Јас му ги мијам забите со Curaprox четка за деца и Elmex Junior по препорака на педијатарот таа е без флуор и слободно и да ја проголта не е страшно
Елмекс Јуниор има флуор, 100% и е за деца од 6-12 години. Не лупам од памет, пошто ги знам пастите, за големиот син до скоро ја користев таа паста. Елмекс кидс е за деца од 0-6 години, и исто содржи флуор. Читајте ги упатствата на пастите.
Детево мое од јадач на се (бленирано) сега ништо не сака да јади, во денот преживуваме само јогурт сака или овошно јогуртче и некоја соленка, ги вади тројките моментално, знам дека е поради тоа.. Ама до кога ќе траее а и ослабена е
И кај мене не јаде моментално од тројките, вади една горе и една доле. Пребирлива е во јадење. Кажи ми, дали плаче силно кај тебе ? Дали секоја ситница го вознемирува? Од каде носот затнат и уште кашла, и тројките згора на тоа.
Ние 4ки извадивме горе пред 3ки, ужас со јадење почнав да блендирам од што плука парчиња за да внесе некој витамин. И не качуваме кг овие месеци..
Плаче баш за се. Од луѓе, носот неможиме да го исчистиме никако, пелена едвај менуваме, капење да не зборам.. Лигавица невидена е направена. Пред некој ден ај носот да и го исчистам, кога се збесна почна да пишти да се ака од раце да се фрла ништо да не ја смирува, паника ме фати ајде со колата да ја повозиме со мм, ни тоа не ја смирува значи онака без прекин 30мин дерење од кога е родена немало... Детево е сменато 100%, се надевам ќе се врати во нормала кога ќе излезат 3ките.
Керка ми извади 4ки па 3ки,сите наеднаш,непосредно едни по други. Приметив дека многу почесто бараше да цица,особено навечер,но апетитот не ја напушта Количински не јаде нешто многу,но пазам да е високо нутритивна храната. Не сум броела никогаш колку изела. Периодов е во круши заљубена,по две цели ги јаде,да не ја сопрам ке бара уште,сепак е шеќер.. И во крем супи ужива,особено од тиква. @Annath јас знам за флуорот во пастата,но сепак и ги мијам со неа одамна,само навачер пред легнување,а дента после оброци само со вода.Таа ја шмука одма,вкусна и е. Користам количина колку зрно грашок. Сметаш дека е подобро без паста воопшто? Курапрокс имаат нова џуниор паста,таа е 2+,ке почекам. Многу се потресувам за заби јас,ич неќам црни изгризани заби кај дечиња.Знам и дека се поправаат но ете тоа ми е некоја слабост
Нема штета, освен ако не внесува екстра флуор во друга форма. Генерално сум против флуорот, ама факт е дека има бенефит за забите. Не е голема количината паста, а секако количината е прилагодена за возраста.
Не знам и јас што се случува. Овие 2-3 дена непрепознатлива е и кај мене. Година и 8 месеца е, не кажува уште убаво, па само сум з'ркнала у неа, сал ја прашам што ти е? Шо те боли? А она само вришти, абе се шина овие денови еј, се шина. Збрлавевме сите.
Можеби некој скок е,нешто интензивно и се развива…се надевам ке се смири,и нејзе сигурно не и е лесно Со дада и не беше вака?Ти бар можеш да споредуваш,си мислев дека со вторите деца се е полесно)
Леле исто Како некоја опседната со заби, почнав да му ги четкам непцата со силиконски напрсток кога почна да јаде цврста храна, уште кога почна по 1 лажиче да пробува вкусови. Потоа се префрлив на четка, после секој оброк и ужина му ги четкам. Но уште не сум почнала со паста, а имам од Нук без флуор и не знам дали со неа е океј. Инаку, и мојов со тројки се занимава, четворките се излезени сите. Рацете ги изеде, целиот само се лигави, фаќа насекаде и во уста му се постојано. И изгледа последниот скок го тера, почна да забушава со дремките, а преморен е од постојано трчање, само ровари и дома и надвор
Што модел се патикиве ако памтиш? Јас заби му мијам со паста без флуор. Кај нас ваму препорачуваат мачкање со флуор (не знам дали еднаш годишно или како оди). @Annath Сакав тебе да те прашам што мислиш за ова, се прави ли во Македонија? Иначе миење заби 30 секунди, го потсекјам како на Пепа ѝ биле бели забите, на диносаурусот не зашто не ги миел, па му пеам песничка за миење заби... почнав сега демек јазикот да му го четкам па интересно му е се плази. Напор, се препотувам. Последно време за сѐ ми приплачува. Мама мама по цел ден во секоја прилика, надвор ако сме, татко му не смее да го земе во раце, вреска. И уште е без контрола, дома омилена активност му е буткање колички, куфери, кутии. Сакам да му ги скријам количките, што викате? Правиме слагалица, или било која друга активност, ако види количка готово заборава на сѐ друго. Скутерот уште не го вози (и други колички и точачиња), само го бутка.... Го запишав на часови три пати неделно, да видам дали ќе почне да се прилагодува, два пати сме биле до сега, нема шанси да седи мирен да слуша учителка. Повеќе се уморувам на часот отколку низ парк кога си играме.
Скоковите одамна се завршени Ама иде нешто полошо од нив Епа оти споредувам ми е така, како дрн и ноќ се, ептен се различни, со големата туку речи не сетив дека вади заби. Ни тројки ни петки , ептен малку беше нервозна, и не јадеше многу. Ама ова..леле леле .. плус се и се собра.
Исто и ние не сме во мкд и се чудам какво е тоа правило да не се дава јајце и месо во ист ден. Нам педијатар ни рече уште кога беше 7.5 месеци преку еден ден жолчка и секој ден мевце (2 лажички мали). Сега за вечера знам да му дадам јајце пржено, со авокадо и нешто како павлака. Бомба го викаме.
Мајки,за покривање навечер шо праиме? Мојава бега од најтенок чаршав ко ѓавол од темјан а заладува и морам да најдам решение. Дали некоја користи вреќичка за спиење со ногавици,само во неа гледам спас…