И јас понекогаш се осеќам виновна со тоа што наместо да го играм, јас средувам низ дома или готвам. Со мм сами седиме, баби/дедовци сите се на работа и нема кој да го чува освен нас. Со мм се менуваме ама сепак поголемиот терет на мене паѓа. Искрено, понекогаш оставам дома се' растурено и го изнесувам да го шетам и си велам секако гости не идат многу-многу, ќе си средам штом се вратиме. Се случува и хаотично да се осеќам кога знам дека сето е играчки по дома, чинии чекаат за миење/средување и што ли уште не наоколу, ама си се тешам дека не може секогаш се' да е под конец
Мајки, ми треба еден совет. Или подобро кажано памет. Имам едно дете, момче, 1г и 4м, лепенка на мајка. Решив да го одбијам од цицање, ама изгледа тешко. Прво, многу плаче, дури губи воздух, второ, се намачкав со горчливо, цица и се гади, па и му се креваат црева нагоре до грло, ама цица. Сега сум на мисла, дали да го одбијам или не. Ни јас не сум скроз сигурна. Пандемија е, може е подобро да цица. Инаку решив да го одбивам заради лекови кои не одат со доење, и зашто е премногу лепенка за мене. Памет да ми дадете ако може.
Ако пиеш лекови кои не одат со доење и стручно лице ти го потврдило тоа одбивај го сепак се работи и за здравјето на малото, а за лепенка немој да мислиш дека ако не го доиш ќе се одлепи, радувај се на моментите брзо растат после ќе бегаат од нас
Тие лекови може ли да се заменат со некои други и дали си 100% сигурна дека не идат со доење? Јас лично во таква ситуација не би го одбила кога детето не сака да прекине ама да провериш околу лековите дали има решение. А ако мора тогаш мора, за жал.
Лековите ако не мора да ги пиеш не го одбивај. Ако го одбиеш може уште поголема лепенка да ти стане, не значи дека нема да е лепенка. Нормално е тоа. Мојата колку повеќе ја одлепував од мене толку повеќе се залепуваше за мене.
И јас да се вклучам во темава, иако малку задоцнето. Дефинитивно исто се чувствувам, мм се труди и помага постојано кога може, но целата организација на денот и се што е тековно за синко паѓа на мене (без градинка, без чување од баби и дедовци). Ми фали да седам и да ми биде досадно, да седам и да размислувам за се и сешто, без грижи и обврски, да си се средам онака убаво, да се дотерам, да излезам некаде... ми фалат и тие спонтани роматични вечери со мм, или барем да изгледаме цел филм заедно без да заспиеме и двајцата од замор... толку многу обврски, грижи, планови, организации... но она што ми дава сила и мотивација е фактот дека се поминува, и оваа бебе-тодлер фаза ќе помине, и има свои убавини и радости и покрај тоа што е толку напорна... и кога ќе поминат 10 години и нема да сака да седи и да си игра со нас, со носталгија ќе се сеќавам на овој период... така што секогаш имајте го на ум тоа, мене ми помага
Со млеко послем годинка почнав да го правам, исто и кашите со ад кога ќе ги направев не ми ги јадеше и сега све што треба му правам со кравјо. А пред спиење пие само ад.
