Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.499
    Пол:
    Женски
    Како и аква марис, прскаш . Ако има секрет влечи . Битно , дивото оригано, го осеќаш до бронхи , мене многу ми помага .
     
    На mal.ecka и *malenavolena*87 им се допаѓа ова.
  2. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    6.153
    Пол:
    Женски
    Луѓе, јас знам дека настинки, вируси, температури, мрсули итн итн, се нормален дел од животот. Децата, мораат да создадат имунитет, и тоа е тоа. Е сега, како не спопадна од Мај месец може и порано па наваму, немам мир ама ич. И немам едно дете, него имам две. Само шо поминало едно нешто, фанале друго..нејсе, не е тоа проблемот, две ноќи таман после цела недела ужас УЖАС. Де заби, де пак кашлица оа не може да спие, де затнат нос па од тоа вришти пишти, де стомачни..па и едно осиче шо е, ко саказ ќе ти се залепи и не се одлепува, и вришти пишти плус. Сон здрав немам раат видено. Се нешто се дешава.

    Бевме до болница, се погоди најстарата и најдобрата педијатарка во Велес, прво ме ислуша, а после ми рече шо сум идела (facepalm) Вика па и тие од брза помош те поулавеле. Кажува дека децата при висока температура нормално е да имаат тахикардија. Малава имаше 140 откуцаи во минута. Во брза помош викаат нормално е до 110. Паника не фана и нас. Исто така и температурата и беше падната до 37 а сеуште дишеше брзо, и на крај се решивме да одиме. Ми кажа да не се паничам, и дела при температура е нормално. Вика да не е температурата, да е од претходно, да земеме да испитаме, ама сега е од ова, и ич немој да се плаши. И кажав дека кашла, дека има малку црвено грло. Зема, диши диши направи, рече нема ништо, исто така и грлото го провери рече малку црвено. Ме праша дали давам нешто, и кажав дека не давам антибиотик, само на природна база, и дека матичната не ми даде ништо ( матичната моја и она другарки се) Виде дека и е затнат малце носот, и дека се додека и се слеваат мрсули ќе кашла. И кажав дека го чистам со синомарин и со спреј од диво оригано, ми рече супер се и двете работи. Не пратија дома, да следиме температура, и да давам далерон за да и се симне. Ме праша дали оди во градинка, и кажав дека тргна од средата, и само ми потврди дека е вироза и дека амбулантата била полна овие денови.


    Малата заспа, сеуште има тем, чекам да дојде саатот за да и дадам Далерон. И сеуште диши така.
    Ви Благодарам на сите за поддршката, имајте убава вечер :*
     
    На Sexybaby86, rainbowmama, Panovic и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Majki, imame 17meseci Babytol kapsulite vitD&Omega nema sansa gi pluka, pa po sovet na pedijatar zemav Moller's so vkus na jabolko ili ne otvara usta il go pluka.. dal moze vo hrana il nekoja dr fora ?:)
     
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    3.896
    Хаха има, еве кај нас во Грција, кс никогаш не праќаат да се прави, по прегледот ќе утврди докторот дали е за антибиотик или не, ако е, препишуваат некој со широк спектар за да се уништи било која бактерија пример ако има негде некоја бактерија, ете така лаички да кажам. Значи здравството тука :x
    Син ми така од мал многу се разболуваше и го носам на пефијатар, го преглефува, ааа црвено грлото ќе дадеме антибиотик, ок јас тогсш неискусна млада мама, прво дете, како кажете така докторе. После месец, два пак ќе се разболи, ааа мноогу црвено грло, мора антубиотик.....уфф сега кога ми текне колку сум била глупава и што ми кажеа тоа правев. Колку шишиња антибиотик има испиено син ми до 6 години тоа е чудо. Е среќа после 6 година се разбудив и еве 3 години нит се има разболено толку ниту антипиретик имам дадено ниту антибиотик, на грешките се учиме, тоа е :doh:
     
    На Lady Leona и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    3.896
    Може :)
     
  6. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    3.896
    Ќе мине душо, таа возраст е нај критична сега, плус и во градинка оти одат, мене син ми не одеше ни во градинка па се болен беше, многу често се разболуваше од бебе, имунитет 0, до 5 години се така беше, ама затоа еве сега 3 години пу пу да не се заречам, супер, кајо растат помалку или ич нема да зе разболуваат, се е тоа во склоп на приграмата, како дојде да пројде само.
    Знам како ти е, на мене кажувај ми, јас се тресам сега за малава ако малку поткашла само одма паничам, а камоли температура или нешто друго да има, ама дека јас изгорена еднаш и затоа сум така, не можам да се сменам.
    Со помин само нека е.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    6.153
    Пол:
    Женски
    Знам дека така се челичат децата, еве и ти, и сите други останати го кажуваат истото. Мора да се помине тој пат. А и ние сме биле така.
    Они јачаат, а ние полека ослабуваме.

