Јас користев за мене матичен млеч, и тоа го добивав дома испорачан во сад за ладење бидејќи не смее ни да се транспортира на топло, туку на ниски температури. Смеев да јадам само на врвче на лажичка наутро. На син ми не сум му дала сеуште. И кога мислев завршивме алергени, ми покажа страшна реакција на ореви. А буквално се' конзумира, кикиритки, лешници, бадеми, индиски ореви и на ништо не реагираше.
Од кај најде чист матичен млеч ? Сигурно е прескап. Ама ако има некој што продава можеш ли да дадеш контакт ?
Колку време трае овај стомачен вирус? Сите дома сме хаос, дете само повраќа што и да внесе го повраќа
24 часа али после тоа треба време за опоравување болку во томак, желудник, кркорење, столицата да се среди.
Стомачен ? Од каде стомачен сега ? Нели се извртеа летово доста стомачни? Секој различно, за 3 дена би требало да е супер детето. Сега како е ?
Незнам ни самата од каде како не затера периодов све мора да поминиме. Добар е вака нема тт има апетит али повраќа, јадеше кифличка така без ништо, една рака смоки, течности пие многу и тогаш кога ќе се напие повраќа еве денес втор ден..
Мене пред 2 години 1 недела ме држеше повраќањето и проливот ептен тешко поминав до инфузија стигнав. Вирусот го поминал ама сега се му раздразнето треба период додека се смири организмот. Само гледај да е хидрирано детето и ќе се смири пополека штом нема тт добро е.
Јас би давала полека течности, лажиче по лажиче, за да не повраќа тоа што пие, да не му се оптоварува сега стомачето.
Правам инсталации два пати на ден, вадам мрсулчиња , прскам со спрејови. Малку има мрсули и пак 'рчи.
Да, синко сега рчеше. Инаше мрсули и од тоа беше затнат. Инсталации или инхалации мајка? Аутокорект? Не правам ништо, само изомар, па влечам, па оспен и толку. Давам и виранто. За три дена му помина.
Да за жал. Кога има секрет од носот повеќе рчи али кога ќе престане секретот уште 2-3 дена рчи после тоа не. Али највеќе рчи на стомак кога ќе легне.
Не е затнат ама му тече носето и првата ноќ ми хрчеше. Му го ставив главчето на повисоко (два пати здиплено ќебенце зашто немам перница сеуште) и сега поубаво спие. Од вчера почнав со оперил и доста подобар е. Не ми текнува каде зборевме за гумени чизми, ќе пишам овде. Дефинитивно вреди да се посети Метро продавницата ама за над 2 години. Има преубави модели и внатре се со убав материјал. Најмалиот број е 22ка ама доста голем е калапот. Не беше малиот со мене да пробам може добри ќе му беа ама не ми се ризикуваше. Некој друг предлог од каде да му купам? Само да не бидат како оние од Крш или Просветно дело гума и во внатрешноста.
Имаш во Кеги баш ги ледав 1500 до 1800 се внате со крзно надвор гума https://kegishoes.com/производ/detski-cizmi-model-dinusaurus/ има и други модели ѕирни ги Јас му земав високи патичиња ептен лесно се облакаат и убаво оди со нив. По задоволна сум од Кеги одколку Колев и Колев.
Само таму не влегов заради влошката. Има перниче на средина? А во КК прашав на влез само и ми рекоа немаат мали бројчиња.
Здраво мајки. Долго време не сум се вклучила. За медот што пишувавте, каков треба да биде? Цветен, планински... Или нема врска. Друго, за чизмички, сакам и јас да му купам за во вирчиња. Онакви гумени. Има ли такви малечки, 20ка 21 бројче? А @Jana06 , пред некој ден му зедов кондурчиња и гледам внатре испакнато малку како брекче, ама не големо. Ѝ викам на продавачката дека нели по препорака од ортопед се земаат такви, таа вика не не, вакви треба да носи за стапалото да добие форма, да не се рамни, да не би дустабанлија. Ги зедов, дали згрешив- појма немам.