Хахахха, ние еве денес баш 18 месеци, и уште трае кујно-манијата))) Отвора, затвора, силно ги турка фиоките и вратничињата. Му имам ставено во еден дел пластични работи и само ги зема, ги враќа. Чепка и во срчените, пред некој ден скрши тањир, зема капаци ,се караме за кршливите работи..Абе лудница Дел од фиоките ми се врзани со кеси, па си прибрав многу работи (меѓу кои лажици/вилушки/ножеви) бидејќи летаа на сите страни. Сега си става тој негови играчки или пластични глуповчиња . Кога му ги преместив лажиците беше како зачуден и цел ден отвораше во таа фиока и ми покажуваше нешто целиот возбуден со викање
Еве види тука како пример за baby proof мада е најскапа заштитата. Имам купено од Бриколаж, Џамбо и од разни бебешки продавници, можеш и онлајн да нарачаш. Цел стан ми е со заштита, имаш заштита за штекери, силиконска заштита за ќошеви на маса, заштита за врата да не фати прсти, кујната цела ми е затворена, плакари ама се научи веќе некои знае да ги отвори или скрши ама пак вршат работа. Ако можеш во Џамбо да одиш најефтини мислам беа.
Ќе го прилагодиш домот според негови потреби пример се тоа што смее. Кога готвиш не го кревај во раце па да го спуштиш. Тоа за нив е исто како да му покажеш чоколадо, а да не му дадеш. Дозволи му одредени играчки со кои може да си игра. Јас од кога почнав да го оставам да се изнаплаче т. е. во тој момент го игнорирам престанува и сега знае дека не треба за се да се мава од земја. Али во буквална смисла го игнорирам. Скоро 14 месеци е али од раѓање е темпераментен, рано прооде и почна да истражува и за се да се треска. @Snowflake97 Во ДМ имаш 259 денари е едно али врши ептен работа. Некој искуство со Биодерма Атодерм линијата, конкретно за маслената купка дали е добра гледам дека е на акција во Ани Фарм. И дали знае некоја каде има тестери за биодерма во Зегин прашав ама немаше?
Бејби лове околу 180 денари е шампон до гел. Не му се мрси косата, кожата му е мека и убава. Ја сум ептен задоволна и трае доста.
Некоја мајка праша за шампонче. Веледа кидс од портокал е неверојатно убав,и за коса/кожа,и за измивање,и за мирис потоа.Не можам да ја изнадушкам.Има и од лимета и пеперминт,не сум ги пробала,заглавив на портокалов. Тантруми за среќа не сме доживеале,има онаков плачки со виткање ко црв момент ако ја спречам од нешто ама се многу ретки. Кујна феноменот е ненадминлив,со мене е качена и меша дур се готви,ми става брашно и слични намирници кога правам смеса.. е лом се прави ама мирна и задоволна е. И многу е среќна кога ѝ давам задачи,да ми донесе пелена,да фрли ѓубре во кантата,дури и масичката ја раскрева и носи до кујна садови Ова се под постојан надзор,дане зазвучам ко диктатор Сама неќе да си игра,јас редам коцки а таа ги руши и се караме ко другарки. Ред во спиење нема строг,таман ке фати некаков,ке ја спопадне регресија(оваа на 18 последната не измести јако од колосек),или настинка,нови зборови за кои се буди и ги мрмла навечер…и се така во круг.
Здраво мајки, сакам да прашам од прилика кои броеви на чевли носат децата на 2 години? Сега е 16 месеци 22 носи ама му купиле роднините од Австралија одело за 2 години и чевли сакале да му купат па да знам кој број да им кажам
Измери му го ноџето во сантими и ќе видат они според влошката. Одприлика 13цм е 22ка. Види на страната на Кеги ги пишува во сантими и бројка па ориентирај се по тоа. Моето има скоро 14 месеци и носи 24ка.
Јас од кеги сега му купив 22 15 цм се него му е 14 цм во моментот стапалото.Како што сум слушала, секако секое дете не е идентично со друго 1 годишно време 1 број на чевли ама здравје
Има врска и дебелината на ноџето, ако има широко стапало и висок рис посочи им да бираат таков модел.
Прашав за масава, 7000 и кусур денари е, плус шо велиш тие додатоците се накнадно. Ами плус и столче ќе треба, охооо ко цел стан да опремувам ќе фати пари. Нормални се?? Ништо, ќе купувам само едно обично столче. Па ја користам приликава да ве прашам каде знаете така по едно столче да продаваат? Повеќето се комплет две со масичка, а нејќам пластично да е. За изработка прашав, 2800 ми бараа на една Инстаграм страница. Никаквата
А што ќе ти е столче? Секако ќе седне или ќе се качи 5 мин во ден. Можеш да му дадеш тоалет хартија неотворено пакување и ќе седне таму. Или кутија од чевли. Или перница поголема, дебела на пример од гарнитура. Денес мојот седна на тоалет хартиите и ми се виде многу убаво, стабилно, и висината е супер.
Мислам дека во Џамбо видов ваква масичка и столче. За цена не ме фаќај за збор, ама да не беше околу 2000 и нешто масичката. Можеш да провериш
Ве молам за совет од вас мајки на темпераментни деца, син ми е 14 месеци и е бааги темпераментен со еден збор ништо не слуша,ај кујна моментов ќе го сварам, седнувам играм со него па му поминува мерак ама за надвор ужас, не дава рака кога оди, седи ,лежи на земја кога се обидувам да го станам урла не плаче,урла, се обидувам од таму да го тргнам го носам на друго место лази по земја, шлапа во вода, завршуваме јас го носам како вреќа компири он урла. Кај мене е проблемот,јас премногу очекувам? Како се справувате вие