Јас од искуство да ти кажам, го следам мојот, мајчинскиот инстинкт и до сега не ме излажал, си го знам/си го знаеш најдобро детето и точно знам што му е. Следи го, не реков и не мора да го носеш по лекари, ќе покаже што му е.
Да се тегнат со прст му земав од литература мислам, ама ептен тешко се тегнат. @Jana06 и ние имавме таков период кога навечер со затворени очи плачеше, се симнуваше сам од кревет и ќе чучнеше на земја со рачињата на очи и едвај се смируваше. Ми заспиваше на стомак. Ама му помина за 1 недела. Инаку и јас кога сум на раб на лудило знам да му викнам, го карам, ќе го скубнам ама џабе-нема ефект.
Незнам дали сме во скок ако може некој да провери 10.06.2020 дата на раѓање,мислам дека треба да сме во последниот ама не сум сигурна.Неможам никако да и угодам,веќе 4 вечери плаче со солзи,се трескаа и кога ќе заспие се завртува на другата страна од креветот и на стомак.Преку ден не сака ниту да оди,ниту во количка и во раце плаче,во градинка мирна била така ми кажуваат кога ја зимам не прави никаков проблем кога ја оставам и зимам (ги гушка тетките ),откако ќе си дојдеме дома дете се сменува.Буквално со ништо не залажува,играчките ќе ги рафрле низ цела соба,па ќе сака во кујната да чука со тенџериња ќе ги качува скалите ќе и здосади па ќе ги разфрла папуците и сетоа тоа со кенкање.А за јадење се трчкаме низ цела соба и додека да погодам што сака да јаде се утепува од плачење ...
Мојата е иста возраст со @Chuchanov 16 месеци , истото што го пишувате со @Jana06 го поминуваме и ние, не застанува и ништо не и е погодено , навечер станува многу често се превртува кенка а има вечери кога ќе стане во 2 и седиме до 5 а јас после продолжувам на работа, дома се што е од играчки не ја интересира ама затоа од кујната е се извадено надвор. За надвор е прва со јакната и стои до врата и вика. Исто има само 7 заби и мислам дека моментално тоа најмногу ја мачи. @Jana06 би ти препорачала да пробаш да му го одвлекуваш вниманието со нешто друго, кога ќе запне за нешто што не треба ти одма најди му некоја друга занимација. Период е и ќе помине само да се издржи малку да потпораснат. Син ми има сега 7 години ама кога беше мал исто вака до 2.5години не се смири, стануваше навечер со плачење и не застануваше по пола саат не знаевме што му е се вадевме од памет колку пати торбата ќе ја спремам за на лекар у сред ноќ, кога си одеше баба му по саат време на врата стоеше и плачеше силно без престан и ред други ситуации , сега со малава сум по спремна и не се замарам толку оти знам дека е фаза во развојот само сите деца не манифестирааат исто. Тешко е многу ти ја црпат енергијата ама ќе помине само смирено, доколку здраствено е се во ред опуштете се времето брзо минува.
Еве ние сме родени 21/06 ама due date ни беше 11/06. Мислам дека и вас ви беше такс нешто, така да некој ден плус минус: Спојлер: Скок Последниот 10ти скок.. што да ти кажам освен да ти пуштам..
За јадење само ќе искоментирам. Ние од кога се вративме од кај свекрвата многу имавме уназадување со јадењето. Претходно си пиеше од чаша, сам јадеше, а после не. На нас ни помогна само да го оставаме сам во соба да јаде. Му ставам линија, прибор,чашка (јогурт/компот) го врзувам и излегувам. Си мијам садови или лежам во другата соба. Тој јаде, збори, пее, пак јаде, се мачка. И убаво се најавува.
Огромна благодарност до членката што сподели рецепт со мини пици од палетата. Син ми е воодушевен, цело време бара мини пици, по 4-5 јаде. Многу работи сум научила овде.
Јас му правев и си го јадеше само кашкавалчето горе А кога му правам само палента со павлака ја јаде цела. Убав рецепт секако. @RAK91 Јас по овој рецепт правев.
Ја имам заборавено апликацијата да си ја простудирам ..сега отварам во грамотевици сме и ние Јана дали знаеш за апп има ли друга , пошто оваа до 10 скок? Гледам до јануари 2022
@elimkd Да, на хартија правев, инаку може да се распаднат на вадење, меки се. @Lady Leona Толку се 10 скока, за тантруми не ми се верува зашто нема период кога се случуваат, не се изразени исто кај сите деца. Не ти ни треба, доволно е тоа пред тебе што го гледаш
Девојки едно прашање... на моево му растат 4ките, но дали е нормално забот да му избива од страна на непцето... нрзнам како да објаснам, не е одоздола како заб туку горе како над заб кај што треба да стои. Таму му бешњ потечено како балонче,па му течеше крв и деа се појавува белко запче. Ке се спушти ли тоа надоле???