Не се плаши ништо не е. И така сега нема толку сонце можеш слободно да даваш повеќе. Проблем е 2000ие да дадеш а за помалку не е проблем. Јас ги давам со лажиче со пробиотик на сабајле додека не е расонет.
Еее јас рацете му ги фаќам нормално додека можам иначе понатака ќе видиме како ќе биде со борбата. Мојов дури се тегне се грчи целиот и затвара уста и ќе сака да почне да вика и отвара уста тогаш
Исто, ми ја тегнеше лажицата и го седнував со тањирот, едно лажиче на него едно на мене, тој се шлапа јас бутам во уста да изеде повеќе. Со тек на време научи да си ја контролира раката и сега супер јаде. Пак ќе му капне нормално затоа имаме една блуза дневно само за јадење и вечерта ја фрлам за перење. Наоружај се со нерви и спремај се да переш теписи почесто Јас често го ставам доле на паркет да јаде и после само бришам. Хранилката не сака да ја види, трча и јаде. Д3 почнав да му капнувам од сабајле на лепче, инаку 2000ие е максимална доза што може да се дава без проверка на крвна слика, повеќе од тоа не давајте.
Исто дете да не имаме Поголемава на 3 почна да јади со прибор малава на година почна со обиди. Хранилката ја продавам ни еднаш не седаа ни едната ни другата Се спремаме за јадење и вика најсилно што можи "самааааа!" Ако не дозволам со нога ќе ги ја клоцни храната најдалеку што можи. По 3 пати менувам прекривачи и често перам теписи. Мора да јади на кревет или да теча низ соба ама строго да застани на тепих кога сркнува. Двете држиме лажичка додека таа црпнува јас полнам уста
Оф ќути Имавме гости од странство и мајката беше фрапирана како тоа мртва ладна одам по него, бришам и собирам храна. Ми вика Јаоо несречо, па како ово трпиш, ја чу да полудим да ми је овакав стан, не дај му да једе сам, јаооо види лом... Си мислам чекај да ти порасне бебето, ако има бесен газ како овој мојот ќе трпиш и ќе ќутиш Трча, па нозете ги става на гарнитура, а со лактите на маса се потпира и јаде, па го носи тањирот де кај играчките, де пред тв, па на високата маса, па во кујна... Низ цел стан се шета и јаде и ако го пипнам вришти и нема шанси да продужи да јаде. Ајде си викам подобро така отколку со цртани да јаде, се надевам фаза е, ќе помине
На мојава ако и дадеш цртан да гледа ќе го исфрли телефонот. Кај нас мм неможи да се помири дека хаос е. Јас исто како тебе.си одам и чистам.
Мајки, за виранто сирупот, како ви кажале цел да се допие или? Мене аптекарката мислам ми рече само 7 дена да давам
Па толку има мислам. За 7 до 10 дена. Јас на двете има давав 7 дена. Едниот го потрошив,вториот мислам до пола е.
Немам теписи за среќа се е ламинат  али ќе мора да пробуваме веќе штом е таква работата. Имам една мака од кога почна во градинка после месец дена почна да лази по дома и со цуцла да се шета(али не е зависен од нејзе) до 1 година не ни фати цуцла сега почна да се глупира најверојатно ради малите што ги гледа таму. Е сега маката е што наеднаш почна дома се што му е на рака да го бута, ако го тргнеш пример шпоретот да не го фаќа прво се дере, после плаче и се стега целиот и повторно оди, пробав со зборење ама повторно оди ако го тргнеш за рака урла се дере се мава од земја. Како се справувате вие во вакви случаи? Не за друго кога му викам ајде гушка со раце мава и истото и на деца им го прави. Дома не сме го учеле да мава освен ако видел од поголемите деца во градинка па така да се брани
И јас се мислам тоа. Мојот кажува и пред да кака , и јас му објаснував дека "треба да одиме на мала шолја" И сега пред да кака вика "ми треба мала шолја", а не седнува. Мислам онака секунда седнува и станува и вика не. Тој стоејќи кака и мочка. Скроз сум избезумена, дали да бидам упорна, или да чекам.
