Другото како е освен црп? Има ли др симптоми плус или само тогаш покачена температура? Ако не нема потреба да одиш во пон со матичната ќе се видиш
@Dikinzi Јас го носев за трет крајник во Ремедика и тоа два пати до сега. Непријатен е прегледот ама кратко трае, така да мораше да се издржи. Кај него е откриен уште на годинка, ептен има проблеми, хрчи, диши на уста, носе често со мрсули, слип апнеа… и сега е скоро 1 и 7м и не е подобрено и покрај терапија. Ќе правиме операција.
Добри се другите вредности. Нема температура, носот звучи нешто како да му е затнат ама не му е, цица без проблем. Брисеви од нос и грло се негативни, нема бактерија.
Јас од пред месец дена сум за тука ама никако да пишам ,ве следам по малку и тоа е ,се нема време. Напнат период ,преморена од работа а на госпоѓицата моја и текна да прави штрајк со втората дремка па еден ден ја спие еден не. Нели се мали на 13 ++ да намалуваат дремка ? Завчера ноќта мноогу тешка ,цела ноќ на секој пола саат плачеше од толку вриштење мислам дека грло ја фати ,па нос почна да и тече а и стомак изгледа ја болеше кога плачеше кога ќе се испрпаше прекинуваше со плачење и ај викам чај од нане ќе и дадам. Нема шанси бе кога го џитна шишето летна. Ај викам со мед малку ,цук 2 голтки и пак го џитна.... Како да ја научам да пие чај ?
Синко од 1 година има една дремка. Така да не е рано. Поубаво ке ви е со една дремка штом само детеѕо решило да ја скрати.
Мојов едно време имаше една дремка, исто околу 13-14 месеци, па сега пак се врати на две. Се преморува од трчање, скоро ич не седнува и не може да издржи само една да има. Станува во 6, во 10:30 заспан е и станува во 12, па после во 16 пак спие уште еден час и вечерно заспивање му е во 20. Мене поубаво ми беше со една, спиеше околу 2-2,5 часа, но ете сега пак си сака две.
И мене ми е супер со една,поорганизирана сум. Двете си преспиваат заедно и полесно ми е. Поголемава до година имаше 2 дремки,едната 45 мин.другата 1.5час. Малава сама си премина на една дремка 6-7 месеци имаше и си спие 2-3 часа со будење на цицање и презаспива.
@Осе И мојов на 12-13 месеци имаше една дремка и исто како кај Оли кога почна многу да се движи надвор од умор заспиваше по втор пат. Сега пак се врати на една дремка од 2-3 саати. Многу полесно е со една, барем за мене. @elimkd Црп се проверува најчесто кога има висока температура, кашлица или не дај боже потешки симптоми и најчесто укажува дека има воспаление во организмот. Кај децата најчесто е бактериска инфекција нели често се болни ама на пример кај возрасни може да биде и знак за нешто многу посериозно. Пример, може и да кашла ама црпто да е ниско, значи може и алергија да биде. Најчесто се прави ако не е сигурен докторот каде е проблемот според обичната крвна слика. Ова вака лаички ти објаснив, некој стручен може подетално да каже.
@mal.ecka @Jana06 Ама вие сте си дома затоа ви е полесно ,јас на работа цел ден и ко ќе дојдам си бев навикната да цица да отспие јас да јадам раат и да одморам па после да урламе заедно . Ама знам и зошто не спиела, зошто двата дена првата дремка и била 3 ч. сега ми се кажа . Еве денес заспа ... @elimkd на гооднјат ли беше не знам ама читав дека од 16 месеци се укинуваат втората дремка затоа мислев е рано. Ама ќе се смени сега целосно се од градинка ни рекоа од 6:30 до 6:50 прием од понеделник а она навикната до 8 скоро да спие ... Туку има ли и на друго место толку рано прием ...нели е прерано тоа за јасли ?
Здраво мајки Дали вашите деца пијат млеко од тетрапак и какво; ние сме веќе големи (20 месеци )имаме домашно козјо млеко но никако не сака да го пие само во каши му го мешам; па не знам дали да пробам со кравјо ???
На 13м и син ми ја отфрли дремката една и сега спие еднаш денот по 2 и пол часа. Иначе го поминав истиот период на 13++ има скок и на секој пола сат се будеше со плачење и неможев да го смирам и во сонот липаше некогаш..
@Осе Да, те разбирам. Ти треба време после работа да одмориш, а ти продолжуваш дома втора смена што се вика Мене ми е погодено дека работам до 12.30, а после сум на дежурство до 17 и седнувам на компјутер по потреба. Он спие од 13 до 15-16. А сега како тргна во градинка на раат работам, ставам ручек и до 15 имам време да одморам. @crazylady Му давам тетрапак кравјо ама не го пие туку во вечерни каши. Јас не гледам некој голем проблем и да пие, се додека не му заменува оброк. Битно ми е да има 3 убави оброци дневно, а се друго ако сака не му забранувам. Се тегне по млекото ама пие 2-3 голтки и толку.
Не пие од тетрапак пие само Алпско без лактоза од тоа нема мака на стомакот. Иначе адаптирано му давам 12++ месеци е и ќе продолжам навечер да му давам. https://kegishoes.com/производ/detska-patika-bono/ Вакви патики имаме ние и цели се виткаат баш се еластични и ноџето одма му влага и стабилно е.