Сируп за деца над 1 година. 10 мл дневно ама се дава по 5 мл сабајле и вечер. Јас давав сега и еве трет ден носето му се смири. А имаше многу секрет. Плус ОПЕРИЛ прскав.
Бевме на преглед пред 2 месеца, кај Зоографски во Велес. Човекот е стручен оториноларинголог ( кој знае дали го погодив зборот ) , рече дека е многу мала да се провери 3 крајник,тоа после 3 години демек. Уште тогаш му реков на сопругот да праша, и така ни рече. 1год и 8месеца е.
Не е мала, проверуваат. Мојот последен пат кога беше ептен болен, пулмолог и орл ми рекоа кога ќе оздрави да го носам, имаше 15 месеци. Само ми кажаа дека прегледот е доста непријатен (ама не се секирај, ќе викнам две сестри да го држат ) и нормално не го однесов. Си реков ако уште еднаш вака се разболи тогаш ќе го носам. Имаше некоја членка што проверуваше само дали ќе ја погодам, ако прочита нека се јави
Не е прв пат да трескам. И на мајка ми на телефон упорно и велам оспен а мислам на оперил спреј. Фала што ме поправи.
Женски, дете од година ипол, многу е агресивно, напаѓа други деца, ги гризе (само оние што се помали од него, ги пикира). Го напаѓа и моето кога е кај мене, ми го тресна по глава 2 пати за 1 секунда, срце ми застана. Јас морав со мајстори во тој момент да се расправам, мислев мајката ќе гледа. Како да му пристапам на детево кое со моево се први братучеди, да му објаснам дека не треба да тепа, треба да се сакаат и се тоа. Нема шанса да попушти, колку и да му зборувам, гледам кога сум таму да му обрнам максимално внимание како и досега ама џабе, штом го види бебето, само чека момент да го звекне. Инаку ние со детето од раѓање се обожаваме, се гушкаме и галиме, па изгледа сега се осеќа изоставено иако навистина не е така. Но досега он беше единствено дете во фамилија. Детето и често се удира само себе. Мајката не е заинтереаирана ни за наоѓање решение, ни да го смири. Интересно и е да го гледа син и така, он ќе ги тепал сите, најјак ќе бил.
Или разговарај со мајката, или повици тон на детето дека не треба така да прави. Она ако не се зазима за нејзиното, тогаш ти за твоето
Не бевте скоро со бактерија во нос? Пак ли носето? Аман овој период глава не можеме да кренеме од вируси и бактерии. Пиете ли нешто за имунитет?
Да да.... Ама док ни рече ако нема симптоми како покачена тт да не пие антиб.... Сега пак носето и почнува да кашла... За имунитет не пие ништо ама одиме во графинка и периодов плус е зезнат :/ од сабајле ладно попладне топло и толку треба Ајде само нека им мине што да речам
Не ми е за мода далеку од тоа и најшарени да се ќе ги купам. Али јас барав флексибилни да се и да може на мокро да ги носи. Сите спортски патики се мрежести, здравје такви на пролет или лето ќе гледам
Мајката е за тепање затоа е детето такво. Такво дете има вишок енергија и треба да му најде занимација т. е. на друго место да ја вади нервозата. Надвор да трча со топка и родителот да биде вклучен во истото да му објаснува и збори и без тепање само со повисок тон. Али со оглед дека мајката не реагира ти треба да му викнеш гледај си твоето да не настрада.
Мамички не знаев каде да го поставам прашањево ако има соодветна тема слободно преместете ме… Вашите дечиња на која возраст отприлика носеа обувки број 22? Знам дека е субјективно ама да имам некоја насока…Добив на поклон патичиња ама високи како чизмички ама ако ни доаѓа на лето да ги носиме да одам да ги сменам за помали дури имам рок…Фала