А во кој случај се дава Виранто? Дека и јас немам дадено никогаш ама го памтам како опција тука што го имам прочитано.
Нас ни даде педијатарот Виранто кога после бактерија закачи вирус. Растечено носе, кашлаше и секрет во грло.
Ако качи температура во првите саати треба да се даде зошто температурата покажува најчесто вирусно заболување. Јас сега дадов прв пат, еден ден откако качи температура. Не знам дали вирантото помогна, ама ѓу помина вирусот за 2 дена.
Јас му прскам два до три пати дневно синомарин спреј и кива одма ги исфрла или ако во случај не ги исфрли му влечам со пумпица
Мајки што одат дечињата во градинка кога ги земате? И што од оброк следи после градинка? Да се појаснам што ме мачи : Малата ја земам во 14 тука ручаат пред спиење и ми ја даваат најчесто и ужинката нејзина е сега јас пробав да и правам упте еден ручек накај 16 ама не сака да јаде тогаш манџа а гладна е.... Што им давате.... Денес и направив вафла и цеден сок тоа со сласт си изеде незз дал треба да продолжам во тој контекст или да се трудам да руча во 16
Еве го мојот денеска прв ден со преспивање и не сакаше ручек. Јадеше палачинки со јатки и џем и пола банана. Во градинка ужината после спиење била мешано овошје. Мислам дека е многу втор ручек, јас од утре планирам да му нудам од нашиот ручек, а ако не сака да му правам некој полесен оброк. Исто и во претходната градинка многу малку јадеше дома, само вечерата ја јадеше.
Јана го имаш ли менито за јасли од Срничка да ми го пратиш? Ние почнуваме од понеделник па да видам да не има нешто што не сме вовеле.
Му давам ручек ,ако ја изел ужинката во 14, 14и30, нудам ручек после 16, 16:30 (и ние тогаш јадеме) колку изеде толку, ама си јаде солидно. Па некоја ужинка и после вечера.
Дадов виранто пред да заспие, околу 10. Први мрсули вчера влечевме со аспиратор. Денеска цел ден е весел, јадеше, само мрсули течат. И оперил прскам. Туку ги будите ли ноќе да влечете мрсули? Го слушам каде фрфори, не се буди ама се превртува. Ако извлечам мрсули ке се разбуди 100%.
Пред спиење Зиртек пиеше, со Синомарин прскав, влечев и на крај Оперил прснував. Не сум го будела ноќе за влечење, а едно 10 дена од прилика траеше ова. Првиот ден му течеше нос, после затнат беше со денови.
И моево еднаш пиеше Зиртек и носето сопре после 1 ден, чудо од сируп. Тогаш ви кажаа што е? Зашто на сирупот пишува за алергии колку што се сеќавам. Сега пак му тече со денови, не знам дали да го носам пак на доктор или да се стрпам уште малку. Среќа не му се затнува, ноќе спие без проблем.
Во спиење му ги влечев 3 дена излагаа после ттоа не, иако сеуште брчеше али веќе се смири после 6ти ден. Пиеше антибиотик 1 недела и ставав оперил и синомарин али од синомаринот повеќе излегуваше секрет. Виранто за што се користи конкретно? Гледам србите се задоволни и дека при настинка го користат ако има болно грло, растечен нос, температура.
Му течеше и ми рекоа да давам од сирупот додека трае настинката и навистина и кај мојов прекина да тече утредента. Дали од сирупот или не, не знам. Со двајца се консултирав, ми рекоа да го пие. Вториот ден ми ги поврати доручекот и ручекот, па прекинав храна да нудам и само течности нудев. Мешето му беше осетливо, му се гадеше, но и јас еден ден повраќав, бев и затната, еден ден имав температура што не одеше над 38, а малиот 3-4 дена имаше до 38 и само со расоблекување поминавме. Крвната слика му беше супер, само ЦРП 6 (референтна <6). Едвај му давав Зиртек, му се гадеше и со шприц пред спиење капка по капка во уста му капнував со сила. Твоево оди во градинка и најверојатно таму настинало, за да не ти е мисла, консултирај се со матичниот. Мене паника ме фаќа и одма се јавив, но можеби затоа што му беше прва настинка.
Дали случајно некој од вас знае од кога може да се почне со перга и матичен млеч ? Има жена што произведува природни производи, и продава тело мед мешан со перга и матичен млеч. Па сакам да земам за нас и за децата. Од кај неа земам стално мед, и е фантастичен, секој ден сркаат по неколку лажици, им давам и прополис од кај неа. Ако некој знае дали може да се дава нека пише Малата е 1 год и 8 месеца, а големата е 3 год и 2 месеца.