А зошто мислите дека не треба? Во Мк омега се дава од 3 месеци. Се замислив денеска со омегава ама од повеќе педијатри ни е препорачано.
Кој знае. Кај нас никакви витамини не даваат од бебе освен Д3 и тоа до 1 год само. После ми вика престануваш да даваш. Јас давав по моја иницијатива и не секој ден оти заборавав, сега некое време исто така не сум дала.
Од каде го купивте ноското и која цена? Дали одбива малечкото или сепак подобро го прифаќа ноското? Ние имаме на носефрида ама е плачки секое влечење и мора да го држи некој за да извлечеме ама никогаш не е целодно вадењето мрсулчиња.
Ние пробавме и со него вришти не сака со ништо неможиме да го исчистиме носот, инаку мислам дека околу 800 денари го зедовме.
Јас со аспираторот на бекутан го чкстам.. Плачи кога е болен ама го држимме зараце и мора да се исчисте.. Или го исчравам го ккренам и во купатило да се гледа на огледало и така стоеќи му влечаам колку толку излези нешто.. Исто и инхалациите помагаат
Мајки од којјаа возраст почнаа вашите деца да покажуваат која рака им е доминатна.. Така повеќе да рааботаат со едната..
Околу 750 ден од аптека мента фарм (соработуваат со BETTY), и во секоја подобро снабдена аптека, само во зегин ги немаше. Искрено, само еднаш го искористив, сега нажалост немам правосмукалка во моментов. Мојов и со носе фрида пишти и бега, и со ноското не сакаше ама мм го држеше убаво и мислам дека побрзо и полесно ќе беше со ноското оти јас не успевам толку да тргнам со носе фрида поради мрдањето, а ноското како полесно да влечеше (и тоа само што го доближував по малку до ноздрата веднаш влечеше).
Д3, омега и пробиотик. Од кога почна во градинка почнав да давам ампулите со матичен млеч, а сега преминав на Бимунал. Има 13 и пол месеци .
Здраво мајки! Дете од 14++ сака само цицање едвај се молиме еден оброк Дали е период дали сте имале искуство да напоменам супер јадач му никнуваат двојки само кецови извадивме
Не знам стварно. Како што пишала @Kallias2 и овде е само Д3. Отидов да купам во аптека нешто да давам плус за имунитет, тој аптекарот сто пати ми рече ама зошто ќе купуваш, кој ти рече, ако јаде се внесува преку исхрана немаш потреба од дополнително. Ме изнервира и не купив ништо . А молерс го купив од амазон бидејќи го нема во аптеките каде што прашав. Ако е препорачано најверојатно е во ред да се дава, не би требало само за маркетинг да го нудат.
Не знам каде си ти ама и овде е само д3, одредени доктори препорачуваат и омега. Штета нема сигурно, сум читала за омегата и возрасни треба да пијат ако не се внесува доволно преку исхрана. Мислам дека минимум 3 пати неделно треба да се јаде риба за да ја задоволиш потребата, а дома ние реално јадеме 3 пати месечно. Малиот сега јаде само ослич и чаден лосос, па му давам плус Молерс. За другиве суплементи е веќе ако има реална потреба.
На колку месеци им се затвори фонтанелата на вашите деца? Моево е година ипол и уште не е затворена. Заборавив на ортопед да прашам за ова.
И мојата беше така ,еве цитирам порака од Антоније кога сум прашала : "fontanelata treba da zatvori do 24 mes. Ako ne zatvori do togash se preporachuva nosenje na zashtitni kacigi kako za na velosiped ako se raboti za nekoe dete koe e mnogu aktivno ." До кај 2г и 2м мислам и се затвори.
Баш му ѕвонев ама во Хрватска бил. Ми го кажа истото одамна дека до 2 години треба да се затвори ама сега заборавив пак да прашам што како. Твојата носеше кацига секогаш надвор или немаш ставено? Фала ти премногу.
Не ставив ама мојата воопшто не беше хиперактивна ,плус веќе после 2г е битно и колку е отворена кај мојата беше минимално дупче да кажам.Ама зголемив на Д витамин и се затвори и тоа.
Мами вие што давате молерс дали давате нахнадно витамин д? Нели во него има па не ми е јасно тоа. Пред тоа давав д витамин 3капки и матичната рече нема потреба по дозата што е дозволена од молерс капките има толку д витамин.
Значи треба нахнадно да давам и 2 капки д витамин пливит? Како не се консултирав со ортопедот, матичната ја прашав али сега го земав пред една недела