Јас му давам мед со матичен млеч, искрено не ни размислив дали смее или не Ако знае некоја нека каже.
Шом нема алергиска реакција , немаш гајле. Јас оти ги сметав за поалергени, затоа и не давав. Ама ќе пробам и јас, уште вечер одам да си го купам теглото
За алергија е .Али не е баш наивен ,мојата Лоратидин примаше подолго време .И сега си мислам и неа да не и е алергија пошто веќе многу време е со мрсоли ,а кр.слика топ.Овој период се најсилни алергиите ама па има и многу вируси и настинки
Млеч може, перга не знам, мислам дека се мали. Ама, мед со млеч е ограничено колку може да се дава, јас на големиот му давав по една лажичка дневно, не повеќе, така ми кажа калуѓерката од манастирот од кај што земавме мед едно време.
Јас кога дадов кикирики се ослободив за се друго Го обожава медот, сабајле со нетрпение ги пие капките и само покажува накај теглата со мед @BabyT* Сега се слушнав со докторката вика оперил да му ставам ама па не му е затнато носето, само тече. Прашав за Зиртек вика дај. Ќе почекам до утре ако не е подобар, ќе купам.
Сакам да се надоврзам за муабетот за мед со матична млеч. Свекорот е производител на мед и баш она природно го произведува. Тој ни кажа дека ептен е тешко да се извади матична млеч и дека ја има минимално, бидејќи само таа пчела што ја викале матица, таа давала матична млеч. Вика дека е невозможно да се произведе природно толкава количина на матична млеч за да може да се стави во медот. А и башка требало да се држи на некоја одредена температура за да ги задржи хранливите вредности. Тој вика дека било најдобро да се конзумира истиот момент штом ќе биде извадена, што и така е невозможно толку често. Мое мислење дека е само маркетингшки трик тоа мед со матична млеч. Ако некој има друга информација, може да сподели А перга мислам дека почна прошлава сезона да збира и дека неа ја има во поголема количина. Само не знам од кога смее да се дава. Ние почнавме мед да му даваме сега на син ми на 13 месеци, по препорака на педијатарот, ама не го сака баш
Викаш да почнам со кикиритки? Уште мед и киритики ми останаа да проба, којзнае кога ќе се охрабрам. Не го чуваат баби, па не пробал ни скришно, но џабе е кога и двете не би дале без да ме прашаат. Оперил ставав откако ќе извлечев, на суво, пред спиење и баш убаво спиеше. Ама што викаш не е затнато носето. Нешто друго има мака или само носето е?
Па да, знаеш што убаво благи рецепти има со путер од кикирики и мед? Дај му на врв на лажиче нека лизне и постепено. Нема ништо друго, само носето. Марина вика дај оперил или зиртек, матичната вика не давај ништо. @emits Свесна сум за матичниот млеч ама земав тегличка со мед и матичен млеч, не верувам дека е само мед. А сигурно го има во мала доза. Инаку, на врвот на тегличката е како восок, претпоставувам тоа е тоа.
Не е невозможно. Да тешко се вади, треба многу пчелни друштва, и одат со посебни уреди, како фрижидери. Така и се чува.
Така и планирав, бидејќи секако јадат по 2-3 лажици мед, плус и прополис им давам. Некаде пишува дека пергата може да се дава, а матичен млеч не. Никако не си. Се вади да, ама многу ретко. На некои 6 месеца мислам, и затоа е многу скапо. Плус и го нема во големи количини. Едно шишенце од 10 мл е околу 800 денари мислам. Тоа мало шишенце го мешаат со цела тегла мед, и му ставаат перга плус внатре. Затоа сакав да купам, бидејќи женава само што објави дека имаат. Ваљда сега пред брзо ваделе.
Здраво. Прашање едно може е смешно Земав АД 1 за бебе ако треба дохрана, и нели рокот е краток па дали може да му ставам на син ми што веќе пие 3ка? Дали ќе му напраи проблем или нема поента да пие 1ца? Егејското да не се фрли ))))
Како воведувате поголеми алергени? По неколку дена како на почеток на дохрана или така само да проба? Јас само ореви имам дадено во торта или слатки ама на одредено време, не неколку дена по ред и фала му на Бога немаше реакција. Се важи ли така дека е воведено?
Се важи, така ги воведов и јас. Пример, два пати неделно. Првпат само на врв на лажиче и после постепено во благи рецепти, мафини, сабајле со овесна каша. Секако се јаки алергени, па ако има нешто ќе покаже.
И пишав на жената за да си земам тегло мед со млеч и перга. Вика дека пред да идам накај неа треба да и ѕвонам, бидејќи тогаш го мешале со млеч и перга. Не им стои измешано. Што значи е свежо, пресно. За мали деца по едно мало лажиче.
Тоа што ти кажал е точно многу малку има матичен млеч. Матичен млеч и мед може да се дава од навршена 1 година. Од 1 до 3 години се дава по 5мл на ден или една лажичка пред доручек. Јас почнав ампули да користам сега за сега не појавил алергија ама и стомачниот вирус на нозе го помина како ништо да не е.
@Dikinzi Хахаха е дибро е глупо ми беше да прашам ама па што....ќе му ставам повеќе и готово. И така млеко пие онака, јаде све и богами доста јаде )) фала ви
Една тегла е 2650ден. Матичен млеч 10 мл 1600ден. Перга 20мл 600ден. Теглата со мед 450ден. Јас тадури сум била грешка дека е 800 денари млечот.