На ништо Е вака изгледа. Спојлер И тој подебелиот дел се става во цевката од правосмукалката, а потенкиот во носето. Ја пушташ правосмукалката и voila Влече колку што влече правосмукалката, кај мене има потенциометар, па ја местам на некоја средна јачина и ако не влече убаво, му ја затварам другата ноздра. Го земав од аптеката во Капитол ама го има и онлине да се нарача, пиши на гугл. Едит: Цена не ти пишав. Околу 750ден.
За виранто читам дека е над 3 год па не знам дали можи ама мислам читав на форумов дека и на помалечки даваат мајките.
Јас давав од 1г може Али касно почнав така да немаше некое подобрување, али матичната ми рече дека е многу добар ако се почне навреме немало до сега поплаки
Засега сме само со течење носе, кивање а и окото малку му солзи. Сето ова од утрово. За на доктор не сакам да го носам одма, а не знам дали да давам нешто на своја рака. За каква настинка ви давале виранто?
Мами, ве молам за искуства. Малиот когс е со други деца ги тегле влече зна и да мавне со рачето сето ова не е насилно силно или со агресија нежно го прави тоа и не со цел да повреди, не знам што да направам како да го спречм, не разбира сеуште го карам му зборувам дури го имам чукнато по газето м нему се му се чини игра. 14+ е . Што како да се превземе? Воопшто не ми се допаѓа тоа однесување а никогаш не е тепан удиран и слично, ниту гледал некој друг тоа да го прави совет искуство некоја?
Моето е иста возраст. Прво мене ме кубеше за коса, сега почнал и во градинка да ги фаќа децата. Јас го карав претходно, додека не се посоветував со воспитувачката. Таа ми кажа никако карање, само со убаво да му кажувам дека мама е за "маз,маз". Во градинка веќе почнал да слуша, му го земале рачето и му кажувале децате се за маз маз и прекинувал, а и дома има подобрување. Кога ќе почне да ме трга само така му викам и веднаш престанува. Инаку борба беше за да го прекинам.
Ама не му викам му кажувам дека децата се сакаат се гушкаат дек не се тепаат и слично. Мене ретко знае да проба да ме удари исто му кажувам дека не се тепа мајка дека се сака слични работи ајде се надевам дека со зборење упорно ќе успееме. Инаку кога ќе му речам не така не се тепа пркинува веднаш ама по некое време пак знае да избаци ти благодарам за одговорот.
Дали од растење запчиња, обравчињата може да се зацрвенат? Се фаќа за уши, кемкав е, мака му е, нема температура, а образите жар
Може. Зголемена е циркулацијата во тој дел. А може и од ладно, кај моиве знаеше така да се зацрвени кожата, како сува и испукана од ладното надвор. Па ставав за надвор крем за заштита од студ, а по дома крем/лосион од невен.
За заштита од студ, може крем од цинк оксид? На Бекутан кремот. Е вистина, и деновиве повеќе на студено бевме надвор, па и сонце нѐ фати и такви му се неколку дена, ама и забите турбо удрија.
Дали мислиш на овој крем? Баш сакав да прашам за која намена го користите овој. И уште нешто, вака на 17/18 месеци, освен капки солен раствор дали и кои капки ги имате дадено за одзатнување на носето? Инаку денес почнав со виранто, па ќе видиме како ќе одо работава
На тој крем, да. Тој крем е за иритирана кожичка, сува или за пеленски осип, мислам, колку шо памтам. А за капките, не знам. Нека пише некоја друга мама.
Ја однесе на лекар да види од што е кашлицата? Дека иде во градинка да не закачила нешто. Овие сирупите против кашлица некако сите се жалат дека уште полошо кашлаат после тоа.