    Ти Благодарам за убавите зборови :hug::hug::hug:
     
    На Sexybaby86, Kallias2 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Во водата му го ставам и пие е сега одтснув апо шише цуцла ама пак че испие колку толку
     
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Малата имаше температура 3 дена, ја носам на педијатар, велат не треба ништо само капки за нос и толку. После 3 дена, температурата не се симнува, и направија крвна слика и мокрача и земаа, се' чисто. Повторно, не треба ништо само капки и сируп за темп. по потреба. Истото продолжи после 3-4 дена и веќе почна до 40 да качува температура.

    Ја носам пак на педијатар, пак крв и мокрача чисти. Докторката пак исто. И дури кога и реков, ама докторке детето е со температура повеќе од 10 дена, тогаш самата рече дека ќе треба антибиотик затоа што долго време се мачи детето.

    Одам во аптека, го давам рецептот и оваа аптекарката "Ама ова е антибиотик, ти знаеш ли" целата зачудена чиниш. Се утепа објаснувајќи ми како да го растворам. Си помислив до колку треба да дојде работата за да ти препишат антибиотик тука.

    Иначе ова во Германија.

    Во Македонија внуката кога и да се разболи право одма антибиотик и чепче на 37.5 темп. и става мајка и. Што е претерано, претерано е. Се разбира дека некогаш мора ама без реална потреба или превентивно да се дава антибиотик е стварно нееодговорно. Колку и да има позитивен ефект уште толку ризици и можни несакани ефекти носи со себе.
     
    Последна измена: 22 септември 2021
    На dunika, Kallias2, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Протеински оброк им давате секој ден или треба да се паузира некој ден во неделата? Како да прочитав некаде дека не треба да внесуваат многу протеини или грешка сум?
     
    На crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Јас давам секој ден.
    Уште на почетокот кога почнавме со дохрана ми беше напоменато од педијатар секој оброк (ручек/вечера) да биде комплетен т.е јаглехидрати, зеленчук и протеини обавезно.Ако сум дала месо за ручек ќе дадам риба за вечера или јајце, млечно нешто, ротирам.

    Не сум во Мк, овде таков им е начинот на исхрана, возрасни и деца сѐ јадат :D
    Не сум сретнала овде ноќни каши од овошје и бисквити, си јадат они паста и кременадли :rofl:.
     
    На Enci201, crazylady, Butterfly1107 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Детево секој ден е се понемирно многу е хиперактивен ; не застанува; научен е да е се по негово ако не е како тој што сака ќе земи ќе фрла се ќе растура; ми ги фрла очилата; ја удира главата од ѕид; се плашам дури од него многу е агресивен ; јас го разгалив и сега не знам како да го променам ; многу е див се плашам утре ако се смеша со други деца дека ќе имам проблеми ..
    Дури и да го удрам по газето нежно тој си смее мисли дека е играчка ; се за него е играчка мал е уште ..ама ме плаши многу не знам како да го превоспитам..
    Секогаш си мислев дека ќе родам мирно дете но излезе обратно; вреди колку 5 деца немам мир ни минута ; не можам да се измијам лице ; да појдам во Вц; вришти пишти по мене ; ми ги носи патиките за надвор да одиме на дедо му влечките да го носи надвор ; а ладно камен е ; зимава што ќе се прај не знам...
     
    Последна измена: 22 септември 2021
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.835
    Пол:
    Женски
    Ако си дома со него цело време, шетај го повеќе, активирај го надвор. Нема несоодветно време, има само несоодветна облека. Ќе си го облечеш соодветно за времето и ќе излезете, двор, паркче, да си поигра, да се извалка, тоа сакаат децата. Ако ти е дома нонстоп затворено, нема каде да ја потроши енергијата, вака ќе се измори и ќе биде помирен дома.
     
    На Cherry333, Lady Leona, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Мајки јајце колку пати неделно давате? 15м сме. Многу сака и варено и кајгана ама гледам барем преку ден да и давам, и тоа само по едно.
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    18.381
    Пол:
    Женски
    Нема ништо да му бидне од ладно мајка. Синко до сега два пати беше со вироза и ниту еднаш не беше од ладно.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    3.896
    Што да каже човек ќе греше, не знам вече што е правилно, а што не. Аман да се веќе и болести и се, кој ги измисли значи аман :puke:
     
    На mKdevojce и Dikinzi им се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    По едно можеш секој ден.
     
    На mKdevojce и crazylady им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Дали при растечен нос ги ставате на повисоко да спијат? И дали помагаат перниците со косина што се за ваков случај истите што се користат за рефлукс кај бебиња?
     
  19. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.499
    Пол:
    Женски
    И нашево во Мкд е претерано со антиботици. Народот се знае , сака крвна слика , сака ртг снимка , со инсистирање АБиотици. Ако не , во аптека ќе им дадат под рака.Па , аптекарка си има Др.ќе и препишат рецепти ; и тоа е тоа безредие.

    Знам за македонци во Германија си одат со пола куферче апотека.

    А и па 10 дена со 40 тт , и капки за нос ?!?!?!? Чуден терк имаат таму . Над 38,5 тт е веќе температура.
    40 веќе не дај Боже . За мало дете . Грчеви ..!
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Мајки некој искуство со анална фисура?