Ние имаме една дремка од 2 и пол часа некогаш и повеќе Станува 8 и 30 или 9 легнува од 12:30 до 15:00 или 15:30 зависи Навечер заспива во 20:00 или 20:30 најкасно И мене ми бера околу 19часо да заспие али земам го бањам за да издржи покасно.
Еве и ние сме 13 ++++ или спие два пати и тоа по два саати па сабајле во 5-6 ми е буден или еве го спие од 12 до кај 15 па после не го оставам да дремнува
Нас уште не измачува горната двојка . 4ки пораснаа. Двојката се уште ја нема. И јас чекам на неа , со надеж за враќање во нормала.
Душа, нека се опорави, кога ќе пркне ќе пробате пак. И ние решивме да не го носиме уште некое време, барем до пролет. Еднаш се разболе, ама мислам од тага. Цело беше сменето детево и во однесување, после 2 недели неодење се врати во нормала. Битно тие да се здрави и среќни, ние со нив
Колку ад давате за 12+? Хип јуниор е по табела 2 дози 150мл готов оброк. 2ката го држеше од 19:30 до 07:00 сабајле без прпблем, сега со 3ката во 5 се буди гладен. Некако малце му е 150мл, смеам да појачам доза на млеко? И како да појачам пишува 135мл вода и 3 лажички ад ...
Ние од бејбилов 300мл навечер пие од 1+ што е од 8 вечер до 8 сабајле не се буди за јадење 300мл готово млеко
Толку е препораката или сама ја правиш дозата? Не знам колку да додадам дали да му дотурам 30мл и 1 лажичка ад дека чудна ми е дозава 135мл со 3 лажици кај ги најдоа меркиве...
Сама ја правам препорака е 90мл 3 лажички ама бидејќи не го држеше зголемив на 8 и пол лажички и доаѓа цело шише да го испие
Davaj kolku saka malku mu e 150 ml. Za 12+ treba 500 ml mlecno vkupno se mleko i mlecni proizvodi. Mojot poveke od 170-80 ne pie spie okolu 10 h nokeska
Дали да се жалам, дали да збеснувам, дали да си потагувам веќе и јас не знам што да правам. Имам дете лепекна, никаде без мене, не смеам ни вода да се напијам ако тој не е со мене, кај никого не оди, никој не сака да му зборува, само јас. Се си препишувам на одењето во градинка и попатните настики, ама до овој степен да се залепи за мене не очекував, дури тоа што од 6 месеци сам се заспиваше сега ни постана тортура, а и плус почна барем еднаш во ноќта да се буди Трескањето од земи за се и сешто и кенкање дека не е по негово почна и да ме изморува, зошто и тие сати кои ги користам максимално да му се посветам се со кенкање и трескање. Јас се надевам дека е фаза и дека многу брзо ќе ја поминиме, зошто навистина немам сила
Многу спие Ако може последната дремка да не ја спие, па да го легнеш порано. Моево (15м) еднаш спие, после пладне. Се што е по 15ч е реметење за вечерно легнување.
Тенк ју на сите за советите. Ептен нагло дојде дека заради лекови треба да го одбијам. Ми дадоа фора уште две недели, па после толку. Е сеа, три дена беше драми. Со лак за грицкање нокти се мачкав. Се гади и цица упорно. Сакам да намалам колку може следниве денови, иако сега цица кога ќе се врарам од работа, за заспивање и ноќе накај 3-4ч. Ако ме нема, не заспива. Се треска од земја додека не снема глас. Сигурно комшиите си мислат го колеме детето Инаку, јас не можам да издржам да го слушам пола саат како заоѓа, а јас да седам скриена во друга соба. Инаку, другото дете, исто со лак горчлив го одбив, ама успешно од прв пат. И многу млеко има, сигурно и апчиња за тоа ќе ми требаат... Ќе ви кажам дали славно ќе завршиме.
Во градинка е на режим и не познато му е и по мирен е. И затоа мора дома да се опушти. Таму не смее да да фрла да растура итн.
@Malesia Тоа е супер што во таа една дремка сврзуваат по 2-3 часа. Временски исто спијат само мојот во 2 дремки. Не би можела да му скратам на една, освен ако сам неке да заспие кај 10-11 таа да ја скокне, па како вашите да заспие помеѓу 12 и 15ч ама да сврзе бар 2 часа. Еве денес, стана 7.30, од 10 до 11 дремка, па заспа 14ч до 15ч и во 20.30 го легнав брзо заспа за во 22.15 да стане! Среќен наспан пее...не знам веќе што е ова како напраи година скроз ми изгуби ред
И кај нас од 13 ипол месеци се поремети спиењето многу, нема ред ни за денски дремки, ни за навечер, и многу касно и тешко заспива навечер. Значи колку и да и се спие, колку и да и се затвараат очите, не сака да заспие, јас ја ставам да лежи да спие, она станува се исправува, и се така додека не изгубам целосно нерви и трпение, па дури тогаш ќе заспие како да ме тестира колку можам да издржам
Исто од збор до збор! Ќе ме излуди, а имам и бебе 5 недели. Баш сум очајна, колку убав ред имаше ми се плаче...
Иккаај нас нема ред вечерно споење... 16ммес за некој. Ден... Лудило е вечер... Млментално вадиме. 3ки и преподујаани се.. Дополнитело изразено неспиењето... 5 6 пати станување во ппросек.. Еддна вечер ке спие мирно и убаво наредните пет е хаос.. Преку ден не можам да функционирам и душата ми игра оф нервоза оти не можам да го засспијам..