@RAK91 јас имам од vtech од бебе хоме го зедов за првото дете,уште го користам. Има мониторче, има да пуштиш песничка,да му зборуваш може, покажува и температура во собата,исто може да се гледа и светло ако нема. 100 евра беше .
И јас го имам истиот и многу сум задоволна, вреди за парите... Да напоменам нема опција да го гледаш на телефон, станува збор за мониторче кое супер фаќа и на далечина
Gotova sum znaci ...mu rastat 2 gorni dvojki i trojkite komplet gore dole se e ispaknato strasno za gledanje...Denes edvaj nesto prekasna preku den 15 min prespa, sega od 8 ipol do 12 ipol edvaj prespa se razbudi vikanje piskanje se treskase noz krevetot mu dadov paracetamol i mleko se napi eve edvaj zaspa .Sto pravite vo vakvi situacii ima li nesto so sto mozam da.mu pomognam granuli i takvi stvari mu nemaat vlijanie..
@Chuchanov јас зедов од КК Колев или како и да се вика продавницата...кумановски чизми од Тушевски..21 број. Кожни и водоотпорни.
Мене ортопедот ми рече дека е најубаво и за коските и за имунитет рибино масло посебно ми го нагласи маслото од црн дроб на бакалар дневно по една мала лажичка(кафена).Ако не го сака да му се стави во млеко или во каша.Од почеток на месецов му го давам
Мами дајте некои идеи за игра, занимација за 14м дете ние сме дома периодов, а не баш сме навикнати да седиме дома претежно надвор бевме али настинките си го прават своето. Досадно му е сите играчки му се здосадуват секој ден нова али не е тоа решение ќе се затрупаме во играчки што му го задржува вниманието дури 15мин. Кујна му купив дрвена, а за неа кејфот малку повеќе траеше, дури два дена али толку. Што правите вие по цел ден?
Сложувалка, цртајте, книги читаме, коцки редиме, мушкаме фигури, вопики има многуу нови интеракттивни игри сложувалки, риби да ловиш... Погледни баш
Ако треба јадење да правам му давам дрвена лажица и пластичен сад си тропа. Има чашки што се редат по големина како кула па си ги тропа нив, кога ќе му здосади тоа си играме со топка и на крај му се кријам и се бркаме низ дома. И книгана од просветно дело што е со звуци и таа му е интересна. Му пуштам песнички од Росица на јутуб му пеам и така.
Звучните сликовници се одличен избор, сега се на попуст во просветно дело, а во топер не се скапи. Овие две ги имаме и по цел ден ги гледа. Спојлер Сложувалки вакви реди: Спојлер Во кутија му правам дупчиња и боцка чепкалки за уши, од влажните марамици му ги собирам пластичните горе што се отвараат и ги лепи на комода, ги отвара затвара, му ослободив еден дел од кујната да биде негов му ставив пластични, капачиња, лажички, грицки. Стави го на столче во кујна до тебе и правете ужина заедно, редете коцки, возете коли, го ставам на едно мало тепихче и го влечам по дома Пуштаме машина заедно, закачуваме алишта, се тушираме заедно оффф кога беше болен уште што не правевме заедно, како мајмунче за мене закачен. Носи го по малку надвор, собирајте листови заедно, мојов обожава да ги гази да му крцкаат под нозе. Сега маж ми му спрема вакво. Спојлер Очекувам глас да не му слушнам барем еден саат.
Би можела ли да ми пратиш линк од сликовнициве? Не можам да ги најдам на Просветно дело. Едит: Ги најдов
Леле нека ми каже некоја колку време трае ова лудило на 17+? Не можам повеќе, не можам. Скоковите завршија, што е ова сега тренирање живци? Сите методи ги употребив за да не го зашлапам ама готова сум, немам трпение веќе.
тантруми ве фаќаат? И регресија на спиење има на 18месеци него кажи ми 10 скок го завршивте? и ако да како поминавте?
