Кај мене испадна некако лесно...Прво, сам почна да се одбива од ноќниот подој. Кога му давав, се тргаше и си го бараше цуцлето и така заспиваше. Постепено и утринското цицање почна да не го сака. Јас мислам дека немав доволно па му се здосадуваше само да трга на празно. Заспивањето ни е со спремање како преслекување, ставање пижами и јас му викам ајде сега мама одиме да наниме, ја ставаме цуцлата, го легнувам во креветче и се држиме за рака и стапалото ми го става во рака (сака да му го држам така). И ќе заспие. Некогаш доста време се превртува в креветче па дури јас пред него се случува да задремам а се случува да му се здосади од лежење и ќе почни да станува...и ќе појдиме в дневна и обидов за заспивање со лежење се случува и по 3-4 пати да го повториме додека се измори и не му се приспие вистински
@haruki Ти имаше неспијач? Ела да те гушнам. Неколку дена по ред синко спие по 40 мин и можам да кажам дека поуморна уште од болница не сум била.
А кога ќе се разбуди навечер како ја презаспиваш? Мојот знае да се разбуди ама ја не го ни осеќам зашто градите ми се надвор и сам се послужува. Посебно кога вади заби ептен цица навечер.
Таман намали подои,четири 3ки решија да излегуваат.Пак се закачи ко крлежче на цицка.Па некогаш и надвор и текнува и се дере цице цице,значи сега и одма е работата Цуцла и шише никогаш не фати,или пак јас не бев доволно упорна,штознам. Сакав да прашам @Sofi.ja ако добро те сватив после одбивање нашол баткото утеха во цуцла,колкав беше? Или да не си ја барам бељата
Ќе се умешам- не барај си беља иначе со заспивањево што убаво сите си имате пишувано, ве читам и дремка мене ми иде, ќе сум го залажела со приказни, пеење…. И така оп ќе заспие, кај нас тоа ќе е урлање пискање, дрецкање лелеее како ќе се одвикниме не знам
Батко цуца цуца од прв ден дома,но откако почнав да кратам подои многу повеќе се приврза за цуцлата ,бидејќи беше баш цицач Го одбив скроз на 20м. Инаку внуката не сакаше цуца кога беше бебе. Кога ја одбиваше неа мајка и (во исто време со моево на 23м) гледајќи го моево со цуца бараше и она. И купија,ама и служи како играчка
Иссти сме и ние и моето не сакаше цуцла и не прифати.. А когагледа друг му ја бара и му купив амаа играчка ни е
Здраво дали имате обувки од обуќа метро да ми кажете со кои одговараат сакам да порачам гумени чизми. Инаку сега носи најк 23.5.
Не, му давај цуцла или шише сега на година ипол. Нема смисла. Ќе се одвикне, ќе се губи полека рефлексот и нема да му треба ништо "да цица".
Какви чизми им купувате на децата за зима и од каде? Конкретно за дожд и снег на пример да му остане сува ногата. Гледам многу убави модели во obuca metro ама никогаш не сум била во таа продавница. До кога треба да се внимава да се виткаат убаво?
За лани му земав тимберланд. Не би дала толку пари додека не порасне па да ги носи цела сезона. Тешки се во споредба до патики, глуждот стегнат, напред се виткаат ама не е тоа тоа. Не сакаше да ги носи. За годинава би зела нешто до кај 1500 максимум. Се мислам за гумени со волна внатре. Гледав едни на адидас ама немаше број Дај линк од таа страна да видам дали има нешто.
Линк. Јас Тимберленд не би земала што викаш прво ради цената, ептен кратко ќе ги носи, а и ако се како за возрасни не се виткаат баш напред.
За чизмици има во кеги колев попуст онлајн и претпоставувам во аутлетот. По 1500 во просек се, ама јас не би купила без да ги видам лично. Има некои стварно не се виткаат, како роботчиња ќе бидат маливе. Они ако се проодени одамна и стабилни, не изгледа убаво кога одат со такви обувки. Земавме високи патики што се виткаат, не се толку тврди ама пак не ми изгледаат некако природно. Тоа кутрото пола метро уште високи патики
Jас за мене земав сандали летoвo се пoгoдиjа. Вo ист мoмент имаше тoплинки пo 300 денари беа на пoпуст и се мислев да земам ама викам аj oд кеги сепак нoгата 8 саати е вo нив. Сега се каам штo не прoбав.
И јас сум нервозна. Убаво викаат мајките . Јас намалив на млеко , пошто заспива со млеко и преку ден. Но вака или така си се заситува. После ова што ти пишале млеко преку ден исфрлам 15 мес.сме. Јадеше блендирана храна и со репете ,последните 3 месеци , маки мачиме со јадење. Незнам кај сум... сака сама да јаде , сака парчиња. Но не и се јаде. Некаде имам згрешено ..... А инаку што се немам направено , @dunika зафолжително ја копирам , fitlife рецептите за бебе . Не сака и не сака. До вчера о плазма со млеко јадеше. Денес ништо.
@Lady Leona Тука некаде ни се децата, верувај никаде немаш згрешено освен со количината млеко претходно. Такви се после година, дали заби, дали дека проодуваат и се друго е интересно, изведуваат глупости само да не седнат да јадат, па ќе прегладнат и после оди убеди се да седне да јаде, нервозен е веќе. Кај нас е исто, период има јаде, период не јаде, период само банани сака, па не сака да смисли банана. Хаос. Мојот обожава павлака, па случајно мм измисли рецепт кој секогаш пали, ќе го ставам во спојлер, пробај. Спојлер Кромид и мелено месо (какво најмногу сака) ги запржувам, па додавам ситно сецкан зеленчук зависи што имам, но најмногу сака модар патлиџан, тиквица, морков, брокули. Запржувам се убаво, додавам зачини и на крај павлака да се спои се убаво. Маф го прави тањирот секогаш. Таман не е блендано, не се ни парчиња да јаде пола саат, а ќе внесе и месо и зеленчук. Во овошните каши ставам маџун и му доаѓа благо, па јаде. Јатки внесува преку путери, најчесто со палачинки за ужина. Риба исто не сака да види освен чаден лосос, па печам лепчиња на тостер со путер и ставам парче лосос врз него и само така јаде. Има едни норвешки по маркетите спакувани по 50гр,на нив пишува за бебе. И мене ми е ептен убав. Споделувајте и вие успешни рецепти за дете нејадач зашто најтешката работа на свет ми е да смислам што утре за ручек!