Мајки има ли нешто за да не тече носе? Месец ипол сигурно ни тече носето, имавме бактерија пиевме антибиотик ја излечивме но носето сеуште тече, прскам синомарин се чисти но пак му тече, матичниот вика не давај ништо..
Здраво тантрумџии и тантрумџики Трескање, виткање на грб, зајдување, буквално рикање сосила. Само го држам ќутам и чекам да помине. @Jana06 ти еднаш пиша дека покажувал такви напади. Како е сега? Друго чаре некое кажете. Кога се потсмирува ситуацијава? Со зборување не поминува, не разбира т.е се губи скроз , нема како да зборувам.
И ние такви бевме пред една недела, баш пишував. Моево е скоро 18м, па зедов Виранто по препорака тука од членки, а и гледав низ темиве доста е пофален. Не бевме на др, еве сега по недела дена добар е, има малку мрсулчиња ама не почна со кашлица, смирен е носот -не течи, не му солзат очите, не е така размрсулавен целиот. Освен виранто давам и 8 капки вит ц (башка наутро д3+омега) и засега ок е. Во меѓувреме го следев да не стаса ситуацијата за на доктор, ама фала Богу ок е. Вирантото пишува над годинка дека е.
Оф, на сите полиња војни водам, не знам на што мислиш поточно што сум пишала, веројатно преку ден (мака мачевме и ноќе). Ништо, само игнор му е мајката, не помага ништо. Галење, зборење со тивок тон додека не помине. Не дека не сум викнала кога веќе не можам да издржам ама само полошо станува, па бројам до 10. Не знам што да те советувам, јас од мака дојдов кај свеки на спиење еве скоро недела дена зашто мм не е дома и сама е претешко. Со лесно
Добредојде во клубот, кај нас само кога е во градинка раат гледаме низ дома. Пробај со зборување и гушкање ако не успее на игнор. Ќе има моменти тоа пискањето од кожа кога ќе те извади и ќе те изреволтира да си излезеш и никад да не е вратиш али вдиши длабоко и издиши. Пробај да го мешаш со деца надвор од градинка можеби нема да има напади на бес. Барем ние најубаво ги разбираме кога сме пред добивање и самите се мразиме па истото е и со нив верувам . Сируп е, може да се дава над 1 годинка 10мл на ден 5 сабајле и 5 навечер. Може да се даде по 2 часа при први симптоми на настинка и вирус.
Малиот се удри и се расцепи малку кај окото, течеше крв. Не ми дозволи ни да го допрам и заспа. Што да му ставам додека спие да помине побрзо, не сакам утре кога ќе стане да биде модар и со затворено око
За дезинфекција хидроген или алкохол една капка,па забриши со памукче. Ако има оток борова вода на газа подржи му
Го доживеав денес тој стрес и еве сега едвај заспа.нејзе и е од болница уште сме тука секое легнување со плачки ама денес... страшноо со гребење на мене,тргнење на косата јас неможам да ја смирам џабе и зборувам не дава ни да и се доближам се треска пискаа плаче...само смирено и без паники Уште ова ми фалеше и на крај после 12 дена пак добив
И јас минативе дена се напнав кога кемкаше цело време, ај тоа е ради забите, значи неколку дена сако кемкање, ништо не му се погодува. И после си спои со тантрум, почнува како обично плачење ама не се запира 5 минути сигурно. Како обеземен од духови. Се исплашив. Обично навечер се јавува кога му е мака од цел ден, умор. Ова е како бебе кога беше кога го фаќаше witching hour оф а едвај чекав да заврши. Сега tantrum hour. Треба да ги разбереме дека им е тешко, ако тие нѐ повлечат во нивната бура, неможност да ги искажат чувствата и почнеме да урламе, значи и ние не сме дораснати. Да го гледаме како нормален дел од развојот, без многу реагирање, ама секако со присуство. Зависно од детето како сака. @Brpbrp година и 8 месеци наскоро. Не успева со зборување, се исклучува, мора да го истера моментот. А со игнор мислиш ништо да не му велам, само да го гушкам? За жал ми е така да го оставам, сам.
Жално е знам како е ама кај моето тоа беше крајна опција. Можеби ете ако му збориш што викаш ти дека не пали кај него го иритира уште толку и почнува повеќе да се дере па и мава од земја. Сам ќе го совлада тоа али мораш да го оставиш као што викаш ти да си го истера неговото. Мене ме иритираше што го правеше тоа и само викав и он со мене уште толку се дереше и се трескаше од земја па на крај си ги присобрав живците малце и си се нервирам во себе и кога ќе дојде моментот трае кратко али и значително се намалија али мора да го оставиш да се справи.
Уште едно прашање денес хаха , мами на машки дечиња со што им ги миете косичките? Јас до сега со биодерма маслената купка нема никакви проблеми не му се мрси косата, ама се мислам да не треба да почнам со шампонче или?
Јас го бањам со Веледа од кога е роден и не планирам да го менувам додека не приметам дека не му одговара. Многу е нежен шампонот, не го пече на очи и косата му е убава. Така да, терај со тој штом ви е погоден да не се зезнеш.
Откако му се појавија теменици од Бекутан шампон користат Мустела пена шампон, тој мислам и понатаму да го користам, а валеда крема користам за пеленска регија презадоволна сум.
Па му одговар аама дека е маслена купка се мислев дали треба да сменам не е шампон. Ок ќе продолжиме па ке видиме како ќе биде. Ви благодарам на одговорите.