Здраво мајки Јас дојдов, за да се пожалам малку . Цуцава моја, не јади ништо, апетит никаков. Ептен убаво почна да јади, но сега, катастрофа, ништо не става во уста, освен млеко. Може ли да ми кажете на 14 месеци како ви изгледа распоредот на оброци преку ден? Колку пати давате млеко и по колку? Се будат ли вашите деца, навечер за млеко? Ако може да ми одговори некој што е на АД.
Ние сме скоро 13м. Околу 7ч станува пие ад 200 мл во 9 доручек 13 ч има ужина 16 ч ручек 19-19.30ч вечера накај 21-21.30 заспива со млеко 200 мл. Навечер се буди по стопати некогаш некогаш само еднаш и никогаш не пие млеко ептен ако многу време го фати да не презаспие па пробам и со млеко ама не е до тоа, некогсш заспива некогсш не. Пребирлив е за храна па кога ќе го изеде ручекот што сум му го спремила славам. Во последно правеше проблем за сите оброци ама сега сме во болница и јаде само тука што ќе ни дадат па и почесто е гладен... Па се изедува со сласт (варени компир и ориз само тоа јаде) дома не скааше да смисли тоа да јаде ќе видиме дома како ќе биде.
Ти благодарам на одговорот . Преку ден, пред заспивање, не му даваш млеко? По колку отприлика му се оброците? Ти посакувам што побргу да се вратите дома, и со зголемен апетит
Тие будења почнаа во скокот, тогаш првпат не задеси таква ситуација. А сега еве вика завршил, а пак знае да се разбуди (само поретко). Ме фаќа за рака, вика јогурт, и мора да идеме на стол во дневна, му давам јогурт и презаспива.
Моето така правеше кога му излегуваше долната 5ка. И јас се извадив од памет ама му помина после 2 недели. Инаку сте збореле за тоа колку се немирни децата. Моето е немирно откако е родено, 2минути не застанува, во последно време одвај му менувам пелена, се врти, плаче некогаш ми е страв да не го повредам додека се влечеме така. Во градинка не знам како го пресоблакаат. Плус ако се изнервира нешто многу гризе... Не се сите машки такви, на золвата е многу мирно, 3 месеци е помал ама разликата е многу голема меѓу нив двајца.. Сакав да прашам исто, каде земавте есенски тренерчиња за децава? Во Ваикики нема ништо. Тила не ми се допаѓаат долниот дел тренерки.... Ми треба барем 10 пара си мислам, 3 за разменка во градинка и 5 за секој ден таму, и плус 2 да има вишок за по дома.... Може и повеќе ама ај дома може да комбинираме и со бодиња...
Исто ми бараше да јаде иако не беше гладна изговор само за да не спие, кај мене не презаспиваше како да и беше потребно да биде будна одредено време. Е сега моето е неспијач од раѓање и во скоковите и регресиите тоа беше дополнително изразено. Ама во регресијата на 8м и 10 скок се надмина себе си. 22м е уште се буди по сто пати. Знае некој колку време излегуваат петките со месеци се мачи дете само две има испаднато?
Преку ден не заспива околу саат саатипол по доручекот, и ппосле ужината.оброците варираат на пример доручек ололу 200 гр јаде ручек јаде околу 150 макс не обожава зеленчук. Вечера кога како ама до 200 макс. Ужина некогсш знам нешто овошје и малку млеко околу 130 мл да дадам ако не сум направила ништо посебно. Ти благодарам.
Дајте помош мајки што децата ви задпиваа цицајки.... Скоро 20 м е малата имаме уште само еден подој пред дневната дремка..... Ама еве веќе 10тина дена се мачи не може да се успие така па кога виси 40 мин на цице и едвај ке задпие кога мора да ја гушкам плус кога цртани а кога и ништо од 3те не важи па како денес еве не спие..... А не е дека не е уморна ете од 6 и 30 станата бевме до 11 и 30 градинка дојде дома јадеше цицаше и не сакаше да спие..... Еве се забавува :/ а кога дпие спие по 2ипол до 3 саати дневна.... Па дајте помош како да ја заспијам а да нема цице или цртани @koritsaki те тагирам пошто ти скоро откажуваше.... Навечер задпива со муабет или песна и ноќните подои ни се веќе 2 месеца скоро откажани
За менувањето памперс и за тоа колку е немирно, исто како за мојава да читам, а ќе кажеш мојава девојче е. Памперс менување ми е ноќна мора. Кога е мажот ми дома тој ја држи, гали, занимава па го менуваме некако. Ама, кога сум самааа, не можам да опишам, абе со све каки, недобришена, станува и лази по креветот, не можеш да ја додржиш. Сум пробала и со добро, и со пискање, и телефон давам да се занимава тоа време, ништо не помага, се тегне, плаче со солзи. После тоа како друго дете да е. Јас си имам мака и со нејадењево. За тоа што е хиперактивна си се помирив, таква си е, моја си е . Ама нејадењево ме убива, уште не можам да се помирам, веќе на ивица на нервен слом сум. Од јадачка бр.1, преку ноќ стана нејадач тешка категорија. И тоа трае веќе повеќе од 4 месеци, и од ден на ден се полошо е. Проверивме и крвна слика, се добро е. Не знам веќе што да се прави. Уффф, ама се распишав, ептен ви се пожалив, белки ќе ми олесни малку .
За дневно спиење и јас не можам да најдам друг начин , па ја успивам се уште во количка. Навечер ќе изгасам секаде светло па така ќе заспие , а за преку ден немам најдено уште друг начин. Ние за неколку месеци ќе тргнеме во градинка е тогаш не знам што ќе се случи со спиењето
Ние веќе одиме ама јс земам пред да ги легнат се мислам од следната недела да ја оставам да, спие па они нека се снаоѓаат
И моето оди (сега септември 2 години ќе полни) ама само со количка успеав да се снајдам јас уште со количка ја изнесувам надвор , не ми дава раче туку трча и такво шетање лезет пробај и така , баш пиши дали ќе успеете
Ние сме 13м Станува во 8:30 До 09:30 - доручек 12:00-ужина 12:30-спиење до 14:00 14:30- ручек 17:00-ужина 17:30- спиење (во последно ми ја отфрла оваа дремка али се мачиме барем до зима да ја има, за покасно да заспива навечер) до 18:30 20:00- вечера 21:30 - млеко 180 и заспива Во 02:30 се буди дали од навика или од глад незнам пробано и со млеко да се успие и со чај и со нишање ништо не помага од 02:30 до 03:30 е буден не станува али плаче се врти цело време Во 06:00 млеко-180мл
Иначе за менување пелени ми беше борба. Али еве месец дена сме префрлени на памперс актив панс (гајкички) уфф големо олеснување и станат кога е на подлога можам да му ја облечам без проблем и многу битно не пропуштат
Блазе си ви кога ви јадат децава. Ние само се молиме. Воглавно на млеко сме. Моли, моли, поминал денот. Тоа е Колку побрзо се помирам, толку подобро за мене, а и за нејзе, дека постојано нешто и нудам.