@Snowflake92 И ние сме уште со маслената купка, а мали има долга косичка. Нема гајле за сега, му одговара и не планирам да ја менувам. Мал апдејт, пред недела дена почна да вади петка, две вечери по ред беше десет минути спиење, десет минути плачење. Два дена без залак во уста. Третата вечер пола ја преспа, четвртата се разбуди околу 10 и кенкаше до кај 11 и пол, ноќеска се разбуди во 3 и си седевме до 6 и пол. Ни кафе ми помага веќе ни ништо. Петки, регресија во спиење, тантруми, прекрасно добредојде во третата година. За две недели му е роденден, ни можам да седнам да разгледам нешто, камо ли да испланирам... Поздрав, мајки.
Колкаво е твоето шо велиш се намалија значително? Кај мене не пали со зборување, ама знаеш како почнува? Од обична работа. Пример му дозволувам да помеша неколку минутки во тенџерето на оган, и веќе морам да го тргнам. Кога ќе го спуштам почнува плачење па ако се погоди момент и такво тантрумско. Или пак ако го прекинам во некоја игра, а криво ми е шо се му е нему игра, а јас мора да го прекинам. Реално и јас би се изнервирала Такви игри со мешање ми требаат повеќе, заменски. Давајте предлози. Се сака така со чинивчиња, да меша, да се плетка со вода. Треба домов да го прилагодам на тоа, зима иде. Сакам ваква маса од Икеа под површината има два големи сада, за ставање предмети. Како да се дојде до масава? Значи, се е трескањево за нешто обично,а не за опасно, ако е опасно, мислам посвесен е и самиот и се трга. А навистина такви игри му се потребни. Инаку, немој да му викаш, понервозен ќе е, знам дека малку фали да се исклучиме, и јас знам да викнам, после ми е криво, ама ако го гледаме ккао на нормален процес, од подруга перспектива, ќе се навикниме и ќе си почекаме да помине. Ниту нејќиме кога сме нервозни, некој да нe` игнорира или да се дере.
Мајка еве вчера што ми се случи, исто е кај нас обожава да се плетка во кујна. Се качи на столче и му пуштив чешма, си играше со чаши, претураше вода. Го оставив може 10мин и го симнав. Следеше плачење, трескање ајде пак го вратив. Третиот пат кога посака да се качи му реков не може и почна да ја тресе главата, да го влече столот и така фрлајќи се лево десно, нагоре надоле ја лупна главата во стол и ја расцепи. Најдобро зимај во раце и тргни го ако треба во друга соба наоѓај друга занимација зашто голема ќе стане. Знам колку е стресно ама веќе не викам игнорирај. Барај решенија како знаеш и умееш, очигледно игнор не функционира секогаш најдобро Претешко е со маливе.
Извинете што ќе се уфрлам во муабет ама колку време трае кујна моментов, мојот е 14 месеци и постојано е во кујна, вади се живо лупа со капаци, тенџериња,тави, се живо ми упропасти, седи горе на плотна пушта аспиратор, мислев дека е период и ќе помине ама ...
Majki kako vi e rasporedot na zaspivanje i stanuvanje, kaj nas legnuva vo 8 i pocna da stanuva pred 5 sabajleto.Pa potoa vo gradinka nemoze da doceka koga drugite deca spijat i spie od 8 ipol do 9 i nesto.I koga ke go zemam od gradinka pak saka da spie nekade pred 3 dokaj 4. Nekako se mi izmesa vo posledno vreme.A koga sme kaj tantrumite pocna nikade da ne mi se odi koga ke go fatat se pravi spageta pa preta celiot i odma legnuva na zemja.
Не оди во градинка мојот ама следен е распоредот станува од 7-8 накај 11-12 има дремка докај 1-2 и вечер во 8 легнува 14 ипол месеци е
Вакво масиче и столче може и столар да направи. За ќерка ми имав со котур хартија на извлекување, маж ми и го направи. Само црташе и многу листови хартија трошевме, вака со котурот еднаш го купив и не можеше да го потроши. Кога го надраснаа децата го поклонив на друго дете. И во право сте, и те како е потребна игра со претурање, вода, песок и сл. за развојот на детето. Може ќе се извалка, намокри ама ваквите игри се многу битни за неговиот когнитивен развој. Нема потреба да им се бранат овие игри. Само треба да се направи некако да е играта безбедна за детето. Идеално е на лето, кога играта со вода нема да го настине, ама не може да се чека до тогаш, тајмингот е исто битен. Седнато на ниско столче, во некоја просторија на плочки, со голем леген пред него наполнет со малку млака вода и со помали садови за претурање би требало да е ок. Играње со песок, земја, копање и претурање од еден во друг сад додека е надвор е исто препорачливо. Добра замена за внатре е брашното на пр. Иако има синтетски песоци сега како кинетски песок, ама незнам дали ги има кај нас и колку чинат, сигурно се поскапи од брашното
Година ипол и уште трае, некако не ми се гледа дека ќе заврши скоро. @Cosmic Girl Целосно си во право. За жал мојов го расфрла кинетичкиот песок насекаде мал е сеуште за тоа ама затоа сите активности низ дома со вода му се wow. Најчесто ставам пешкири доле, вода во некое длабоко пластично и ги бањаме животните.
Заспива меѓу 21-22h, станува до 8-8.30h. Една дремка имаме од 2саати, не одиме во градинка 21месец сме.
Инаку мајки почнавме со молерс пред 2 недели и веќе 50% има подобрување во однос на храна,внесува и овошје и си бара кај фрижидерот..ептен сум задоволна.
Знам темава не е за тоа ама морам да прашам, има ли нешто да се продава да се става така на вратички да не може детето да ги отвора, ќе ми ги искрши веќе сите вратички на кујната, башка се што вади од внатре. Мислев со пантлика да ги залепам ама па и мене ќе ми треба да отворам треба да одлепувам цело време.
Не, не поминува. Тие гледаат ние што правиме и не имитираат. Децата велат не си играат туку се учат да живеат и да прават тоа што правиме ние. 19 месеци е и кога сум јас во кујна и тој вади такви, става топчиња внатре,ги покрива со капак. Реално мене на глава ми се качува. Ме тера да го ставам горе, па ги отвара фиоките. Кафето го зема, зема лажиче и црпе, па после вика "треба да го смукам аФето" Кујната е стално во хаос
15 месеци е моето, исто од еден дел вади тенџериња, од фиоката лажици и само меша по тенџерињата. Јас коцки подлога му ставив пред кујната во тој дел кај што седи, ми беше грев, измрзна на плочките. Го оставам да игра таму, многу долго се заигрува.
15 месеци, ист радпоред со градинка Само што заспива накај 20:30 до максимум 21. Во викенди само има по 2 пократки дремки.
Оваа е масичката што ја бараш, FLISAT се вика, оваа од сликата е обична, јас ја имам. Тие што се ставаат под површината треба да си ги докупиш.
Не знам точно да ти кажам зашто најчесто го купувам сетот од шампон и крема за пеленска регија или куферчето од 1000ден. Ама скроз е исплатливо зашто долго трае, барем јас не претерувам со сапуници.
Обично би требало да има во поголемите и добро снабдени маркети за домаќинства или пак некои детски маркети. Мене дома ми е изврзано со кеси од оние потанките Некогаш знае и нив крајот да им го најди