Ние си имаме столче и си седи на него и си ручка си гледа цртани ; хранилка не користиме одамна; од Стибера Прилеп е купено не знам дали вршат достава ама верувам дека и низ Скопје можеш да најдеш..
Пишуваше мислам на упатството минимум 3 месеци да се користи за да има ефект. Не знам колку е максимално, мислам нема такво нешто.
Последно и јас го оставив да шлака надвор во вода, на крај падна и цел се натопи среќа бевме многу блиску до дома па отидовме на пресоблекување, двајцата се изнасмеавме. Дома му давам грав да игра со него ама го пазам да не голтне зошто пика во уста идејава со макарони е подобра ќе му ставам покрупни
По колку мл млеко пијат вашиве 15м деца во 24часа? Синко во последно почна многу млеко да пие поготово пред спиење. Од кога беше настинат само млеко пиеше и дали му стана навика или незнам што е Пр. Вчера на дремка во 12ч испи 180мл,а јаден и доручек и ужинка Вечерта за успивање 250мл млеко во 8:30 и во 2ч (почна да се буди од дете што ја спиеше цела ноќ сега бара млеко како бебе) 150мл испи и савајле во 6 плачеше за млако вика на цел глас ма ма и плачи и испи уште 60мл. Нели ова е многу млеко, ние не да намалуваме почнавме да зголемуваме. Најаден е убаво значи нема оброк да прескокнеме
Мојот пие 3 пати по 210 мл , му давам Аптамил 3ка, уште се буди кај 3-4 сабајле за млеко Исто јаден доручек и ужина пие млеко 210 и спие, после руча ,ужина,вечера,млеко и спие и се буди за уште едно млеко
Мамички, ќе ве замолам да ми кажите кои едукативни цртани на македонски јазик ги гледате или препорачувате?
Јана; Дарко Биберко; Биби и Боби Учиме да читаме зборови ; многу слаб избор некако има ; детево англиски почна да ми зборува дури на бугарски поголем избор има толку сме мизерни значи... .
Моето е 16 месеци и пие само навечер козјо млеко домашно 250 мл и толку, ама дента 4 оброци во градинка (2 ужинки, доручек и ручек) и дома пак ручек и вечера
И ние сме на Аптамил 3 али се мислам на домашно кравјо дали да преминам од нареден месец. Иначе уште ова да прашам можно е 5ка горе синко изваде на 15м?? Една 4ка доле и денес гледам една 5ка горе омг ми дојде некако оти нема 3ки и 4ки
На децата после 12 месеци им е доволно 500 мл вкупно млечни производи за 24ч. Се над тоа може да придонесе до анемија, ако е стално голема количина близу до оброци со железо богати. Моето пие наутро 200 и навечер 200 пред спиење и тоа е тоа.
Колку што можеш читај му ти. Неколку книги, не мора да се многу. 2- 3 е сосема доволно. Така најубаво се учи. Јас на Јутјуб му пуштам само една песничка, компилација од 4-5 песни. И толку. Секој ден само таа, ако побара. И веќе гледам му здосадува. Му пеам јас, му читам, не гледам дека му фали едукација од цртани. Буквално се зборува, цели реченици составува, брои до 5, песни пее и рецитира.
Како ти успева да го седнеш да му читаш? Сака самиот? Мојот има црвчиња во газот, не издржува една минута да му читам, не му е интересно. И друго што забележав знае зборчиња ама не сака да збори. Низ игра или кога е лут му се испуштаат, а вака не сака за жива глава ништо да каже. Дали учи сеуште, дали не е сигурен во себе... Не дека го брзам ама мислев не знае ништо да каже, а тој буквално се разбира и има поголем фонд на зборови што ги кажува многу ретко.
Ние сме скоро17месеци изаспивсме читајќи..сака многу книги сам дури ги прераскажува со мимики, гестовви и зборови кои веќе гги знае.. Нз дсли книгите имааја удел али веќе има три четири фрази со по два споени зборови.... Аа како успеа нз можиедодетето а можи и рано почнавме па веќесе навикна... По еден сат лежиме и читаме.. Така да се сиедо детето изгледа
Исто е и моево, 15 м скоро, седнување мн ретко да му читам и тоа кога ќе се случи за некоја минута станува и си продолжива со играње, некогсш знае и да ми донесе некоја книга ама ја отвараме малку разгледува и пак бега. Исто и јас сум приметила во некои ситуации кажува зборчиња ги знае ама ретко ги користи баш се чудев и јас зошто кога го знае одредено збпрче не го користи стално туку понекогаш само. Ако некој има објаснување нека пише
Четворка е. Рано е за петки. Ти се чини дека е петка оти мислиш дека има место за два заби меѓу двојката и излезениот заб, ама така е кај млечните, има поголем простор меѓу забите.