Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.675
    порачав од овие јас па ќе видиме како ќе оди
     

    Прикачени фајлови:

  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Моето, уште од бебе му се потат нозете сега е скоро 13 месеци и зимно време мислам бетер дека му се потат и тоа со тенки чорапи. Нема никаков недостаток на витами едноставно си таков склетџија :)
     
    На eta и crazylady им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.374
    [
    Не знам колкаво е детето, ама ане е убаво да се дава сируп за кашлица. Може да ја смири кашлицата, и наместо да искашлува детето, да се спушти надоле секретот.

    Инаку да, мал е за асма. Ама ско не се третира, може да развие. На другарка малата на 3 години веќе 4 месеци е на кортико и вентолин, не проаѓа никако кашлањето.

    Ако има склоност на алергии, треба да се пази на се. Мувла, влага, прашина (теписоните се бр.1 алергени) и сл.од храна високо алеген е и сусамот, пазете го и од тоа.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    И јас денес ги вадев бебешките работи да ги проверам за второво бебе и што да видам скоро пола се со жолти флеки, а знам дека ги перев и така ги дигнав.
    И не се вадат со ништо, џабе ги перев пак.
     
    На Lady Leona, crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Мајки доколку барате органски сок ; случајно налетав на овај профил...


    Screenshot_20211009-224817_Instagram.jpg
     
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Цццц :doh: ко малку работа да имаме и уште плус флеки самостворени нѝ фалат! Од каадее? Некој хемичар нека објасни.
    Тебе вакумирани ти беа?
    Јас ги закиснав моите, со вениш прашак и уште едно средство и утре ќе видиме.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik, @RAK91 истото и мене ми се случува. Флеките се вадат само со омнио бланко и тоа убаво да си поседат со него едно 24ч. Директно врз флеката ставам и некогаш не се вадат. Јас се сомневам дека се од омега капките и се шират низ облеката.
    Сте збореле пред две страни ама и јас да се пожалам. Многу сум исфрустрирана баш заради тоа дека ете за некои работи сум незаменлива. Навечер мора јас да го заспијам, ако се разбуди мора ја да го презаспијам. Сме пробале, не сака никој освен мене. Јас треба да планирам што ќе се јаде и што треба да се купи.
    Многу од товарот паѓа на мене, многу психички се оптеретувам мислејќи и пресметувајќи што и како треба да се прави. Нема проблем, мм ќе направи што и да му кажам, па и да нема за јадење ништо се снаоѓаме... Ама ми фали да искочам сама без да гледам на саат кога треба да се вратам. Сакам да бидам малку сама со своите мисли. Ако мм го однесе некаде синко, тоа слободно време го користам за зачистам и да средам.
    Одвај чекам да потпорасне и да ги праќам на викенд кај свеки и двајцата, а јас да седам дома и да не правам ништо, само да со седам сама...
     
    На Madrugada, Lady Leona, eta и 14 други им се допаѓа ова.
  8. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    Супер, мене тие најмногу ми се допаднаа, ама немаше бројчиња за моите. Убав избор, со здравје да си ги носи :)
     
    На prinstongirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Katerin@

    Katerin@ Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,не знам дали ова е за тука,ама би сакала да ве прашам,имам ќерка од 1 година и 9 месеци,од кога е родена постојано ја носевме сегде со нас и на гости и во ресторани постојано со народ ја мешавме,живееме во мало каде постојано си одиме на кафе со комшиите и ги познава сите,после годината наеднаш се смени цела од сите и е страв од сите плаче и бега,плаче ако ја носиме во маркет или ако испаднеме да ја шетаме се плаши,дури и во продавница за играчки не сака да влезе,кога ке стасаме на некое место уште пред да влеземе и пред да види што е и каде сме таа плаче зајдува,не можеме од дома да ја изнесеме,од вчера еве плаче дури и за во нашата кола нејќе да влезе,3 пат откажуваме термин во Скопје за преглед на детска хирургија бидејќи треба да ја прават операција од кила а не можеме никако да ја однесеме по пат зајдува од плачење,кај мајка ми одиме постојано и порано трчаше за кај нејзе а сега и во зградата плаче нејќе да влезе,ако некоја мајка имала ваков проблем или познава некоја што имала и како го решила да ми каже би била многу благодарна оти јас навистина не знам што да правам веќе
     
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Исто и кај мене. На една блузичка одозгоре имаше како бело црвче. Таа беше најмногу уништена а под неа скоро на сите можни алишта имаше жолт круг. Како успеа така да продре се до доле не ми е јасно и на мене. :?:
     
    На elenaklasik и Осе им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik Мене па во плакарот така ,тие пролетни од лани неколку имав оставено за во случај да се расипе време и сега да видам тоа што е точно да оставам тоа што не е да вакумирам гледам флеки ли флеки .... Ги фрлив ,шубе ме фати.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.675
    Даа баш само. 22 останува... Ќе виидиме како ќе оде.. Мене ми е да нее му сее тешки
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе деца толку полесно, да не ви е време за второ?
    Се шалам, мислам дека ти се слоши кога прочита. :rofl:

    Дефинитивно градинка! За негово добро е. За разболување ќе се разболува и на 1 и на 2 и на 3 и на 4 и на 5… Песимист ќе ти каже ќе се разболува, оптимисти ќе ти каже дека градинката е за негово добро, дека на децата таму им е местото, градинката има многу позитивно влијание.
    Додека не почне во градинка нема да имаш време за себе, а искрено ни тогаш нема да имаш да бидеме реални. :D

    Според мене, што вика една инфлуенсерка, се е до мајндсетот :!:.

