Само инхалаци нас ни помагат Сирупите сите што се за сува кашлица до сега што ни ги дале повеќе кашла, а и воопшто не помагаат.
Мајки, сакате една смешка? Купив носко аспиратор за на правосмукалка и од прв пат супер ми се виде влечењето. Следниот ден јас цела таква возбудена што ќе му олеснам на малиов да му се намалат мрсулчињата и таман пуштив- ми цркна правосмукалтата Сега пак сум со носе фрида додека не ја поправиме или земиме нова. Ама баксуз, баш кога ми е најпотребно. А на ноското секоја му чест како убаво влечи...
Да ја однесов ни преписаа Трицеф антибиотик и инхалации.Од градинка е,веќе се помирив дека ќе се разболува
Самоиницијативно давате витамини на малите или матичен ви дава?нашата матична досега ни нема речено да пие нешто плус..само д3 давам.
До 14 месеци не давав ништо освен омега и д3. После честите разболувања по препорака на педијатар почнав со Дефендил да зајакне малку. Ако не иде во градинка јас не би давала ништо плус освен ц витамин сега зимно време доколку не внесува доволно преку исхрана.
Пробиотик давам заради атопичен дерматит, вит д секако мора молерс има омега препорачано од матичен, вит ц и цинк самоиницијативно
Интересно е што истиот Möllers овде е назначен за од 3 год па нагоре. А скроз истата содржина е со тој што се продава во Мк, баш ги споредував. Чудно што наместо мала декларација на македонски, целосната етикета на шишето е напишана на мк, односно оригиналниот текст не се гледа. Јас не успеав да го натерам, ми го плукаше па сама го пијам тој тути фрути
Јас дефендил давам. Прашав кај матичниот рече може за над 1г. Го прочитав тука на форум. Ефект очекувам за месец два...
Кога беше малата 7-8 месеци сакав да и дадам и баш се јавив на застапниците во Атина, бројот го имаше на самото шише на Mollers и прашав дали може да давам на 7 месечно бебе, ми одговорија, да, слободно, само ќе давам пола доза 2,5 мл, а а не 5 мл како што пишува на него.