Да, штом сака дај му. Лажица вилушка, нека пробува. За многу работи тие се спремни, само ние се плашиме. За лажица почни со погусти работи: јогурт дробен, ориз варен. Да се охрабри, да види дека може.
Имам виранто сируп дома кој е отворен повеќе од 1 месец, малиот ми е сомнителен со носот па се мислам дали да му дадам како да прочитав на упатството дека не се дава доколку е претходно отворен, ваше мислење? За дете од 13 месеци дозирање беше 1 кафена лажица два пати на ден?
Според докторите тој центар се развива после 2 година. За какање ако кажува супер, полесно ке е да извадите пелени. Поентата да остави пелени е да знае дека мочка кога мочка а тоа не е баш едноставно. Можеби ке успеете со триста маки и молби да ги одвикнете од пелени рано ама зошто да се нервирате а детето да го мачите? Синко летово на 2 години на одмор не мареше кога ке се измочка. Пред една недела на 2 г и 3 м сам реши да не мочка во пампа. И пак греши и не кажува ама ке научи затоа што разбира. Кога ке каже не не му се мочка, кога каже да му се мочка. Сметам дека децата не треба да се брзаат да проодат, остават пелени итн.
Да, пишува да се искористи во рок од еден месец по отворање па не знам дали би било ок и после тоа...Инаку јас давам како што пишува, по 5 мл во мерицата, 2 пати на ден (10 мл дневно). А овие 5 мл некако повеќе идат од мало лажиче (можи и зависи до големината на лажичето).
Има некое подобрување од виранто? Како е малиот? Инаку, погоре за пелени што зборите и јас едвај чекам да ги откачиме, мускули набилдав од борби за менување ама планирам наредно лето освен ако порано покаже интерес. И тоа планирам прво муабет и после одма да прекинеме. Не сакам да биде преку ден без пелена, ноќе пелена, па после да моча во кревет. Не знам, ова се мои планови, а како ќе биде расположен малиот ќе видиме. Како и да е, ќе чекам да биде скроз спремен за брзо да се одвикне, а не да трае тоа со месеци.
Тоа што имитира е фаза и ќе трае. Еве исто е кај нас, имитира гримаси, постапки, кореографии од спотови, начин на јадење, одење, буквално се што му е интересно. Мислам дека нема простор за грижа. Другото е тестирање граници и сега е правилниот момент да ги поставиш. Вчера сакав да ти одговорам на ова ама немав време и денеска го прочитав ова и ќе го ставам тука. Спојлер Кратко е објаснето, оваа тема е многу опширна ама детето сеуште нема осет за опасност, време, простор итн. Мораш да бидеш упорна и без разлика колку пати ќе отиде кај шпоретот, ти толку пати ќе ја повториш истата реченица што ќе ја смислиш и ќе го тргаш од таму. Ќе дојде момент кога само ќе го одмине шпоретот без да застане. Истото се случуваше кај нас ќе ги уклучи сите рингли, става ракавица на рака и ја отвара рерната, значи ме гледа што правам и ме имитира и сосема е во ред. Не само тоа, нема ќоше кај што се нема пикнато, електричен апарат што не пробал да го уклучи, ќе ти ровари низ цела куќа. Затоа сега е многу важно да внимавате дома на однесувањето, зборувањето, постапките зашто гледаат и слушаат се. И ова ќе помине, ќе дојде нешто друго
Аххх тренирање живци значи ќе се трудам да му објаснувам само премногу е своеглав што има на ум тоа и прави. Единствен начин на кој ги заборава одредени работи се тие што не му се забранети, се додека јас викам не таму ќе се изгориш итн итн џабе, а кога ќе го оставиш да прави што сака после одреден период не му е интересно најверојатноека не може да ме изнервира. Пример со трчањето му викав пази не од таму ќе се удриш и он упорен и кога се чукна 2-3 пати разбра веќе и сега кога викам пази наведнува глава и проаѓа. Али моментот е дека додека не се чукне, удри итн нема осет ниту пак перцепција што би се случило иако устава пена ми има фатено од зборење. Не знам ни колку е ова океј за него али само така ги совладува работите кога ќе осети на своја кожа .