    Те сфаќам целосно бидејќи сум поминала низ истото, тешко е, а уште потешко е кога маж болен се заклучил в соба за да спие, е тогаш се чувствуваш како жртвено јагне.

    За будење, ќе се будат до 18 години, а и повеќе, а ние ќе сме будни се додека сме им потребни, а и кога нема да сме им потребни бидејќи ќе се прашуваме каде се и нема да може да заспиеме. Значи подобро да не чекаш да почне да спие цела ноќ (и узалуд да чекаш 10+ години) туку да најдеш време кога да поспиеш. Да не се изморуваш многу за да не ти се спие многу. Дома се да минимализираш и организираш. Да имаш распоред и секој ден се знае тоа и тоа во тоа време и нема бегање.

    Помош свекрва може и не ти е лоша опција само зависи за каква свекрва станува збор.

    Со мажот буквално треба да сте поделени во се и по можност повеќе на грб на мажот дека тие се нели посилниот пол. Обавезно да го шета сам надвор барем еднаш на ден и за тоа време да испиеш кафе на раат или да се избањаш да зготвиш, значи мора да напрајш нешто што те релаксира и опушта додека го шета бебето детето надвор.

    Најтешкиот период на мајките е оној низ којшто поминува мајката во моментот.

    Кога ќе имаш време за себе ќе имаш за сите, значи прво за себе, па за бебе дете, па за маж. Мажов зависи каков е, ако во ништо не учествува не ни треба да се има време за него, подобро разведена и сама отколку мажена и сама.

    Да не сфаќаш се сериозно, куќата не треба да свети, детето не мора да го бањаш секој ден, за косата има сув шампон, јадења по порачка, брзи јадења, генералка здравје во школо кога ќе отидат. Што можеш тоа и колку помалку тоа подобро.

    И гасење на интернет кај што се е совршено за да не ти биде уште потешко.

    Во која држава сте? Кај нас нема разлика меѓу државна и приватна во цената, иста цена се.
     
    На Madrugada, Lady Leona, Kallias2 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Дали гриз спремате со млеко или уште со вода после 1вата година?
     
  15. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Jas uste so vida
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Со млеко цело време го правам алпско без лактоза многу полесно му е на меше одколку со обично млеко. Бидејќи и во градинка им даваат кравјо така да неизбежно е, а да не дадеш.


    Дали при примање на мрп ги чувате децата дома или ги носите во градинка нај нормално?
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Си се изнапишала а мене како да ми требаше да те прочитам
    И мојата малечка од средина на август оди во градинка исто горе доле адаптација носе растечено вируси како и за сите.... И супер се адаптираше дури си бара да оди веќе сама..... Е сега јас почнав со работа од 1ви и од кога почнав мн малку време имам за со неа еден час пред да заспие само..... Не ме сфаќајте погрешно среќна сум што се джадаптираше моето девојче и во градинка и со баба од 3 до 5 дур да дојде тато од работа ама истовремено и толку љубоморна на сите нив што јас не сум со моето дете што го гледаат повеќе од мене :/
     
    На bela.m и Осе им се допаѓа ова.
  18. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Колку ?
     
  19. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Иста сум
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Win! :D
    Тоа со гасење на интернет кајшто глумат организираност и совршеност, се согласувам.
    Никаде не е совршено ниту па волшебно и бајковито.
    Верувам дека не постои мајка која не збеснала пред детето, која не опцула, која не ја забаталила куќата, која не посакала да е сама.
    Нам ни паѓа потешкиот дел дека ние психички сме уморни. Мажите толку не му ја тупат.
    @Butterfly1107 потполно те разбирам. Тука сме затоа бар да се поддржиме, да се искажиме дека не сме сами.
    Секој ден на норма сме, е па збоктисува. Јас едвај чекам да го заспијам, да имам време за тоа шо сакам да го правам, и понекогаш ми фали и мене тоа време за себе, цело време, шо сакам да правам, мое си е. Но, вечно така да сме, не сме избрале, сепак мораме напред.
    Добро е жената да си се стави на прво место, секако кога ќе помине тој првичен период бебешки. Да си ги задоволува своите потреби, да си посветува нега, зашто нејзина задача е да чувствува како жена, да биде удобна. Мене ми паѓа расположение кога се занемарувам не се осеќам добро и кога домот го забаталувам. Едноставно, секоја треба да се врати на старите навики кога-тогаш, и од мажот да ја има поддршката. И никако да не чувствуваме вина ако си правиме нешто за себе, ако повеќе внимание некогаш на себе посветиме. Не мора со мерач да сме нон стоп. И секогаш потсетување дека правиме доволно, онака колку шо треба и колку шо имаме сила. Таман е. :)
     
    На Madrugada, crazylady, dunika и 7 други им се допаѓа ова.