Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.675
    Се надевам.. И изгледа ѓонот мек на слика. Дури и ги прашаврекоја мееки се.. Година ичетири месеци сме ние и знае сеуштеда падни, сопне, плетка нозе коче брза ( асе брза и трча) ќе му тррба инеколкуденовви да ги разгази сигурнодур му легнат на нога
     
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Не оди мојов во градинка сѐ уште. Ја нема примено вакцината мрп.
    Гледам дека слични работи прават, вака бар кога гледам слично кај сите, подруго е.
    За клатење сите сме правеле, па немаме аутизам, точно.
    Читкав на англиски што значи stimming и ми излегоа сите работи кои спаѓаат, всушност тоа се тикови повторувачки моменти кои сите ги имаме. Како на пример: грицкање нокти, виткање прамен коса околу прст, пукање прсти, тропкање со прсти, со пенкало на маса, вртење, скокање, стискање мозолчиња многу други работи. Значи ги има секој човек и преку нив се смирува во некои напнати ситуации. Јас на пример, кога сум нервозна несвесно почнувам да се чепкам во коса, го стискам лицето и грбот си го чепкам. А кај деца со аутизам тоа е неконтролирано, не се свесни за влијанието врз околината.
    @MilaSs12 , да јасно ми е дека имитираат и нови нешта учат. Баш и аутистични деца имам сфатено дека често повторуваат, всушност со часови една иста работа ја прават.
    Син ми го пратам, по мое е таман (пу пу пу да не го заречам), ама ми се увртуваат мисли чат пат или е вака ќе прочитам за некој на инстаграм и одма барам на гугл, па се преиспитувам. Мојов ептен слабо зборчиња досега, само мама дадада дедеде ууу и нешто по брборешки. Да најдам асален логопед го носам на проценка.
    @Jana06 , не ја удира често главата, така повремено, е и мојот знае од прозорец, од ѕид ама на тие места пополека и трепка тогаш демек може да се удри, а на кревет знае меко и кога ќе фати да се мава па и прстот в уста и ко некое епп си прави.
    Баш и мојов со напрчено муце оди, ама и фацки прави намрштени. Сега во кујна се врти накај прозорецот кајшто може да си го гледа лицето и прави гримаси си приправа.
    @prinstongirl2 да има контакт со очи, разбира секојдневен говор и одговара на барања однеси донеси побарај исплаши ја баба и прави фацка со отворена уста...
    Тоа сѐ го следам и затоа досега бев мирна, ама ете ќе отворам негде нешто и одма ме копка.
    Фала ви женски :*
     
    На prinstongirl2, crazylady, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.699
    Допаѓања:
    18.364
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik мене ми звучиш како испаничена без потреба. Се што наброја е фаза. Синко колку фази имал не ми ни текнува што се се глупирал.
    Штом слуша наредби и се останато, јас не би си правела нервози. :hug:
     
    На crazylady и elenaklasik им се допаѓа ова.
  4. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    И моето е лепенка го одбив на 1г и 7м и пак е лепенка за мене, така да не очекувај дека ќе нема пак да биде лепенка.. Кај нас успеа сенф, а сум слушала некои и со паста за заби или оцет ставале, ако си решена не се враќај биди упорна колку и да ти е тешко за два три дена ќе заборави.
     
    На Leo_29, crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.159
    Пол:
    Женски
    Мајки, едно прашање за Киноата (порано се зборуваше нешто за неа ама имам заборавено). Денес прв пат купив (од Кам некоја обична), досега јас немам пробано а и на малиов прв пат ќе му давам (17 месеци е). Со што најчесто ја комбинирате? Дали ја кисните, на нет читам само се вари, и колкава количина ставате?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.804
    Пол:
    Женски
    Искисни ја од вечер, свари ја. Се кисне за да не горчи.
    Може со овошје, како салата со зеленчук, во смути, како сакаш, така, моиве со банана ја јадеа ко беа мали, сега не ја сакаат.
    Две лажици ко за почеток, со филџан вода.
     
    На mal.ecka и lavinija28 им се допаѓа ова.
  7. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Ве читав за фазите и што прават вашите. А, има ли некоја фаза на тресење? Неколку дена забележувам одвреме навреме ќе се згрчи и стресе цел, како да му студи, а не е до тоа.
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    И мојов така, ко да се стега на моменти. Пример ако стане од хранилка наеднаш да се пентери и кога ќе му свикнам знае да се згрчи.
    Во кои моменти го прави тоа?
     
  9. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Мислам најчесто кога ќе се возбуди или изнервира нешто прави така. Се стресува неколку секунди целиот
     
  10. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Мојата така прави кога мочка :D
    Баш забележете.
     
    На mal.ecka и bela.m им се допаѓа ова.
  11. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Мајки, бебињата што ви имаат 13 месеци и ++ по колку дремки ви имаат преку ден и колку долго траат? Почна деновиве тешко да заспива навечер и да нема ред. Вчера го заспав 21.30 денес уште дава отпор не е заспан. Ама спиеше попладне од 17 до 18.15ч. Да не му е доцна таа тремка?
    Станува помеѓу 7 и 8, спие еднаш околу 11 па околу 16ч, спие по саат некогаш саат и пол. И навечер до 22ч е заспан. Имавме 8ми скок, заби вадеше, сам од 3 дремки по пола саат си скрати на 2 по саат...па дојдов јас од болница со бебе и тука почна некое извољевање...некако многу фактори ни го изместија редот :(
     
    На Silvi00 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.499
    Пол:
    Женски
    Понекогаш едвај чекам да дојде понеделник , да одам на работа . Ами сега 4 дена бевме дома . Дождливо време , дома што да ја анимирам . Јас да средам летни есенски зимски алишта...таа пред мене зад мене.
    Мајка ми ја чува , и детево е среќно таму куќава игротека е .

