Исто на 13+ воведов мед. Ако имаш домашен,значи е проверено чист па немаш простор за грижа. Прво дадов да лизне со прст,ѝ се допадна,па сега го користам како засладувач во колачи,врз палачинки и овесна каша за појадок. За цицање,ќерка ми утре полни 18 месеци,сеуште заспива со цице но ја преспива ноќта,не ми пречи ич.Заби кога вадеше знаеше да се разбуди да цицне,ама тројките се веќе убаво излезени и смирена е. Ке ја чекам сама да се одбие,иако гледам дека губи интерес полека,повеќе и е гушкање и утеха.
И мојов демек сакаше перница, лежеше на мојата. Му купив негова од лимес, така на година ипол. Џабе, ене ја стои. Шета низ кревет цела ноќ, кај ќе се задржи на 1 место.. И уште знае да легне на мојата перница додека заспива, после си се спушта на рамно.
Дустанбанлија е дете со рамно стапало? Пресмешен е зборот Изгледа сите така прават, и мојот легнуваше еден период на перницата и прекина. Му купив сега пред некој ден носето кога му се растече за да спие убаво. Цела ноќ си спие на неа, не ја шета цела спална како порано, дали е до перницата или не ќе видиме, планирам да му ја тргнам до 2 години барем. Инаку, ја земав трослојната од Дормео и многу ми се свиѓа, и мм си зема за него.
Која цена е од дормео? @Cherry333 И мојов е така кога спие цел кревет го шета нагоре надолу попречно . Некогаш знае да полежи на перницата и пред да заспие си легнува на рамно, некогаш заспива на перницата некогаш воопшто не ни легнува. Имам една малечка од овие со постелнина што одат заедно ќе му ја дадам да видам што ќе прави. Ако сака да спие на перница ќе му земам мада Мал ми е некако за перница , аи не знам каква би му купила гледав од кика боо една ергономска ми се виде убава, еве ги фалат и лимес и дормео трослојната па не знам што би одлучила . Според препораките најрано е од 18 м заради намалување на ризикот од сидс мада декое бебе е различно
Двете ги земавме за 2500ден фативме некој попуст плус клуб картичка имаме, инаку една е 2500ден. Со тој најнискиот слој супер доаѓа, ептен е ниска.
@Monella на неполни 13 м. во постапалки те што ги правев имаше мед и дадов изеде таква потоа дури завчера на 13+++ месеци во чајче мислев дека со мед ќе го сака ,се напи ептен малку и нормално не го сака чајот ни со мед... А за редовно да и давам уште не сум почнала.
Убаво речено секој си знае најдобро. Тука разменуваме искуства. Кај мене се покажа вака. Синко доен 10 месеци, до 4 год не врза 2 часа ноќе. Ќерка ми сеуште цица- 26 месеци. До 6 ексклузивно, до 18 месеци повеќе цицаше од што јадеше. Првата година ноќе не стана скоро нити еднаш. Врзуваше по 12 часа. После никнуваа заби, стануваше но ретко и кратко. Сега после 2 год спие и скоро воопшто не станува. Може додека не легнам јас да стане да ме побара, инаку си спие убаво. Денски е обесена на цице и за успивање. @Monella имам пишувано за медот. Мене педијатар ми препорача мед после 2 год, поради големата концентрација на шеќери кои детскиот џигер не произведува такви ензими до 2 кои можат да го разградат. Јас го почитував тоа и сега дадов после 2 год. Можеби Грешам но подобро да не го оптоварувам мешето и џигерот доколку е така.
Исто правеше и мојот на таа возраст и му купив дормео трослојната, прво спиеше на едниот слој а после му го ставив и вториот слој и се навикна некако без перница не може да спие(3 слој уште го немам ставено бидејќи многу висока изгледа и не му е удобно)
Незнам еве се вртка цела ноќ имам една смешна мала перничка, ептен мека и ниска скоро како да ја нема ,му ја ставив ќе легне на неа ама пола глава надвор од перницста повеќе под торзо му доаѓа па ќе се тргне ја тргам перницата ќе дојде до мене на мојата ќе се качи пак ќе се тргне цела ноќ се шета по креветот незнам може ако му земам вистинска перница ќе спие на неа ама мал е и така во круг само си размислувам.
