@kjofti4 Три мислења по ред ми се фатија, извинете нека спои модератор. Ич не се сеќавам уште од лани му ги купив, можно е од една продавница од Бисер да беа ама ја затворија. Има и со домашни и диви животни, ако ги најдам пак ќе ти кажам.
Имаме слична табла уште од лани знаеш колку време ја игра? една минута оди штрака се на неа и заминува
Човек со брзина на светлината штрака наеднаш како тоа да е играта колку побрзо ке штракне се се надевам твоето ке се заигрува
Пробај со зборење и види. Кај мојот од 3 пат кажување ќе се смири ако не се смирува кога ќе се тргнам од него и си фатам друга работа во секунда се смирува и доаѓа до мене вика мама и ме фаќа за рака и ме шета. Како да му сметам кога има тантруми.
Успеваше со зборење. Ќе го седнам, ќе му кажам што имам, не дека тој ме разбираше ама намерата ја сфаќаше. Ќе ме гушне и толку, што викаш ме фаќа за рака или ќе се бутне да го земам. Ова сега е страшно, нема компромис или тој плаче или јас.
Само дебели живци и трпение. Некогаш и ќе се развикаш кога ќе ти дојде преку глава ама тоа е нормално. Сега сигурно има некој друг начин да се смири ама треба да го откриеш и додека го откриеш ќе му поминат тантрумите
Сигурна си дека е само тантрум и скок дека нема друга мака. Син ми истп како што пиша, станува ноќе седнува и плаче, не можевме да го смириме. Сабајле супер, весел се смее, па наеднаш ќе му текне нешто се мава од земја, вришти. Дај му играчка плаче, земи му ја се мава од земја.. така 2 3 дена.Мислев ради градинката нешто глуми, цело време само мама мама кај никого нејќе само со мене... Се дури не го однесов испадна воспаление на ушите. Немаше никаков друг симптом, т.е. се тегнеше за уши ама мислев дека ради забите и носот што му тече. Еве 4 дена антибиотик и не се мава од земја деновиве како претходно. Помирен е, ноќе спие..
Сабајле му проверив крвна слика и црп, вчера бевме на дежурен се е чисто, за ушите не спомна ништо. Како откривте дека е воспаление на ушите? Веројатно некој параметар во крвта ќе покажеше.
Го прегледаа со тоа апаратчето за уши? На контрола кај матичниот кога му ги кажав сите овие работи што ти ги пишав, одма го зема го прегледа во ушите со апаратче и кажа дека е воспаление. Денес на контрола уште му се благо вцрвенети ама е каде каде подобар во однесување. Крв црп немам правено така што не знам дали нешто би се покажало.
Добра вечер мамички 21 месец сме ; многу се буди навечер плаче во сон ; скоро сите заби ги изваде; што е сега ова; едно време цела ноќ ја преспиваше сега секое станување од спиење со плачење ни е. Скок во развој или?
Не го прегледа со тоа, само стетоскоп и грлото му го ѕирна. Го однесов зашто почна да се накашлува, а носот чешма му е. И гради и грло супер така да изгледа од моракселата е. Сега го притискав кај ушите не реагира. Туку кажете ми што грешам со ноското? @Annath мислам го имаше. Прскам физиолошки, чекам 5 минути и влечам. Излегуваат доста, па прскам диво оригано и по 10 минути пак му тече носето. Влечам пак искача уште ептен малку и сега го слушам пак малку му крчка носето. Убав вакум се прави, му ја затнувам другата ноздра ама никако скроз да го исчисти. @crazylady Скоковите завршуваат на година ипол, нешто друго ќе е.
Носко се користи кога тече носот, а не кога му е затнато, да влечеш со сила после омекнување со физиолошки. Физиолошки и диво оригано ставај онака, нема потреба од влечење на секое. Јас носко користев кога ептен беше полн со секрет, не морав ни физиолошки ни други капки да ставам. Не го користев цело време.
Не му е затнат туку му е преполн. Не сум спиена како што треба цела недела дека он не може да спие од носот и го земав денеска за да му го чистам убаво пред спиење. Ајде ќе видам наредните денови како ќе биде, може треба време да се исчисти убаво.
има ли вакви книги во мкд? Да се влече, да се тегне со прст? Ако да, каде ги има Руска е инаку, не е бугарска )
Јас само што го прочитав ова се преплашив и си мислам како мене ме чека истово. Издржи, ќе помине за брзо.
Јас мислам дека нешто друго го мачи, не е до скокови или тантруми. Да не го боли нешто и е така нервозен и плаче? Може да се заби, стомаче, уво, глава...... Што знам, по мое мислење јас на тоа би обрнала внимание отколку на скоковите...
Забите сигурно го мачат, и двете вилици му се побелени и многу споро му раснат. 17ипол месеци е, а има 7 заби. Не помислив дека нешто го боли зашто баш на лигавење ми личи однесувањето ама штом повеќето ми спомнавте тогаш да го носам на доктор, што знам. А еве надвор си е супер, глас не пушта или дома ако правиме нешто по негово мирен е. @Enci201 Не сум видела такви никаде ама има интересни меки сликовници само не знам за која возраст се, најди ја на фејсбук Ана живи сликовници и исто во Три издавачката куќа има доста интересни.