дека по некое време прави како што сум му кажувала, ама не е еднаш или двапати туку со недели. На пример цвеќињата во парк не му дозволувам никогаш да ги кине. На почеток се разбира посегнуваше, и тоа траеше долго. Помина повеќе од месец, два, кога забележав дека оди само и ги допира цвекињата. За сѐ ли ќе чекаме со месеци? Еве вода уште плука. Ќе се напие две три голтки и после плука, си прави балончиња, истура, го фрла шишето. И надвор кога сме. И јас на секое мантрам, кога нема да сака веќе да пие да ми го даде шишето. Епа до кога?
Мене ме интересира дали девојчињата се помирни од машките? Бевме пред некој ден кај пријатели на гости, девојчево бубачка. Мојов кога се растрча, де ваму де таму, ова проба да оди по него ама не може да го стигне, па се откажа и само го гледаше што прави Па ќе му текне да ја брка, ама таа не знае да бега, па отвара затвора врата, ѕе и' прави јас патрола изигрував И на крај се удри во раб од ѕид, кога помодре, потече... додека го смирив, се спакувавме и право дома Не можам да го довардам, дома си го знае теренот па е посигурен ама надвор или на гости кога ќе се растрча леле мајко... Сега е во фаза кога повтара по нас, зборчиња и постапки Кажува само по неколку букви од зборчето, и си брмчи по негово цел ден
Да се надоврзам и јас, од кога е заоден рака не дава ниту мене ниту на роднини и коментари лелее колку е див, за терање не знае кај тера само да е на асвалт, место да се растрча в двор лупа по портата да излезе на улица, ако шетаме в парк место по тревата тој врвулица на улица, на гости веќе не го ни носам зошто копа по цвеќињата, отвара врати, фрижидер, лупа по телевизорот, ако има колачиња со рацете на брзина ќе ги распрета летаат на сите страни, колку повеќе се противам и одам по него толку поголем отпор дава, знае дека не треба ме погледнува се смее и продолжува, и коментри од типот ќотекот е од рајот, а стварно не сакам и нема да кренам рака на дете
Не, не мора да значи дека е поактивен оти е машко. Нашиот син е мирен. Едноставно такво си е детето. Пред некое време бевме во мкд, и одевме често кај сестрата на свекрвата. Таа во дворот ќе му постоелеше кебенце и ќе се фрлаше таму, ќе си лежи, ќе се тркала. Или ќе земе два сапуни и ќе ги носи, ќе ги намести на некое столче, ќе ги лула. Многу мирно си игра.
Син ми како расте така се смирува. Во смисла сака да трча секаде и да влегува по сите дворови, сака да оди на улица кај што има коли. Наместо да се шета по улицата тој трча низ паркот и слично. Ама сега не секогаш но често за се што ќе посегне застанува и бара на некој начин дозвола. Ако му кажам не, седнува и ќе почне да плаче со сила но сепак нема да продолжи ако му кажам да ајде оди, продолжува по негово среќен. Вчера пример сакаше да влезе во тревникот на комшиите ,и знае дека не смее и застана пред него и почна да кемка и да ме гледа и му кажав оди мама никој нема да те кара и отиде. Мн ми е смешен како големо човече е ,ми се чини вчера беше бебе а еве за брзо 2 годинки ќе прави. Си се заигрува сам се повеќе и повеќе, трча со децата како тие така и тој. Неделава фаворит збор ни е НЕ, и за се што не сака вика нееее не неее. НЕ! Најсладок збор од сите морам да одвојам ми е - саурус (за диносаурус) Го научив да дува па се надевам ќе си ја дувне свеќичката за роденденот @MilaSs12 се чудам кога ќе ми кажат дека децата им јадат супа. Мојот се гади, не сака да види супи и течни манџи. Со лајче јаде сладолед ,пире, и цврсти ствари, се подобро и подобро му оди.
Мојот од околу 20 месеци почна да се бунтува дека не сака да седи во количка. И најдовме тактика, му давав лижавче ако сакав да седи во количка, а јас набрзина да завршам некоја работа ,а да не трчам по него. Имав некои 30мин мир Инаку кога ќе решеше да излезе,вадеше појаси ,знаеше и скроз на нозе да се исправи и после како куче од ланец пуштено трчаше, како во кафез да го чуваме дома Во последниве неколку недели многу ретко користиме количка и на мое големо изненадување почнавме да се шетаме фатени за рака ( на 22+м). Вчера една пријателка ме "израдува " дека шетањето за рака била фаза што кратко траела кај нив
И ние сме мирни, не е лошо дете засега.. Оди, трча, скока, игра не застанува ни една секунда ама мирно е..знае што значи НЕ и толку еднаш кажувам.. Ама другите мајки што пишааат вака дртево така детеето.. Сметам тоа се нормални фази и ннас че не стигне.. За зборување зборува има +20..30 збороови со значење, гестови, мимики, имитирање тоа е плус.. Секој ден нов збор.. Со деца исто сака да си игра.. Имам едно врсниче комшивче и цело време оди сака да и даде нешто и вика Нааа ( демек земи) оваа е своеглава мжне ја интересира.. Сама оди и си кажува по нејзино...така да сметам секое дете различно.. Има и машки пллоши има и женски.. Ама некои фази како прпелање, тантруми сметам сите чее ги поминиме
Во комшиите имаме другарче скоро на иста возраст. Исто кога беше мало беше бубаче а сега е збеснато, мојов обратно за сега па ќе видиме за понатаму се надевам ќе стане ептен умен и послушен хаха сега ми е полесно да разберам што сака што бара и тој разбира дека карање е негативно па ја слуша мама по често
Мајки, помош! Потпарено газе, пишти вришти. Што да правам? Ова од вечерва е...мачкав павлов.од сликата, ама како вода имаше низ неа. А има рок..чаре??
Измивај со вода со сода или камилица. Мачкај крема со цинк, можеш Судокрем. Убаво избриши после миење,колку можеш држи го без пелена