    Е.сега мојов уште поголем проблем ај што не јади не ни прејади . Ами со саати ја заспивам навечер. Фиксно 1саат а може и саат ипол сме затворени во спална. Си се валка ,станува оди по спалната. Си игра. Настапува мм уште некој пола саат.
    И така секоја вечер.
    Имаме пробано и со 1 дремка и со 2 ,исходот е исти
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Ако е во период на проодување или друга фаза, така прави поради тоа. Ќе помине, само држете рутина, бидете доследни. И за јадењето пробајте сама да јаде, со рачиња да фаќа.
     
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Дојде ред да ја надрасниме и темава. Вчера моите близначиња наполнија две години. Вчера денот го одбележавме дома само ние четворица заедно, додека во неделата прославивме нивно крштевање и роденденот секако.
    Поради ситуацијата со пандемијата пролонгиравме и пролонгиравме крштевање, но, мене веќе некако „склет“ ме фати што досега не го направивме тоа, па инсистирав заедно со вториот роденден да направиме и крштевка. Планиравме кај нас во двор, само домашните и кумовите. Арно ама, кој да очекува дека толку рано ќе дојде зима кај нас, па цел план се промени. Благовремено ни беа известени кумовите, па немавме можност заманипулирање со датуми.
    И на крај пак мораше да сме во ресторан, фамилијата и кумовите пак бевме десет души. Многу убаво помина се, ама јас цел ден бев на трње. Дали дека ние никаде не одиме освен релација работа-дома, луѓево околу нас нормално функционираат, ресторанот полн исто како за време на старото нормално.
    Спокој ми даваше тоа што многу, ама многу убав однос си имаме со кумовите, дополнително ме радуваше што нивното 4 годишно момченце толку многу се вознесе во улогата на главно кумче... абе да го изедиш беше.
    Моите палавковци многу плачеа во црква, дека големи веќе и разбираат се, многу убав чин е, па ги напрегав ушите да ги слушам молитвите.
    Во ресторанот беа расположени и смирени, дремнаа околу еден час во количка во цела таа гужва... Попладнето ги однесов дома, доволно ни беше на нас тројца.

    Секој момент, секоја издишка ја сетив вчера, од пред две години. Звуците на ОИНТ може ли мајка да ги заборави? Ја сетив голготата која ја поминав дури допрам до чеда...
    И еве ги сега до мене, моите двегодишни момци, кои се луди по мене, а јас милион пати повеќе по нив...
    Мајка да си, тешко било, многу тешко, многу храбро, многу убаво, многу убаво, најубаво...

    Им заблагодарувам на ситу друшки овде со кои безрезервно се поддржувавме во разни ситуации. Секако остануваме во контакт читајќи се во наредната тема.
    Овде запознав најдобри виртуелни педијатри, психолози, воспитувачки, негувателки, тетки, домаќинки, другарки...
    Се читаме во возрасната група од 2 до 3 генерацијо!
     
    На 0ли, mother_nature, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.499
    Пол:
    Женски
    16 месеци е,преодена е. За храна секако лом се прави, за сама да јади де. Ама само неред, во уста слабо . Подебели нерви да си набавам !
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Леле вака возбудена одамна не сум била :party: Конечно гребна долната двојка после пауза од 5 месеци раснење заби. Се надевам ќе се појават и другите за брзо и ќе здивнеме веќе од плачење и чешање :sweat:

    @Lady Leona Јас да ти кажам одамна баталив хранилка зашто јаде сам и теписите секој месец ги перам. Сега го оставам доле на паркет да јаде и после само бришам. Веќе цел месец е во фазон 'можам сам' и го оставам, огромен напредок има. Верувам дека и градинката има удел. Само манџи не јаде сам, до душа ќе погоди нешто во уста ама лом се прави, патики знае да облече и соблече сам, се качува и симнува по скали (3-4 скалички, оние во зграда не може сите да ги искачи без помош) и сега пробува алишта да облече сам и само ги става на глава и се нервира :D Ама во право си скроз, живци челични треба.
    Мене ништо не ми е тешко, трпелива сум по природа ама ова со забите ми ја црпи цела енергија.
     
    На eta, dunika, Snowflake92 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Женски
    Колку вакцини се вкупно од една до две години? Денес ја примивме таа за морбили па ми спомнаа уште две ама не знам кои. Фала
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Нашите се тука негде :) Има една дремка околу 12 до 14 часот и после тоа дури накај 18 или 19 почнуваа му се дреме ако дремне ќе си легне во 23 ако не дремне си легнува во 20 или 21 најкасно(ама со нервози е тие неколку саати). Најверојатно 1 дремка би му била доволна од 2 саата за да си легне рано :)
     
  19. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    И официјално го отпишавме синко од градинка. Се изнамачи детево, секоја недела температура, секоја божја недела крвна слика и брисеви. Антибиотици, сирупи и триста глупости… Доста е… Стварно е доста ми се смачи од животот. Требаше до петок да оди ама вчера пак температура крена. Ејј неделата имаше, понеделникот го поминавме во Систина и денес еве го пак… Најдовме жена да го чува и ќе си тераме така, здравје Боже само. Среќа и женава ја најдовме во последен момент. Не можам луѓе, се преморив. Не можам да отсуствувам од работа па кога дете спие јас работам. А јас не спијам воопшто и цело време сум и јас болна
     
    На eta, dunika, ThankyouGod и 10 други им се допаѓа ова.
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Касно е во 16ч да заспива, ако спие до 5ипол како ке заспие во 9.
    Обично тој период преминуваат на една дремка ама ако не може да издржи суште со една поместија втората порано.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.