Околу четвртата година. Сега е 16 год и сеуште не е по спиењето. Доцна легнува во 7 најдоцна станат е. Инаку како мал многу голема мака имав. Тешко заспиваше, лесно се будеше по многу пати ноќе и седеше буден. Во 4 станувавме, пиев кафе, го хранев, бањав како утро да е 8 часот. Се пробав, сам во соба, приказни, песни, гушкање, лежење со него... Ништо не помогна. Ако имаш неспијач да е здрав и жив
Здраво од мене после долго време... Ретко успевам да најдам време да напишам некој ред овде, но редовно ве читам. Конечно се вратив на работа, бев речиси месец и половина на боледување. Средината на месец август едното од близначињата имаше операција на кила. Му се појави како бебче на неполни два месеци, па чекавме да порасне за да може да се среде. Уште на првиот преглед хирургот кажа дека нема да се повлече. На хирурзите таа операција им е секојдневна рутина, ама на нас мајките, ни се чини крајот на светот дошол. И додека трае операцијата од очај незнаеш на кој крај од ходникот да одиш за побрзо да пројде времето, а времето не поминува што и да правиш во тој момент. Син ми закрепна многу брзо, само еден ден бевме во болница (на детска хирургија). Задоволна сум од докторката, пристапот нејзин, и во целост од времето поминато таму. Додека бдеев над пресно оперираното меше, со мислите бев кај другото близначе кое за прв пат остана навечер без мене. Го чуваше мајка ми, мм беше дома исто. Воопшто не плачел, само бил многу тажен. Шок за него, кај ме нема мене, па и братчето му го нема. Досега никогаш и во ниту една ситуација не биле разделени. Среќа голема што се траеше кратко време. Мали брзо закрепнуваше, неможев да поверувам дека истиот ден кога стигнавме дома тој се пентереше секаде исто како и претходно. Раната веќе му е одлична. Контролите поминаа во ред. Почеток на септември решив да ги пуштам во градинка (со дозвола од хирургот кој го оперираше). Плачеа до откорнување речиси две недели. Многу сум благодарна и задоволна од посветеноста на персоналот во градинката, со упорност, постигнаа моите две близначиња кои освен мене и мм, друг не ги чувал речиси никогаш и се деца кои ретко имале средби со други лица од пусти страв од ситуацијата со ковидот, веќе се адаптирани, ручкаат оброци и спијат. Дел од боледувањето го искористив во прилог на ова, додека траеше периодот на адаптација во градинка. Сега, одам на работа без да се секирам, знам дека им е добро таму, навикнаа на новонастанатата ситуација. Заборавив кога последен пат биле со суви носиња и без да поткашлуваат, ама, тоа е градинката. Знаев дека вака ќе сме. Забележав многу позитивни промени кај нив откако се таму, фондот на зборови им е драстично зголемен, лесно прифаќаат нови лица... Наутро излегуваме од дома заедно, кога завршувам со работа ги земам и нив тогаш. И убаво е... Прифативме... цел еден нов свет за нив... Звучи како клише да, ама, навистина, како може толку брзо да растат, како? Ми недостасува 24 часовното време поминато заедно, ми фали да се мали.... Себична сум и љубоморна, дека растат со други ликови околу нив, ги сакам само за себе, ама, иако сум им мајка, зарем имам право да се чувствувам вака? Се распишав многу, а работа еден куп чека на мене. Убав ден мајки
Пред некој ден се зборуваше за чизмички ама некако не сфатив кој се убави и од кај би се зеле. Некој со искуство можи уште еднаш да напиши. Мало стапало има ќерката.. Едвај 20. Патики во зима не би. Фала
Баш неспијач е ... Голем.. К јјас джсее си ннадевам кесе среди каај и да е.. Аамаа не се полошо иполошо е
Незнам веќе шо може да му е 3ден плачи и ден и ноќ, ноќе на 30мин станува плачи и вика само мама преку ден исто не сака кај никој и све само плачи. Плачи ако одам во тоалет со солзи со викање на цел глас мамаа. На вечер не сака во креветче спие 3дена со нас али џабе пак плачи во раце сака одиме во 2-3часо по полноќ во дневна али ништо не успева. Станав многу нервозна жива ненаспана дали во овие 3дена имам се на се 5часа спиено незнам како функционирам, а и него незнам што му е ова е прв пат вакво однесување од негова страна. Иначе сме 14м
Мајки дајте предлог кои цртани ги гледат вашите најмили на македонски? Моево почна на англиски да зборува од гледање baby tv а без цртани не можиме да јадиме.... Кои му се омилени на вашите некако нема многу избор на наш јазик ....