Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Е ајде де. Они се за природно лекување. Еден педијатар, стар веќе пред пензија, ми вели и на 39 темп. не се дава чепче освен веќе ако детето ептен плаче. Ако е весело не треба. :?:

    Иначе да, тој интернетот сега сите ги направи доктори. Они веќе си ја знаат дијагнозата. На лекар се оди само да им ја препише терапијата што сами си ја одредиле.
     
    На mal.ecka, Lady Leona, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.582
    Такво е детето.. Океј за разгалено и ние си сме криви па ни се качуваат послем на глава. Али за хиперактивнос што и да правиш е џабе.
    Еве мојот е премногу хиперактивен значи стануваме во 9часо во 10 веќе сме во парк буквално го оставам да се изнатарча што сака да прави едино викам кога ќе почне да лапа пикавци друго буквално све дозволувам излегуваме од парк валкани од глава до петици од 10 до 12 и 30 сме таму секој божи ден ако не сме таму сме во игротека, во зоолошка, во двор со уште 6дечина со кои си се дружиме кога ќе си дојди е дома едвај заспива во 13часо спие до 15:30 станува јади и потоа е најзбеснатото дете на свет. Во 17:30 излегуваме пред зграда со еден куп другарчиња играт со топка трча и во 19;00часо сме дома јади е се капиме играме тој уште има енергија кога ќе легни е да спиеме се изживува над мене буквално прсти во очи пика, за коса ме влече да може низ кревет ќе ме исфрли, ме каса, ми скока на стомак кога ќе му речам Не за инает ќе го прави и подобро ќутам побрзо прекинува. Значи не е до надвор едноставно некои деца имат повеќе енергија.
    Од кога прооди постабилно количка не користиме не сака да седи си ја прибрав, вози баланс точак од 13м,тротинет со седнување исто све сака сам не сака да го туркаш во трицикал или слично.
     
    На mother_nature, crazylady и Dikinzi им се допаѓа ова.
  3. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Мајки некоја искуство со Moraxella во нос.... Нешто природно за лечење... Вечер сме на контрола со рез од брис, малата е упте со растечен нос ама нема темп.... На наодот пишува ако нема симптоми не е потребен третман :/
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да не те исплашам ама кај нас исто пишуваше да не се третира без симптоми и му прскав само Синомарин дека му течеше. Од тогаш 3 пати беше болен со многу висока температура и пиеше антибиотик 3 пати од кои третиот Сумамед. Тогаш се излечи.
    Инаку не е некоја страшна бактерија, во сите градинки ја фаќаат.
     
    На Dikinzi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Дали правеше брисеви после секој антибиотик или се следеше само секретот од нос?
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Секако. Крвна слика и брисеви.
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Кога се прави кс после антибиотик? Ние го привршуваме па сакам да му направам брисеви и кс.
     
  8. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    На кој начин почнавте да миете запчиња и дали детската паста може да се голта? Неможам да и објаснам да плука не разбира.
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Само на последното разболување правев кс после антибиотик, поточно секој втор ден правевме за да го следиме Црп-то дали се симнува, многу му беше високо. Последно правевме мислам 3 дена откако го заврши антибиотикот.

    @Mitrovska95 Јас сеуште му ги мијам само со вода. Со паста планирам да почнам од 2 години или ако има потреба порано. Мислам може да се голта ама така ќе внесе повеќе флуор. Ќе и објасниш со тоа што ќе ја качиш на столче до тебе, земете четки и да те гледа одма ќе сфати. Ние така миеме. Јас плукам, тој плука иако е само вода, колку навиката да ја стекне.
     
    На Brpbrp, crazylady, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Супер ке пробам и јас.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Ние веќе 10 дена и повеќе сме со растечено носе. Првите денови прозирен течен секрет како чешма, после намали но нон стоп и се полни бел а сега гледам зеленикава боја и е густ секретот.
    Правевме крвна слика ,се е ок, нема црвено грло нема температура.
    Само бекутан сируп за имунитет давам, ацерола ,пробиотик .
    Чистам носе со спреј и пумпа. Јас незнам што вирус ќе беше ... и јас сум иста ,на моменти ми се полни носот таков секрет.
    Дали е можно да е алергија некоја или сепак настинка?
     
  12. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    25.647
    Пол:
    Женски
    Брис да направите да не е бактерија?
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    И јас тоа баш сега си мислам ,враќам назад и гледам сите испитуваат прво тоа а нас матичната воопшто и не ни спомна . Незнам ни дали прават кај нас брисеви, ќе мора Скопје.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.835
    Пол:
    Женски
    Секаде се прават брисеви, не мора Скопје. Оди детето во градинка?
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    @Jana06 Мислам дека ти прашуваше за зимски обувки поназад и за тоа дали да се флексибилни.
    Бев кај Антоније на контрола и прашав. Рече флексибилни да бидат повторно, за зима да не се платнени.
    Ги виде тие што сега ги носи и рече пак да му земеме исти такви сега, а за зима пак патики, но кожни.
    Ни рече од Али да нарачаме силиконски, се облекуваат над патиките и со тоа патиките стануваат зимска обувка.
     
    На Chuchanov, *malenavolena*87, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.499
    Пол:
    Женски
    Може ли да сликниш какви патики носите сега?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Пушти ми линкче ако си ги нашла тие силиконски на Али, фала ти.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Овие ги носи, одлични се.
    [​IMG]
    Напиши Silicone shoe cover, на телефонов нешто не ми отвора кога ќе кликнам. Вакви се со рецки

    20210924_130801.jpg
     
    На Lady Leona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @0ли Истите патичиња ги имаат нашиве :inlove: Одлични се, плус ги утепав од перење не трепнаа.
     
    На Dikinzi, mal.ecka и 0ли им се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Затоа сега пак исти ќе му земам, задоволна сум, а и Антоније ги испофали.
    А башка што и многу убаво стојат, лични се. Човечиња слатки со патичиња :inlove:
     
    На dunika, Lady Leona, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.