Ти благодарам Jana . Ќе ги направам твојте предлози за рецепти. Откако се вратив од работа готвам. Мини пиици од палента,сос домати правам и рендана моцарела. Ако тоа не пројде спремано ми е , банана какао таан овес.снегулки и аронија. Значи треба куче да купиме бар ќе го храниме , наместо да завршува во корпа.
Мајки, имаме секрет, носето де и течи де затнато е, ама не дозволува (пишти, бега, премира) инхалации ниту со пумпица да влечам.. Тт нема, ниту кашлица, крвна слика ок.. Како да го решам секретот, нешто предлог?
Прсни синoмарин, пoсле еден нека држи ти влечи. Другo нема, пoдoбрo влече да не закачи и некojа бактериjа oд секретoт.
Кај нас рик аплаче се дере ама што се мора мора еден ја држи главата другиот влече со аспиратор. Нема друго мора така з анивно добро е.
И кај нас е така. Само да се заврши, за нејзино добро . Јас прскам Аква марис ја држам на челото, мм со пумпицата аспирира. Е има рикање . Кога се капи вришти. Пелена кога се променува.
Исто исто исто!!! Менување пелена, капење, сушење коса, преслекување, чистење нос сето тоа е со плачење, врискање, акање од земја... Само моето дете ли е вака се чудам веќе, страв ме фаќа да ја допрам од се вака прави.. И само плус се дозатнува од плачење и пак ништо не сме направиле.. А да не кажувам како врвиме кога негде одиме прв пат (доктор, црква, на гости) СТРАШНО
А јас мислев што не е во ред со моето што рика како светот да му пропаднал кога сменуваме пелена или го облекуваме после капење
Пази и не преспива ноќ Има денови коа сум ок ама има денови ко да ме прегазил воз се осеќам Се надевам барем преку ноќ ти спие убаво
Да ноќе спие ко топ, се преморува денски. Дури и подобро е кога спие малку денски, навечер заспива порано. Со 2 часа дење си фати шема навечер 11 да заспива до 8 и пол наутро.
Пвој вришто лога му прскам спреј и кога аспирираме а за менување пелена бега ако го стегнам да не може да избега почнува да вришти сег апочна и од нови луѓе и деца да се лепи за мене а понекогаш и плаче не беше таков порано како ќе се навикне во градинка не знам
Исти сме, а вградинка почнавме, три дена одеше па се затна и не ја носам сега, да не ти кажувам како поминувала таму.. По два часа ја остававме и цело време плачела, од тоа може и се наполни со секрет од пиштење. Како ќе се навикни не знам.. А на сабајле е спанка спие како топ, па со сила ја скоривам во 7 за у градинка и со тоа плус се збеснува.. Хаос, си ги кажав маките од по сабајле
Почнав да пишувам, никако да најдам време да ти испратам, исто и кај нас, има регресија во спиење околу 12 месеци, ама кај нас не знам што е веќе, каква регресија кога подолго време е само со една дремка Заспивање со викање, плачење, и се затвараат очите, дреми, никако да заспие, посебно навечер до доцна, ненаспиена пишти вика по цел ден, сега посебно изразено од 13ипол месеци. Од дете што заспива околу 8ч. навечер, наеднаш почна да заспива после 11ч. И да, кога спие како да плачи во сон, ама не силно плачење, туку како цивкање, кенкање, како нешто да доживува во сон, јас не ја будам, сама си престанува со цивкање, ама и нема потреба да ја будам, сама се буди по сто пати, како денски, така и навечер.
Сте осетиле ли некој пат од матичната однесување како да и е преку глава што и се јавувате или го носите детето често ? Или мене ми се причинува, или е така навистина. Не е дека јас сакам да одам кај неа, ама кога мора -мора.
@Dikinzi нашата ми е и пријателка а и млада и професионалец п не сум имала таков проблем.... Ама општо кога сум пошла кај такви доктори и осетам таков однос веднаш на културен начин им објаснувам кој што е и дека он постои за мене..... Доктор сум и самата па си дозволувам тие што се несоодветни во односот да ги ставам во ќош Инаку после одбивање од доење дали имавте проблем со доцнење на менструација???? Обичнп точно до ден добивам ама еве сега 3 дена ми касни дури неѓам ни симптоми за добивање а трудна не сум тоа е сигурно И дали има некој лек за затнато носе.... Еве 3 ден со темп чекаме рез од брисеви носето прскаме влечеме мрсоли ама полна е
Напорно е многу немаш време да здивнеш буквално ама се додека ти спие убаво навечер не е така страшно. Јас мислам дека нема да го дочекам тој ден, неуморна е дури мислам дека на полошо оди периодов ради градинката.
Инхалации не сме правеле, ама пумпица ако не бива сама, земи помош да ја држи. Јас го легнувам мојов седнувам врз него (не со цела тежина нормално) за да не може да мрдне и влечам кога сум сама. Со татко му, едниот му ги држи раце нозе, другиот главата и влече. Има во темата од 2 3 години некое видео со шприц и физиолошки раствор, види го.
Не можам да се жалам за спиење навечер. Борба мала има додека да заспие ама откако ке заспие нема гајле. Се случува да заспие и да се разбуди за 30 мин и потоа не прњзаспива до 1 ноќе. Се случува и да бара титем на 1 час ама тоа се изолирани случаи.
Тоа им е работа, ти за мака ја бараш не од кејф, ако нејзе и е преку глава нека си смени професија, јас имам барано и во 22 часот секогаш трпелив