Истото сакав да го прашам. Мојата спие само по стомак и со ништо не можам да ја покријам. Кога се врти се заплеткува со покривачот, се нервира и се буди. Не знам дали вреќа и каква би ми завршила работа?
Јас користев лани цела зима вреќа како оваа погоре нешто, ама и со ракави. Не знам дали му е таман или ќе треба нова да набавам, ама нема шанса покриен да спие. Супер работа е. Во мк од локо кроко ја земав, има и за до поголема возраст.
Мајки, тие што вадите заби да имате слично искуство... Вади 4 наеднаш четворки, не е нервозна, не се лигави ама и се затнува носето. Се утепавме од капки, вадење со носко, сега и кромид ставив покрај креветче, ама пак навечер не може да дише... Ќе заврши ли некад?
Ако оди во градинка да не закачила некој вирус или некоја бактерија... Чистете го редовно како досега и почни со диво оригано, ист е и мојот само што не му се затнува туку тече како чешма. Мојот не знам што вади, има само 6 заби.
Иде во градинка ама ја носрв на педијатар, ми рече не е вирус. Вода и тече преку ден, а навечер се затнува. Нема тт, јаде, пие, спие, весела е
На германски е упатството не го разбирам.Така ми кажа педијатарот не знам зашто ми кажала дека е без флуор ако има
Моето ги вади сите двојки наеднаш исто еве носот му е река, сега 15 мин се местеше неможе да се намести да заспие му фрче рче се осеќа секретот во носот. Му го чистам редовно со синомарин и диво оригано ама пак има....
Исто цел ден ништо ноќе се затнува му хрчи носот тројки вади се лигави премногу дали е до заби не знам. На контрола бевме се е во ред нема ништо. Јаде пие весел е .... ставам диво оригано
А што ти рече дека е? И мене ме интересира кога ќе заврши. Настинките обично му траеле максимум една недела, еве го веќе 3-4 дена е вака. Ќе помине нема што да правиш освен носето да е проодно. Мене еднаш докторката ми рече Оперил навечер да му ставам ама во аптека ми рекоа пред 2 години дека не се препорачува и не земав. Му помина. Вака ќе биде додека пораснат забите.
Ми рече од забите е. Непцата се бумбар отечени, и се гледаат сите четворки. Јас искрено ставам по 1 капка оперил навечер колку да продише, ама ретко, претежно вадам со ноското (тоа е чудо колку се вади) и капки синомарин
Сигурно е во ред штом докторите препорачуваат. Така и јас правев, навечер до мене синомарин и пумпата и му олеснував на 2-3 саати.
Нема не знам што да им направиме. Освен да се надеваме дека ќе помине брзо. Секретот е прозирен леплив, а и не му тече стално нема нема така потекува. Знае сам го дува иам носефрида асираторче ама не вади којзнае колку повеќе одколку сам што ќе изудва. Тоа носко многу го фалат ама не знамдали го има во штип некаде да земам да пробам.
Исти сме. Носефрида не вади толку, ноското е топ, ќе се чудиш што се има внатре. Јас го кјпив од анифарм во капитол ама побарај на нет прават мислам додтсвс, вреди за парите. Стај кромид, еве малце подобро спие.
Синко дефинитивно премина на една дремка, ама истата трае 1,5ч до 2 и тоа е тоа. Утрово во 5:40 стана и не презаспа. Се надевам брзо ќе се прилагоди на новото спиење и ќе фати некој ред. Дали има некоја регресија или од што се буди од кашлицата ноќе, знае да си отседи буден саат време во темно во сред ноќ. Не палам светло, и се вртка, се мести дури пак да заспие. Гледам прстите пак во уста, зарем може 5ки на 15месеци да никнуваат?! @dunika јас пак се мислев повторно нормална вреќичка да земам, наместо ваква со ногавици, многу бев задоволна од Alvi минатата година од оние што им се за сите сезони, дека не паѓа под 18ст кај што спиеме. Вака не трпи ништо, и во сон го фаќа ќебенцето со раце и го фрла.
Помага мислам одма го отпушува чудно стварно. Он беше изнастинат му помина еве нема две недели па се затна само. Прошли пат се гледаше дека е настинат сега стварно некако чудно само носов.