Мојата утре тргнува во градинка.се спремав за наутро,но јас неможам да заспијам имам некој немир,изедов цело киндер буено од нејзините чоколади
Мајка и јас имав премногу трема и сабајле татко му кога го однесе за прв пат се утепав од плачење. Се осеќав како предавник кој си го остава своето дете Поминува и тоа чувство, верувај кога ќе се адаптира планина ќе ти падне. Со душа чекам утре сабајле да дојде да го однесам и да одморам од продолжениот викенд. Ќе видиш и колку убави промени ќе има кај неа, навики, ќе се дружи со деца, преубаво ќе и биде. Не се секирај
Кере ја одбив на 20 со постепено намалување подои прво откачивме вечерта пред спиење па и ноќните после месец и на крај на 20 и тој преку ден пред дремка.... Мн мк помогна моментот дека веке беше пројдена акомодација во градинка и решив таму да спие..... Инаку ако го обиваш само ради лепенка, кере и сега а сме во иста просторија мора до мене со мене додека сум во кујна она седи на работна маса и ми помага Јас ја одбив ем ради градинка ем ради соодветен (според мене) период кога почнува се да разбира ем затоа што сакам да се вакц во догледно време ( мое мислење не мора да е сечиво) ем дека веќе тој еден посој и бешњ повеке терет за да заспие отколку помош Како и да одлучиш со лесно
Ми треба помош Дали некоја има нарачувано од овие SPIRALE чизмички на sport M како сте задоволни и бројка да земам ист број со патиката? Сега носи 24,5 reebok тие се 14 цм а на Spirale вика дека се 23 ка 15 цм
Ме утеши ептен јас цела вечер неможев да заспијам,ја оставив не се ни заврте по мене пола саат бев пред градинка не заплаче,сега ми се јави учителката на месанџер си игра ама мачето нејзино од дома не го пушта и папуците не давала да и ги соблечат,ми рекоа во 11 ипол да ја земеме не правела никаков проблем.Денес е збунета,утре незнам што ќе биде... Јас сабајлето пошто ме чекаше на врата за чао си ја заборавив чантата дома,цело време сум под стрес на работа ама гледам денот поминува нејзе убаво и е
Мајки, малку помош ве молам. Сега читав на интернет за знаци на аутизам. Беа набројани неколку нешта што спаѓале во stimming, односно повторувачки работи или тикови. Дали вашите деца на година година и пол се радуваат со мавтање на рачињата? Мојов така прави како да ги пафта во воздух, на англиски flapping hands, потоа кога седи на кревет потпрен, знае да почне да се ниша односно да се удира со грпчето по потпирачот, дали е вообичаено ова?? Инаку се врти на име, моторно е развиен, се качува сега по предмети, година и 7 месеци има. Ќе испадне дека и дете што се врти на име и реагира може да има аутизам. Скроз сум збуната и бара знаци само. Едит: и дали прават некои фацички, гримаси, ко како кога вкусуваат кисело, ама тоа пример како почесто да го прават
Дете е и нормално е да се "глупира" пример мојов научил во градинка да оди до некое дете и негователка и со искривена глава да и стои и да и се смее мисли дека ѕе му прави децата со утизам не знаат да изразуваат чувства, не сакаат да се гушкаат, во гужва знаат да изреагираат многу бурно. Мислам дека детето твое ги нема овие проблеми и тоа што се мава во кревет со грбот што е клати сите деца го праат и јас го имам правено и немам аутизам . Аутизмот кај некои може да се појави на 1 година но многу е ретко обично е од 15+ месеци. Детето твое е сосем добро развиено ако оди во градинка учи и од другите деца што прават тие тоа и детето ќе научи. Мојов е 13 месеци скоро и плеска со рачињата и ги крева во воздух и си трчка и со напрчена уста дува
Децата на таа возраст сакаат да имитираат. Ако им е интересно нешто си го повторуваат. Ти си мајка и го следиш детето. Ако се сомневаш и не ти дава мир има стручни лица. Ама ако си увртела во глава од читање на интернет тогаш не е здраво за тебе да продолжиш да бараш знаци. Јас имам дете кое зборува многу слабо за возраста. Ама никогаш се немам посомневано дека има аутизам или друг проблем. Гледам дека е здрав и многу многу паметен. Точно е дека следам се поврзано со говор ама не се секирам. Затоа и го немам носено на проценка на логопед. Друга феминка го носеше детето и ништо не и кажаа што јас не го правам.
Ја удираше главата од потпирачот, од прозори, од паркет, од ѕид и му помина фазата. Оди низ дома со 'duck face' (пресмешен е) и најново кога оди го тресе едното рамо како да игра на турбо фолк И јас се загрижував порано, сега сфаќам дека на 2-3 недели си измислува по некоја глупост.
Имоето мафта со рсцете ко че трча посебно.. Ако дететеразбира има контакт со очи да не се секираш.. Плус големко е веќе треба да ззнсе кога ќе му речиш донеси ова, или ккаде е топката иодма тука реагира се врти бара.. Така да без паника