Тераме втора недела без градинка. Се опорави детето изгледа и почна да јаде. Ама сега јаде премногу, дали надокнадува, дали е некој период на раст не знам. Јас му спремам балансирани оброци и ужинки ама кога измеѓу пак ќе побара да јаде не знам што да дадам. Еве што се изеде денес: Доруче: Еден тањир со јуфки, варено јајце и кисело млеко Банана Пола лепче('ржан) со абц крем сир Ужинка: Чиа пудинг со бадемово млеко, мелени бисквити и малини Чоколино една порција 150мл Ад Ручек: Манџа со грашок, кромид, домат, морков и една кришка леб('ржан) Едно животинско царство Пола пакетче смоки Лино Вечера: Пет палачинки од банана и овес намачкани со тенок слој мед 150мл ад Ад то, доручек, ручек, вечера, ужина се планирани, се друго е снајди се како знаеш, детето е гладно И тоа чоколиното ми го дадоа на поклон, стои 3 месеци неотворено. Ама стварно немав идеа што да му дадам...
Мајки, како ги занимавате децата од 1г по пат на подолга релација? Значи 2 мин не седи во транспортерот (уште и е точен и е како седиште ама во обратна насока од возење) До маркет да треба да возиме она не издржува. А ќе одиме за Белград после нејзиниот роденден и стварно не знам како ќе издржиме. Дали да земам од оние држачи за телефон што се закачуваат на седиште и да ѝ пуштам цртани? Стварно памет немам. Пред 2 месеци последно кога се враќвме од Охрид за Скопје 6 саати мислам патувавме само тргни-застани правевме пошо не сакаше да седи во транспортер и имам трауми и страв да тргнам некаде.
Кај нас стана многу помирен кога го ставивме во фотелја (седиште за возење). Како друго дете. И најдобар е кога јас си седам напред, не замара ама ич. Мислам дека не им е згодно во транспортер откако ќе почнат самостојно да седат. Сега зборува, и само ни кажува пожелби песни. И му ги пуштаме.
@Jana06 @nadenadia @mamaorhidea фала ви Ноќеска пак иста песна беше ама ќе се издржи ја зедов до мене да спие.Криво ми е што не стои кај баба и,вчера ја оставив после 1 саат ја зедов кога им рекла мама Овој скок ми е најтежок од сите,вчера како луда јадеше после градинка и од вечерта
Ние и држач имаме и кокомелон се гледа -омилениот цртан, и мирот е 1час после се тегне плаче сака кај мене или да стои...за транспортер не спомнувам, во седиште удобно седи. Ако имаме среќа да заспие , имаме раат. Транспортер моево дете искуси при зимање од болница кога се породив. И толку. После корпата ја користевме
Ние седиме во седиште и мислам дека му е покомотно, а и има прегледност на све што се дешава напред и одстрана. Го седнувам него од позади јас напред си седам така е помирен и не се тегне по мене. Кога ќе му се здосади да седи му давам цај, смоки, бисквити ако му се приспивна и млеко. Му раскажувам кога ќе помини камион или автобус колку големо брм е, пееме песнички, му давам и моб или таблет али не му држи мн внимание, му кажувам кај одиме што ќе правиме и се залажува малку,му го давам рането негово вади све од него. Али знае и да е напорен и ништо да не го смирува да запни за во раце.
Да, многу голем скок направи со јадење. Од преживување само на цицање додека беше болен до ова денес. Но од 10,3кг симна на 9кг овие два месеци. Вчера го мерев 9,5кг е, така да полека се враќа во нормала. Малце килажа е таа за 16ипол месеци. Ама воопшто не исгледа слабо и неухрането, едноставно таков си е... И мм бил многу слаб како мал.
Исто и мојата, а е буцка и секојбден викам да не е многу што јаде, 3 оброка има, нормални, ни малку, ни многу. Ужинки ретко, не сака, 1 бискбита цела не може да изеде
Истоо, пишувам во темата што јаде но малце количински е 19м е 15кг има а мене ми гледа слабичко ама пак висок е за возраста. И неуморен е буквално не застанува, не се сеќавам да сум го видела седнат
Ние конечно се вративме претходната недела во Австралија. 1година дете. Пат до скопје аеродром 1 час, до истанбул лет 1ч и 15мин, чекање во Истанбул 5 саати и друг лет од 16 саати. Поради ситуацијата со ковид чекање 2 саати во авион кога слетавме во Аус за да излезиме бидејќи пуштаа 30 луѓе само. вашиот не е ни приближно толку долг пат, и мојата исто мрази да се вози да седи во седиште. Имај смоки, бискоти, симнато песни и видеа за во Србија кога ќе влезете. Со кола можете и да застанете некаде друго е. Не се секирај штом ние поминавме добро- малата спиеше 10ч во авион вкупно. Може ќе се успие во кола, ако можеш тргните за време на дремката негова.
До Белград, со среќа.. Мојов е скоро 2, не се осмелувам да тргнам на релација подолга од 2 саати возење. Инаку, децата се непредвидливи и менуваат "мислење" на секое, па нема да имаш проблеми може. Најдобар начин е да му се спие кога ќе се качите во кола па да заспие. Инаку ако не сака да се вози, а и општо за што и да има некакво незадоволство, ќе го покажува многу бурно како расте, може уште поголеми трауми да ти направи.. Или ќе ја слушаш како плаче, или телефон ќе пуштиш. Јбг, ништо нема да му биде ако седи и буља. Најубаво да спие. А уште поубаво да е мирно, ама тоа кај ретки среќлии
За тоа што не застанува, ќути, пп цееееел ден трчи трчи значи не оди него трчеее и пак е неуморна Мојата е 11.4 кила и викам многу да не е? Секој месец по 100, 200, 300 гр си качува викам ако вака се си качува што ќе биде од неа Инаку 82 цм е, (ова ја мерам дома јас не е од педијатар) ама толку е плус минус
А ние скоро исто, висина 82мош и 83 исто сами го мериме. Тежина 11,2 мислам и стално со мм се прашуваме дали ни е неухрането детето. Тој дури и читал по интернет дека ако не крева на тежината може имал проблем со тироидната па викаше дали да одиме да испитуваме. Убаво си јаде детето, се чудиме кај му оди. Викаш нема место за паника? Океј си е?
Ок е,ќерка ми е 11.100,82 цм,малку се разлика со твоето мислам.Минатата недела бевме нс редовна контрола,се е супер рече д-рот.
Дали на вас ви се случило детето да ви поврати мала количина на киселина, на што се должи тоа, предадено? Денес конкретно не е јаден нешто импресивно , а му се случи неколку пати после пиење сок, иако го забележувам овие два дена како да постигнува постојано како да има некоја тежина во желудникот.