@lavinija28 мене мн ми поможи одмивање со камилица, држење без пелена и мачкање со веледа кремата со цинк. Ама ти зборувам за ептен попарено газе дури пљуски имаше.
@Enci201 @prinstongirl2 Не, не мислев на мирно наспроти лошо дете. Не знам на оваа возраст 14 ипол месеци дали и може да се прави таква поделба. Лоши деца нема, само мора да се постават граници благовремено. Синко знае да си се заигра, но се' е на брзање и хектично. Едноставно приметив дечиња кои се посталожени, помалку активни, играат седејќи и попасивно, ете што велиш ќе си лежи на ќебенце и сл Палавко е, не знае за седнување, постојано мора да е во акција. Сеуште не сме се нашле во ситуација да треба нешто ептен да забранувам. Дома е прилагодено за него, со запечатени фиоки и шкафчиња, без предмети на дофат кои не се за него па може слободно да се движи. Ах, да повторував многу пати дека не треба да се кинат цвеќињата, па сега само проаѓа покрај саксиите и може да ги погали
Пробај со веледа кремата за пеленска регија многу е добра, јас секое сабајле и вечер го мачкам по препорака на педијатар, а во текот на денот со бекутан павловичевата со невен што е и сме немале проблем до сега.
За црвено газе и јас мислам само одмивање, да не седи влажно и крема со цинк, а не мрсна. Барем на нас ова ни помага. Да се надоврзам на муабетот, не сметам дека детето ми е лошо, туку е стварно хиперактивен, и љубопитен. Сака книги, тоа му задржува највеќе внимание, ако работиме некоја активност максимум е фокусиран 5 минути; е сега тоа што кога е оставен сам или кога сме надвор, е како избеган од зоолошка, тоа е друго. Ама не мислам дека е немирен или лош. Само тешко му е да запре. Еве моментално цица пред спиење а со рака околу нас мавта со пластично столче.
Оф дојдов да се пожалам кога сите како copy paste да биле За се треба да се надмудрувам цаки да наоѓам.....се уморив устата некогаш мидлам пена дека ми фаќа од зборење... Ако запне дека сака сама да јаде оди објасни се дека не може па кога јадењето дозволува и и давам сама да јаде и реално така повеќе изедува..... Денес не сакаше да спие на пладне и еве ја тек сега заспа од 7 и 30 сабајле будна а од 12 капната за сон ама душа не дава "од спиење нема спомени" Запната е со тоа не не не о да тера инает страшна работа..... Пратам на инста за здраво воспитување профили и мајки кои сп добар збор си ги воспитуваат децата ама има денови кога си велам дека од многу памет грешам..... Дека за нас се знаело ако прави погрешно плесни го.... Јас одам по другиот пат со вербално укажување и стварно се трудам ама денес дојдов до точка на вриење..... Немам помош од никој сем мми.... Свеки само ручек што прави за нас за малата јас готвам и стварно ако не преспие преку ден јас немам одмор.... Игра пее се нај ама сето тоа бара будни 4 очи за да детево е читаво и уште да не спие :/ среќа се погоди недела па и мм е дома.... И од градинка мислам подобро нема таму има активности интересно е повеке ке се измори него ли со мене секој ден ист по default.....стварно ја обожавам нејзината енергичност и за 10 мирни не би ја менувала ама тоа си носи следовање како на пример мајка со 59 кг која веќе и број S и е лабав :/
Ее тука си во право.. Иако можеби и гени де во прашање..кај мојот син е така негстивно е тоа што на деца се пре ппрее радува и ко че ги види викка по нив детеееее.. И ги фаќа за коса и кубе.. Од радост е тоа.. И се викам не не не.. Амс не разбира... Дури и еднаш една мајка вика леллеле твоето детее куби. Е каај го научивте така.. Викам ете цела недела го учев дено ноќие.. И викамконеечно вроди со плод почна да куби.. И само ме погледнљ.... Ама ептен се иритирам ко че ги споредуваат и кога давааат негативни коментари околу нечии деца...
Мајки совет....пред негде два месеци прв пат ни се случи да си запие убаво и послем неколку саати се развуди со плачење ама зајде од плачење некој саат време. Од што плачеше толку дури воздух неможеше да земе едвај го смирив. Од тогаш уште три пати исто ми се случи и баш еве сега последно супер си заспа и пак послем саат време се разбуди со плачење ко да се исплашил нешто и пак едвај го смирив. Дали некоја има искуство со ваква ситуација ? Од што би можело тоа да му се случува ептен сум во паника жално ми е да го гледам како плаче а неможе да се смири
@WonderGuurl едно големо НЕ се шалам до дете е нема врска машко женско. Ох од кај да почнам да си го "фалам" детето Сега имате проблеми со колички? Ехее повеке од пола година оди пешки ма какви точаци чуда,и тоа оди квалитетно. Многу имам пишувано за тоа колку активно дете имам плус е не спијач. Колку и да е бесно се трпи коа спие два часа оди издржи со дете шо има дремка од пола саат плус се буди по милион пати во текот на ноќта. Ке почне да спие ваљда до прво одд? Секој со маката Има тантруми има трескање од земја ама од кога почна да зборува е многу полесно. Ние смируваме тантруми на ваков начин: се спуштаме на под до неа и викаме да диши длабоко( знае како) прашуваме дали работат ушињата( односно дали не слуша) почнува да и се скренува внимание од трескањето и почнува да се смирува каде и викаме да употреби зборови и да каже шо сака. Не е идеално но многу пати успеавало до сега. Не седнува на газе а не па да игра со играчки. Сака да бои и црта и тоа од многу мала но тоа сето е од нога. Сака слободна игра, трчање, топки, тротинети, сака да истражува да се качува, симнува... Значи само да е во движење. Од друга страна е многу внимателна со деца и ги сака премногу никогаш нема удрено детенце ниту па апнато. Ако некое ја задре ги кара одма А да ке заборавев рака не дава никако
Џабе давам, никаков ефект..од 21ч спие до сега 3 пати се разбуди со плачење. Јас сум кома уште не сум заспала, а и веќе не ни можам...ужас не знам што е ова
Синко веќе 3-4 ноќи по ред се буди со силен плач и врескање по два три пати во текот на ноќта... Можно ли е да е во склоп на 9ти скок? Прочитав кошмари имале и тешко ги обработувале дразбите од претходниот ден... Ептен нагло заплачува, вака не било ни заби кога излегуваа
Наполни годинка...колку и да не ги пратам тие скоковите, немам друго објаснување освен дека е во 8ми скок кој трае долго мислам 4 недели. Ноќеска повраќав од што ме протури...не знам до кога ќе трае ова
Леле луѓе, се ни врати синоќа, и тоа што немал грчеви и што бил мирен. За се наплати. Беше буден од 1 до 4 ноќта, плачење липтање. Сакаше в раце да ми презаспие, исклучиво стоејќи. А мене ми беше лошо, оти оваа фаза трае едно 3 недели. И кога седнував се лутеше и падна во хистерија. Пробуваше неколку пати да заспие и не можеше. Побудалевме и во 4 в раце го зедов и го возевме во кола, заспа, и после дома успеа да продолжи да спие и спиеше врз мене. Како прегазена од воз сум.