Како седиште е мојот транспортер, се вадат перничките за новороденче и е баш како седиште ама сепак е свртено обратно од возење. Сегде што читав ортопеди препорачуваат додека не прооди стабилно и додека не направи мин.9кг да седи во транспортер во кола обратно од насока на возење. Мојава нема ни 9кг не е ни проодена. А гледам многу уште од порано користат класично седиште. Ние уште немаме ни купено. Ќе купам држач за мобилен што се закачува на седиште немам друг избор. Инаку кога и се спие во кола вришти и не заспива додека не ја земам во раце. Последно време денски само еднаш дремнува. 1,5 саат…
Леле уште ако не спие, таа мака ја немам и не ја спомнав.. Не го сфаќај трагично, ќе помине ајде. Или заспиј ја во раце па легни ја во седиште ако не се откажува. Инаку седиште ние земавме пред година, седи во него од тогаш. 0+ е нашето ама сепак користевме транспортер кратко време. Може па и поубаво ќе и биде во седиште, повеќе положби има и помирна ќе биде.
И ја се крстев на седиште, ама испадна до детето е. За нијанса беше подобро од транспортер,за разлика од хоророт кој го доживеавме до солун значи 4ч пат. Сега со седиште е подобро, ама и поголем е. Имам цртани на моб му пуштам и така возиме. Секој работен ден е по саат ипол-2 во кола со мене. Јас го користам од 9м седиштето, ама имаше на килажа и висина па транспортерот му беше мал. Не би го ставала во седиште бар дури не достигне килажа, а за проодување твојата веќе се пушта, јас почекав да се подисправа сам и толку го ставив во седиште од тогаш.
Епа исто, ете. Мене знаеш што ми беше зборот, дали е нормално да качува секој месец, нели сега оти одат и трчаат треба и да стагнираат малку, мојста си качува по 100, 200 па и 300 гр месечно, а јаде 3 пати на ден без ужинки, ако јаде ужинка нема да ми јаде ручекот или вечерата и се поремети после, затоа си имам програма и супер сме така.
Ќерка ми е 14 месеци и вечер мн стално се буди и плаче. Не цица, не е скок и не се заби. Вака е веќе 2 месеци и стварно не се издржува. Совет што да правам?
Не знам како знаеш дека е киселина, веројатно по мирисот дека не мириса убаво. За миризбата се случуваше кај нас кога има јадено пример јогурт така да мириса како на кисело, значи зависи што јадело детето. А да, се случуваше да поврати ако има испиено поголема количина на течност, дури и ако има малку јадено. Не давај да испие наеднаш премногу сок, повеќе отколку што може да му собере желудникот, и не би требало да повраќа. Освен ако го мачат заби и става прсти во уста длабоко и од тоа може да повраќа, ама и тоа поминува, само период е.
Здраво мами. Земав инхалатор за син ми (22 месеци). Прочитав низ постовите 2.5 мл се користи физиолошки раствор, но ме интересира колку често смее да се инхалира во еден ден. Го инхалирав прв пат и за некое чудо седи мирен, квичи, ама мирен е.
Можда подобро е да ѝ набавите детско седиште за во кола. И моето на таа возраст нејќеше да седи во транспортер, малку ќе поседеше и после се бунеше. Му беше тесен, нелагоден. Кога му зедовме седиште, добро го прифати, помеко и покомотно. Седи солидно време, кога му е времето и заспива, па го менувам нивото. Земете ѝ секаква занимација, книги различни, играчка некоја омилена, топчиња, она можете како табла со моливче пиши бриши, ќе поминете добро.
Дали спие сама или со тебе ? Мојот откако спие со мене скоро цела ноќ ја преспива може 2 или 3 пати да се разбуди и толку... а провери може е гладно...
Здраво мајки, ние изгледа сме преладени и ќе настинуваме. Од сношти носето му течи, воопшто не спиеше мирно и не дава никако да му влечам мрсулчиња. Си кива, и еве носево како чешма си течи. Се мислам дали да купам од тоа ноското за на правосмукалка оти со ова што влечам со црево не може баш. Некој совет што да превземам? Тт засега нема, ок е . Се надевам да поминиме само со мрсулавење.
Супер е ноското, првиот пат се плашев малку и не извадив многу ама пробав на мене и видов дека е безбедно. Треба убав вакум да се направи и не знаеш што се извлече... Чисти го носето редовно со солен раствор (јас со Синомарин прскам), давај ц витамин и можеш со виранто да пробаш, ептен го фалат. Јас го земав ама касно почнав да го давам, веќе има бронхит.
Тоа ноското на батерија е или на струја? Дали влече силно, и како си задоволна од влечењето ? И од каде ,колку пари и на која фирма го зема ? Фала однапред