Во вторникот почна со кашлица,почнавме со инхалации и антибиотик.во петокот завршивме на детско поради бронхит и 39.1 тт.лечено недолечено неможам да се помирам
Многу матични грешката ја прават антибиотик 5 или 7 дена и толку. Затоа и децата секој 2 недели се со антибиотик кое полошо ќе пројде со бронхит и пневмонии, а друго полесно со секрет и кашлица. На своја иницијатива продолжувај антибиотик ако интуицијата ти кажува дека не е долечено детето. Ова ти го кажувам како со мене правеше матичната али благодарение на разумна мајка ми имала продолжувано антибиотик и не сум се разболувала подолго време.
So polna edna godina ortopedski e dovolno da se davaat po 800 i.e. dnevno Vitamin D3 (toa na 2.5 ml od sirup Moller's odgovara zgolemuvanje so tri kapki na Plivit D3). Ова ми кажа Талески ортопедот
На син ми почна од вчера да му тече носето бел секрет како вода, прв пат е со растечен нос а други симптоми нема освен тоа па поради тоа не ми се носи на доктор, што треба дома да правам? Навечер толку му се полни носето дури и грчи кога спие. 1 година наполни пред два дена, веројатно некое од дечињата на роденденот било настинато па од тоа му е, бидејќи не оди во градинка.
Само чисти го редовно и можеш да појачаш витамини преку исхрана. Друго во моментов нема што да правиш. Ако приметиш нешто друго носи на лекар на време. Среќен роденден, нека е жив и здрав
Ќерка ми во петокот прими вакцина таа на годинка ипол. Немавме никакви реакции. Но еве ја од вчера приметувам промени во дишењето како да и пречи затната а нема секрет. Ноќеска најдобро се слуша , често се буди. Дали е можно од вакцината или е настината. На преглед кај матичната немаше ниту црвено грло ниту носе течеше. Прстите нон стоп и се во уста.
Ако е петтвалентната не би требало да е од вакцината, нешто друго е. Од носето хрчи или на гради нешто?
Од носето хрчи. Сега прснав спреј и гледам малку засушен секрет. На гради немаше ништо, за два дена не верувам дека нешто ќе има.