Убаво е Кога почнуваше со дохрана му обарував јаболко и на форум баш пишуваа таа вода ја давале на бебињата. Еве хип не го сака од јаболко со ова нема проблем
Епа штом уште од мало е навикнато на компоти и сокови, сега не сака вода. И нашиов не пиеше на почетокот, со лажичка му дававме, ама никогаш не сме нуделе друго. Сме се држеле до тоа дека овошјето е за јадење, водата е за пиење. Само упорност, не му нуди други работи и ќе пропие вода.
Јас му даваам на frutavita сок од јаболко кжна кој пишува дека е 100% имоора даа се испие заа два дена.. Од тука верувам во декларацијата декаа ннема конзерванси и ради тоа де расипува како. Се отвоори.. Иначе имам правено компоти од капини, малини, вишни со една до две лажици шекер на тегла бидеќи е кисеелл.. Сум му дала добро е пие ги и нив..
Во Охрид е продавницата. Инаку и со една друга продавачка зборував на темава рече вака: "порано сите ортопеди давале ортопедски обувки за проодување" и ги наброја и останатите потребни нешта за една обувка. "Сега не даваат ортопедски и затоа се криват во стапалата, дустанбанлии се децата" Ѝ велам нели кога расте стапалото ја променува положбата и тоа перничето ќе дојде на друго место? Таа вика стапалото расте кај прстите, тие се издолжуваат и не може проблем да се направи... Истава спомна и за гумени чизми за во вода дека на син ѝ нозете камен ладни му биле од такви. И обложени со волна внатре, џабе. И ме предомисли да почекам некоја колекција нова наскоро, некакви кондури дали на Цицибан ама ќе се шибаат под две три илјади. Шкрипец цврц
Давај да цица на 3 часа. Е исто и ова со рамни стапала. Врска со животот си нема оваа. Жално е што многу родители ја слушаат неа а не доктор. Како може стапало само во прсти да расте? Леле леле.
Знам дека си во Охрид, затоа и прашав која е продавницата, во Охрид и мене една ме убедуваше со без врска муабети кога барав топлинки. Ме скапа од убедување за Кеги, па како ете таа две деца пораснала и знаела и сл.
Па и не е многу лага шо го кажала тоа, повеќето се си рамни табани. Ама за да се оформи стапалото, детето треба да оди босо, да вози точак, да гази по камчиња и нерамна површина. Ние кога бевме сега на одмор, намерно ми беа боси , ете ради таа причина.
Девојки, ориганото спрејот колку може да се чува на отворено еднаш кога ќе се отвори? Јас во јули го земав, прскав и еве сега пак го користам и има фајде, гледам кај син ми...
Две прашања Колку дена им давате Виранто сируп Колку дена прскате од спреј диво оригано и каде се чува ( собна или фрижидер
И јас така давам, ради што не пие сокови, пие само вода, чаеви скоро сите само без мед чисто чајчето да биди. И често му правам јаболко и слива варам водата му ја давам, цреша, вишна, аронија и од тоа ја пие круша, јаболко, дунка. Правам различни комбинации и све пие
Мајки совет како полесно да се одбие од цицање страствен цицач? Пробано со намалување подои не успеа и како јас психички да се подготвам мислам повеќе ми е на мене тешко
Зошто сакаш да го одбиеш? Штом велиш психички да се подготвиш не си спремна можеби ни ти а очигледно ни малото. Подобро прашај во доење или ако има тема за одбивање пребарај.
И мојата е 18 месеци исто така страственА цицаЧка и не гледам за брзо да се одбива, само цице цице вика, јас искрено немам срце да ја одбивам, ќе чекам сама да се одбие, иако ми е напорно ноќеска се буди на секој час, бетер од новороденче, да цицне и ќе продолжи да спие и се така до сабајле Уморна сум и јас многу, дали 2 часа ноќта сврзам со спиење и толку, цел ден турбо, не знам уште колку би да издржам или пак се навикнав веќе, којзнае... Здрави и живи да се па сигурно нема да цицаат до 10 години еден ден ќе се одвикнат.
Да не ме разбереш погрешно, сзо препорачува до 2г минимум доење. Ако не ти е тешко и напорно да цица, и сакаш да го одбиеш само затоа што е голем а тешко ти паѓа и не сакаш немој. Кој што сака нека мисли и кажува како ти е убаво така прави си. Најбитно е ти и детето да сте среќни. Ова го пишувам зошто самата кажа дека тебе ќе ти било потешко отколку нему.
Нема штета никаква. Јас мислам дека многу делува на имунитетот. Додека цицаше ништо апсолутно немаше. И сега не е лошо ама се дешава настинка, температура, стомачен вирус.
Женски, на малата многу често и се воспалува десното увце. Ова е веќе претерано. Пак почнаа од вчера мрсули да и течат, и ќенка цел ден. Ќе барам утре упат, и ќе одам обавезно. Сакав да ве прашам дали знаете нешто околу често воспалување на уши ?