Искрено све почнав да нудам, и солено и благо . Маслинки уште немам дадено. Како му даваш маслинки? Ги одсолуваш во вода или како што се?
Најдов едни зелени што не се многу солени, во тегла, така му ги давам. Инаку има и несолени се продаваат црни. Моево случајно излезе да ги сака, му дадовме да проба еднаш и од тогаш бара. Ма ма вика, отвара фрижидер за нив . Ама имавме период кога престана да јаде каши како за него, со вегета, сол, нешто да му е вкусно па прифати. Лепче со кремсир или путер пробај. Исто мојов тестенини многу сака, јуфки, тарана. Имам слушано и други деца нејадачи тоа сакаат. Чоколино пробајте.. Мојов тоа секогаш јаде, другото како му е денот
Мојот како проба тарана, цело време ми бара. Се дере насабајле тарана тарана тарана И на сликички нешто да види слично, одма тарана му е во паметот.
Како правите тарана , никогаш досега не сме купувале нити кај мајка нити сега. шпагети и макарони си ги јаде со сласт, да пробам и тарана
Купечка има, во црвено пакување е многу убава. Баба ми правела од секогаш, јас ја обожавам исто од дете. Поубава е од макарони, не е толку тестеста. Ако немаш услови да правиш се продава слично како домашна.
Тарана е како во Грција трахана мислам ако е тоа, ситни ситни топчиња од брашно, јајца и млеко? Има и пченична само. Јас ги имам и двете дома варијанти. Се прави како супа кога правиш, брзо е, 5-10 мин, јас ставам вегета или коцка за супа, кари и куркума, црн пипер, на крај маслинов зејтин и кога сервирам лимон ставам. Исто за сите правам, тука Грците ја јадат и плус со сирење ставаат во чиниите, јас оти не јадам сирење не ставам, а сум пробала, убаво е и со и без, вкусови се тоа, кој како сака.
Мајки има ли некој искуство со меки ребра кај дете и појачана доза на Д витамин од страна на ортопед? Дали се зајакнаа ребрата со поголема доза капки?
Ти благодарам многу, колку сооднос оди вода и тарана? Имам дома домашна сакам деновиве да му приготвам
Да. Кажано на 8 месеци, појачано Д капки после 1 месец контрола рече океј е, ми даде да опипам, односно ми покажа како и рече такви треба да бидат
Супер, домашната е најубава Па јас од око ставам, на малата кога и правам само, во гезве скоро до горе ставам вода и 2 големи полни лажици трахана и зачини што сакаш. 10 минути најмногу и готово е Најбрз ручек и многу ја сака мојата, заедно со палентата, тоа и се 2 највкусни јадења кои ги јаде баш со сласт
@TeddyGrey @Katerina94 да Антоније, преглед на 18 месеци. И јас имам слушнато на многу блиски дека истото им го кажува и баш се замислив, тоа што викате или е честа појава кај децата или на сите исто им се кажува. Вигантол по 6 капки и плус Омега, некако многу не е? Не проверивме Д витамин преку крв за да видиме дали фали.
Кај синко истото го кажа. Три недели па пак да одиме. Кога отидовме кажа пак е е задоволен мора д3 од крв, не може веќе да дава доза од око. Проверивме и беше пониско нивото. Се среди.
Јас ставам од око вода, а околу 100гр тарана. Варам 10 тина мин на не многу силна температура, а потоа ја процедувам од вишокот вода. Мојов ја јаде со крем сир и павлака
Мајки, здраво. Дајте некакви предлози за оброци со жита, дали ви јадат малите? Јас малку ги запоставив житата, и сега ми требаат предлог-намирници.
Здраво мајки. Скоро 15м е детево и два три дена има многу гасови и грчеви.. Ноќва посебно многу лошо ја поминавме со вриштење, тегнење, прдење.. Многу лошо, едвај заспа пред малце. Ново ништо немаме воведено во исхраната. Ад пие две шишиња ноќно време, преку ден не, ама ноќеска ни млеко ни ништо не сакаше да види од болки, само јогуртче малце испи едвај, но ништо не помогна. Што да правам, од бебенце има мака со грчеви, никако комплетно да се спасиме од нив. Како да и помогнам, што да правам, ваши искуства и препораки?