Секако воведи, јас го зимам мојот во 17ч, јаде банана, после тоа руча, па пак овошје јаде, вечера и пие млеко 180мл и во 20:30ч спие
@Enci201 - Ве читав за ноќните станувања поради јогурт и сл. Мојов од кога се одби од цице (сега има годинка и 4месеци а се одби на околу годинка) само вода бара навечер. И тоа како некоја навика, се исправа со кемкање, замижан во очињата и го бара шишето (знае дека до него стои), ми го дава да му отворам капаче и пие и после одма цуцлата и на спиење. Ама понекогаш ова 3,4,5 пати го прави. Се случува цело шише (300мл) да го испие и утрото да треба да му притурам. Дали е гладен, дали е жеден или само навика стана, не знам. Ама некогаш е нервозно....Се чудам дали да не му дадам некој пат , до сега ајде жешко беше можи стварно му требаше, ама жал ми е да го оставам така ) А @0ли баш и јас деновиве реков ја потснема генерацијава позз
Истово го прави веќе 10 месеци откако е одбиен. АМ во сред ноќ бара. Еден краток период престана, сега пак исто. Му давам што да правам, ќе почне да спие ваљда најскоро цела ноќ без будење. Мада јас и ова не го рачунам за будење имајќи во предвид што ми правеше како помал. Ова е премија
Женски, за година и 8 месеца дете Б комплекс може ли да се дава навечер? Или било што друго за опуштање и смирување ?
Б комплекс ви е за апетит, б6 за смирување. Сирупи б комплекс има а за б6 ке прашате во аптека. Читам им фаваат згмечен б6 за возрасни ама дали е тоа во ред не знам.
Го имам купено прашокот . Ако ништо друго со сласт го пие. А резултат за разјадување , имаме преку една ден , јади . И тоа е напредок кај нас
Не ми е за разјадување, сама си спие во креветче, ама проблем е што често се буди и кенка, се нејзе не и е таман. Дали сонува, дали вади заби 3ки, не знам што е работава, еве вчера плачеше на 30-40 мин, како новороденче се однесува. Од средата тргна во градинка, па дали тоа дополнително допринесува не знам. Ама знам дека немам раат.
Едно градинката, друго малку е помала од мојата и ние имавме таков период пред 2 месеца таман си успеал да заспиеш она пак се разбудила па пак шушкај потпевнувај и сл. Па ке дојде во нап лревет и не шутира ние во ќошевите госпогицата на средина испружена и и пројде мислам околу 2 3 недели траеше.... Тој период ја одбив и од ноќни подои ( пошто си викам кога веќе се дере цела ноќ да пројдеме и тоа од еднаш)
Мајки до кога треба да се ограничувам да не давам месо риба јајца во ист ден??? Денес пример во градинка имаат тарана со риба (дали ке јаде ке видиме) а јас имам сварено домашно телешко и мислев да го смелам да и направам ќуфте (значи и јајце) реално сите овие работи ги има пробано ама тука дека имапе напати муабетено на таа тема и во прашалници сум???
Јас после година прекинав да пазам на тие работи. Дали 2 пати ми се има случено да дадам во ист ден ама на пример колку грама риба ќе изеде во градинка? Над 30гр претпоставувам дека не, па затоа не гледам проблем.
Мајки кога ќе ви покаже алергија на некоја храна детето после колку време пробувате повторно дали ќе пројави? Ние сме алергични на риба, итоа на почеток неколку пати не беше, а после пројави и од тогаш му немам дадено.