@prinstongirl2 @Brpbrp Фала ви на сите Буквално во све учествува го качувам на кујна и со мене готви, меси тесто му давам сукало све, пуштаме и ние машина, заедно се тшираме, коритото што се капи го вадам и во него легнува го возам низ стан (немам простор за тепих да го вртам) Сликовници раскажуваме со тротинет се вози нис стан, сега учиме облекува чорапи али мои Сложувалка редиме како вашата али не баш сака две ќе стави и послем ќе ги истури сите и толку, боиме боенки али не е многу заинтересиран сака јас да бојам, стикери лепиме тоа ни е ново на кујната негова и на хамер, опседнати сме со дино и све со него купуваме и само диди диди, коцки редиме појјке растураме Алишта на сушална редиме, тоалетна мотаме околу стапче, во куј а вади све од фиоки правиме манџа, шмукаме заедно качен на правосмукалка го возам па тој шмука, цедиме сок, правиме куќа од перници па се крие внатре. Итн не ми текнува друго. Али све ова кратко му држи внимание и цело време треба нешто ново да измислувам. Со чепкалки сум пробала ги пика во уста памучето го јади Бериме ливчина од надвор и ги редиме по големина Од кај ви е сложувалка а ваша јана ми се допаѓа што ги пише на мк животниве Се шлакаме со бои на почеток му ги ставав рамките во најлонче продзиено и тој шлакаше со рацете, а сега на хамер го ставам по стари алишта ќе го облечам и све прави лом. Исто јаболко и компир сечам во фигури и ги ставаме во бои и на хамер ги лепиме ова му е малку поинтересно (највероватно дека се валка) Баш сакам да се споделуваат вакви идеи сепак зимата е пред нас во 4ч е ноќ
Гледам на апликацијата само што искочил од скокот, ужас. Не знам што да кажам. Јас тантрумите ги замислував како испади 1-2 неделно. Ова не знам што е, исто како во скок 24/7 плачење ама не можам да ти доловам какво. Дури и ноќе кога ќе се разбуди, седнува во креветче и само рика на цел глас, не дозволува да го пипнам, не сака цуцла, не сака вода, не сака во раце, ништо не сака и само плаче. Еве денот вака изгледа, па вие кажете ми што е, стварно сум очајна. Се буди и расположен е, станува прво ги отвара фиоките и ако го тргнам легнува доле со вриштење. Идеме во кујна му давам капки пак плаче, не сака да ги испие, плука, фрла лажиче и пак трескање од земја. Доручекот кога како, ако му го погодам тоа што замислил ќе јаде, ако не ќе ми го фрли тањирот (вчера ми фрли стаклена чаша се искрши затоа што му нудев вода), ручекот не го јаде веќе цела недела и другото од денот е плачење за надвор, а ако идеме надвор плаче ако му ставам јакна, си играме и ако ставам играчка на друго место (а не тоа што го замислил) одма ја растура играта и се фрла на назад да плаче. Интересно после секое плачење доаѓа да ме гушка, а јас се тресам од нервоза. Еве сега пишав зашто фрлив месо и зеленчук, фрлив супа, фрлив чорба и побара хумус. Му намачкав, му ставив на маса и почна да плаче зашто му го допрев лепчето. Ја зема кришката ја фрли, се измачка по коса (синоќа го бањав), ја измачка масата и гарнитурата и на крај се тресна од земја пошо му го земав тањирот да не го фрли Не можам верувај, не знам веќе што да направам, мал е и разговор не е опција. Го карам, му зборам џабе, џабе. Не знам да ти кажам како го поминавме скокот зашто ова се случува долго време само сега е најизразено.
Па можно е, забележав многу големи промени кај него, а вакви промени има само после скок. Јаде сам, пие сам, постојано сака да пишува со пенкало, си го вози точакот, облекува и соблекува обувки, си збори нешто по негово и такви некои работи кои не знам дали се од скокот ама нагла промена има. Другово што го пишав погоре ми е огромен проблем зашто се приметив се плашам од него, од неговата реакција, премногу попуштам. Не може јас да искачам од соба за да се смирам, а тој да добива сила. Јас сум родителот, не тој. Само не знам како да го постигнам тоа, не гледам начин додека е толку мал
Психички се развиваат и мислат дека имаат право на свој глас и избор и ако му кажеш не,немој, се фрла на земја ..ја истражуваат околината тестираат и си прават свои правила мислам дека таа фаза им е истото го поминав минатава недела,ние сме пред 10ти скок но ова кај вас ми личи и на тантруми и плус со забите до кај сте може расте некое па одбива храна