Не знам ни јас зошто така ти кажал, плус како што реков јуниор е од 6-12 години, за мешани заби и има поголема количина флуор од детската паста што е од 0-6 години. Елмекс кидс барај ја следно ако детето ти е помало од 6 години. Оваа И оваа содржи флуор.
Исто сме еве веќе 2 недели е со секрет, неможе ни да јаде ни да спие ( едвај заспива на повисока перница) до кога ќе трае ова не знам. Имаме пумпица, спреј, цревце со тргање усно, носко за во правосмукалка и никако не дозволува да се чисти ниту со сила неможеме...а и нон стоп се збира секрет.. Страшно
Зборувате за растечени носиња, моево имаше пред 2 недели, баш кога почна да заладува скоро 1 недела проѕирен секрет што стана и густ на крај, друго ништо. Го препишав на настинка. Прскав диво оригано и солена вода, влечевме со аспиратор и тоа. Се мислев дали да го носам на лекар, ама секако требаше во градинка да тргне, па кога веќе му поминуваше го однесов, ништо немаше. Од заби немал мака до сега со носот, а и гледам многу дечиња се со растечени носиња.
Најверојатно сите мислам дека почнаа да преспиваат ноќ јас не знам шо ке се прави вака две год ке прават не се веке бебиња, тебе може бебето поубаво ти спие од дада? @prinstongirl2 не, немам пробано со никаков сируп.
Мојата 2 черворки извади неосетно, случајно ги видов кога плачеше и и беше отворена устата скроз. Сега пробива и другата 4ка доле ама немаме некој проблем ни лигавење, ни плачење, ни кенјање ......, За носето не сте закачиле некое вирусче може да не е од забите? Брисеви имате направено?
На синко ке му се растечува носето. Што да направам превентивно? Еднаш му го исчистивме со обичен физиолошки. Диво оригано или ке го пече?
Она Виранто што го спомнуваа некои членки за рани симптоми на настинка? Можеш и диво оригано, нема да го пече ама јако е малку мада син ми е помал и не прави многу проблеми кога му прскам.
За него дома имам само од физиолошки што се става и на бебиња, исомар. Тоа прснав и извлеков малку. Маж ми прска вели многу печело. Не сум видела за тој сируп кога сте збореле ама ке побарам утре. Фала мајки.
Јас си прснав од неговото, не ме печеше. Ако прска маж ти за возрасни тоа огин е Јас пиев капки од диво оригано, повраќав 2 пати.