На 20 месеци прв пат ми подаде рака за шетање и успори малку. Се до тогаш беше како куче пуштено од ланец,се во трчање
Бааги е своеглав и темпераментен, можеби и губам нерви дека секој ден цел ден е сам со мене, вака на лулашки гледам деца негова возраст многу помирни имам чувство дека само моето вика, дека само моето е како прасе валкано
Јас мислев само моето трча.. 17 месеци скоро а изллезиме се трча. Поллека незнае се бега мисли го брка некој. И мн ги плетка ноозете де ваму де таму...
Такво е детето можеби покасно ќе се држи за рака кога ќе разбира повеќе години па нагоре. Јас почнав од дома прво дај ми рака ама толку не знае така да оди се сопнува само и затоа го пуштам сам да трча. Ќе научи од градинка како да дава рака и други работи само време треба.
На педијатар дали ги носите на рутинска контрола или само по потреба? крвна слика на колку време правите? Или само доколку е болно?
После година само по потреба. Дома го мерам, а кс правам кога е болен. Многу пати беше болен периодов и често бевме по доктори, па затоа не правам рутински контроли, инаку веројатно би правела на 3-4 месеци.
Многy слични деца, само моето е скоро 2г. Еве пред месец дена првпат одевме рака за рака, ама и тоа треба со убедување, со зборење. Надвор кога сме, што да ти кажам. Буквално не престанува да трча. Он не знае да оди чекор по чекор ми се чини. Цел ден може да го помине тркалајќи се на трева, низ песок, трча по угорница по удолница, паѓа се тркала, се џитка во грмушки, не знам како да ти доловам ама и ме разбираш. Али зборев со учителката, има поголема потреба од сензорна стимулација и вушност добро е за него што фаќа сѐ, така и таа ме советуваше, дури ако може и повеќе бос да оди. Верувам дека ќе се смират со тек на време. Засега е вака. Дури и на час кога сме (одиме двапати неделно на “мајка и дете” часови) он не може да седи повеќе од 5 секунди да ја слуша учителката. Ако се работи нешто што го интересира, супер, може да држи концентрација до кај 10минути, ама ако не му е моментот за тоа, нема шанси. Ако па сакам да направам нешто спротивно на тоа што тој си зацртал, исто како што кажа и ти - плачење, се врти ко вртелешка на земја, без разлика дали надвор сме или каде. Овие две недели научи да каже Гушни ме, и не прекинува, мама гушне мама гушне, и никој нема пристап до него, и вода кога пијам и во ВЦ кога сум сака на мене да е обесен. Не знам. Читам две книги во моментов, едната е за растење момчиња, другата за позитивна дисциплина. Треба да се поработи малку и на себе ако сакаме повеќе да ги сфатиме. И јас сум по цел ден тукуречи сама со него, не е лесно, ама... да се тешиме дека после 3-4 години е подобро?
Мислам мoже тука прашањевo. Тие штo имате вакoв инхалатoр, дали oдма треба да се смени филтерчетo или се кoристи тoа штo е внатре?
Знаеш дека макс 3 месеци се дава? Барем мене така ми кажаа. Давав 3 месеци и прекинав. Сега е само д 3 и ц вит. Прекинав и мулти вит и пробиотик.
Ако можеш сподели каде да ги најдам книгите, секој совет е добредојден јас сум сигурна дека не е се до него и јас имам проблем со трпение, ти си добра штом викаш дека за 3-4 години ќе биде подобро, јас до 6 не очекувам подобрување. Имам внука што е темпераментно дете тек кога почна на школо се осети разлика, до тогаш другарки на сестра ми издржуваа 30тина мин и си одеа ние отрпнавме, ама и многу помлада бев тогаш
здраво, Мајки ми ттрба инфо.Имаме една годинка веке и 3 дена Уште цицаме,и прв пат ќе му дадам млеко кравјо да проба во јадење.Салам да му направам млеко со бисквито па ме интересира како го рљзредувате,Со каква вода и колку вода на колку млеко. извинете на долг пост
Не го разредувај,млечните масти се всушност протеини потребни за раст кај децата.Проблем би бил преголема количина,ке го засити па нема да јаде од редовните оброци. Контроли правиме рутински,после годината се на секои 6 месеци,и по потреба секако.Крвна слика немаме правено,ретко се разболува и лесно поминува,со ден два растечен нос и благо покачена Температура .Ова мислам дека е со мене дома,во градинка друга песна би било.. Раче сама бара чим излеземе,само низ маркет ја фака лудило од шаренилото па сака да бега и чепка се.
Не се разредува ако сакаш по водлесто земи 1. 6 масленост и готово. Иако препорачано е ако веќе се дава кравјо да се дава со нормална масленост и да не се разредува. Јас давај Алпско без лактоза многу лесно го поднесува за разлика од Алпското со витамини и обичното се виткаше целиот.
Па еве втор месец како не пие, ама се нема разболено фала Богу, а редовно си оди во градинка. Верувам дека е резултат од Дефендилот.
Ова се книгите, тие за момчиња ги имам во електронска верзија, пиши ми го меилот во пп и ќе ти ги пратам. И друг некој ако ги сака слободно пишете. Позитивна дисциплина ми е онлајн купена, ама најдов нешто издадено на македонски од детската амбасада Меѓаши, на истата тема. Преземете тука: https://mega.nz/file/YhNCkDrQ#KxYHQ-WRJ3Jz_wDyNeZf0zsf1sBTc8UA9wiknMJJ-X0
Ако не видиш од негде или ако видиш дете во парк во вирче седнато се шлака, под клупа лежи за да не го фатам, во кал како некое прасе се врти цел легнат со се глава, трева јади, во песок закопан до гуша, во камчина, слеква патики, се качува на лизгалка сам, итн да не набројувам знај тоа сме јас и син ми на прошетка излезени Почнав воопшто да не се замарам носам резервна облека и што сака нека прави и е пресреќен И мојот не сака да се облекува али ќе му речам надвор мачето не чека ам ам дa му дадеме и одма сам патики носи да облечам, палтенце све и вика ајдее пред врата тропа Рака да ми даде треба да ги запишам датумот кога ќе се деси Види дома постел крпи и наполни млака вода и тенџериња, лажици дај му макарони живи стави и нека прави манџа јас така му викам и по 1 час е мирен заигра, тури претури си прави Нека ужива дете нека истражува бар јас така мислам