За мокро си треба гумени чизмички. Ама на дете кое е тукушто проодено патики се најдобро решение. Ке си купиш онакво гумено за одозгора и готово. Ние и немаме толку дождливи денови. Јас не би купила обувки од таму пошто се како камен. Доби едни на поклон синко и немку беа згодни ни на две години. Синко на 1 година носеше 21, први обувки откако прооди. Сега носи 26 на 2 години. Многу е индивидуално. Доби патики 23, во продавница им кажале на 2 години таа бројка ја носат на 2 години.
Знам дека е индивидуално затоа нзн што да правам…ние сега на 8 месеци носиме 17ка ама веќе кнап ни се, иако само за мода ги носиме е сега овие 22 ако би му биле бар на пролет точни супер, не сакам да ми пропаднат затоа нзн што да правам
И да му се таман тие патики се ужасно тешки и незгодни за ново проодени .Нас ни ги донесија ,дали 2 пати ги облече.
Земи си тренерки мајка, тоа ке износи. Патики кога ке дојде време ке измериш и купиш. Убави ти се најк револушн 5 и стар ранер 2. И адидас имаат еден убав модел со мрежа ама не знам кој, нека кажат другите мајки.
Ако сакаш со мрежа тие што ти ги пиша Мила .Ако сакаш обични овој модел е мек и згоден .Барај го под име Адидас Алфаспорт затоа што има слични со тешка гума.
И едни со мрежа од адидас има убави ама не знам име на модел. Ке ги имам во предвид овие како модел. Не земам адидас, почнав со најк и само му земам поголем број и различна боја. Ама веќе и 27ца купив исти како што имаше, менував подарок. Адидас не знам ни кој број да земам, а моделите не ги знам за онлајн.
Дали навистина би купила такво за патиките? Па не се сите толку тешки чизмички и кожни патики да не може дете да оди и да мора да бидат оние мрежести и за во зимо. Не е мода во прашање, едноставно можат да се најдат соодветни обувки а не гуми . Јас му зедов Џордан кожна патика супер оди во нив, трча, нема проблем. 19месеци е.
Зборев за конкретните од кеги и колев. Јас лани му земав тимберленд ама не ги сакаше. Ем до глужд и стегнати, ем не толку лесни и флексибилни како најки на кои навикнал. За зимава гледам гумени. Инаку 2 г и 2 м е синко. Кај нас нема којзнае каков избор, ти не живееш тука штом си зела џорданки. Или ти донеле од некаде.
Овие се убави и одлични - Adidas lite racer 2.0 I На година и два месеци носеше број 21 (12 cm стапало), па сега на година и пет месеци зедов 23 (13 cm стапало).
Да, последниве месец дена ептен хрчи, а кога го чистиме носето нема многу секрет. Не знам дали е ова нормално, сепак не е настинат ниту болен, дали може да е алергија на оваа возраст?
Синко имаше темп 12часа во четвртокот, после тоа му помина. Денес на крвна слика 35црп. Матичната тек во пон ќе види резултати. Сега е добар, има ли потреба да одам детска клиника да барам да ја видат крвната слика?