И мене ми дојде рано али 4ката доле со ја вади ми е понапред од оваа горе и се убедувам дека е 4ка си викам нема шанси 5ка. Фала ти многу
И кај трајните заби горните се поназад од долните (горна четворка е поназад горе, во споредба со долната), затоа што долните предни заби се помали, и лакот е потесен. Затоа некогаш кај децата четворките се мешаат со петки во периодот на растење.
Кај нас така има навика, еден саат пред спиење гасам сијалици низ цел стан. Само една голема ламба свети. И тој знае дека е време за книга и тогаш сконцентрирано ме слуша, јас ќе прекинам тој ќе кажува што иде. Драматизира како мачето ги напаѓа перниците, како мецана го рани пилето. Ми се чини дека цели книги ги знае напамет. И јас многу сум изненадена. Тогаш пред спиење многу учат. Преку ден исто ќе побара, ама не е сконцентриран. Ќе ми врти страници, јас му читам, ќе трча, пак ќе се врати и така. Ние едно дете така знаевме, на многу мала возраст збореше цели реченици и викавме ете тој е опкружен со возрасни, има две големи сестри, баба и дедо и затоа така научил. Си мислевме дека кај нас нема шанси така, оти ние сме сами со детето. Македонски јазик освен од нас од друг не слуша. И ете детево скроз не изненади. Исто мислам дека во градинка учат едни од други такви понеаетикулирани звуци, крици, бебешки зборења. И може тоа исто влијае.
https://theeducatorsspinonit.com/baby-time-tips-for-reading-books-to/ Баш овде бев нашла типс, како да му читаш на супер активно бебе или дете. И мојот е цело време во движење, ама приквечер најуспешно ни оди читањето. Мислам веќе му се здосадени тогаш играчките, ги раскревам и остануваат само книги. Не седи предолго ама со тек на време се зголемува таа концентрација и желба да слушаат.
Мајки помош како да се одвикнме од сок пиење. Навечер.. Кога го одбивав од цице плачење бараше и ајде кога водичка кога сокче. Се смируваше засспиваше.. Се одбивме скроз.. Ама сокче бсраше не пиеше многу ама стигнавме каде почна да се буди уште повеќе и цело шише сок.. Некогаш и повеќе.. Му го мешам со повеќе на вода да е барем го пија така.. Ама мислам мешето го боли нз само клук клук му прај мешето. Пробав да не дсвам аабе ке зајде од плачење не може да заспие.. Дали да стегнам зааби и да сме будни и да плачиме. Некокку дена или.
И ќерка ми повеќе сака книги од цртани.Ептен се изненадив.Мислам дека и се допаѓа начинот на кој ѝ читам,ја анимира,а внимавам доста на интонација и внесување во ликовите Иначе кажува чисто цели реченици,би рекла одличен и е говорот за возраста,а со мене е сама по цел ден.Тв ми е пуштен нон стоп на тивко,пазев до скоро да е Мк програми повеќе а сега веќе не.Иначе сите омилени песнички и се германски.. @Enci201 туна е дискутабилно ради потекло и начин на конзервирање,додека сардината е ептен здрава,и конзервирањето не ја прави воопшто лоша,напротив.Само отстани го ‘рбетот на средина и слободно понуди.
Мајки, дали им давате ќофтиња пржени со свинско месо? Мојов си е стрвле, се' сака да си касни, да проба и ако му се бендисува си продолжува со јадење се' додека му се јади. За ќофтињава си велам да не е малечок(18 месеци), не јади претерано а сака и пржени компирчиња. @prinstongirl2 Ние по одвикнувањето од цицање многу на вода се фрливме, стануваше да пие исто како да треба да цица. Тогаш дека летен период не сакав да не му дадам. Сега гледам не станува така често, можи се поднавикна дека нема потреба да пие ништо. Почна да сака да пие млеко со малку Несквик, па ако пие пред спиење поретко бара вода. Можеби треба период да се одвикни, гледај неккао повеќе вода нуди наместо сок (за да не е ете секогаш сок во прашање).
Штом му е слатко, давај. И јас и давам пржени компири кога правам дома, ретко многу пржам, ептен некогаш син ми ако ми побара и тогаш и она ги јаде ама поарно дома отколку од град пржени компири. Месо мојата не сака во никаква верзија, се гади од него
Па 18 месеци е зошто да не, штом е дома приготвено , јас на мојот му давам се што е дома приготвено, секако не салама,виршли, паштета,колбаси.. а има 15 месеци и компири пржени ако се од дома личен компир и пржени во чист зејтин исто што да не. Ова е многу индивидуално така што би ти рекла како мислиш така прави
Изгледа ке требљ да стегнам заби да го нишкам дур се навикне.. Пржени компирчиња и стекче мн сака и давам еднаш неделно обаезвно
И јас го имам истиот проблем, месо кога ќе осети дека има во јадење одма прави драми. Гледам да давам јајце секој ден, не знам колку е доволно. Што даваш ти за замена дрго?
Печурки, бадеми, овесни, грчки јогурт, млеко. Ви се убацив малку ама со ова можеш да надокнадуваш протеини колку толку.
Фала Освен печурки се друго јаде речиси секој ден. Некако ми е страв печурка да му дадам, дали ти воведе и каква? Син ми е 20м.
Да, му дадов на 14-15 месеци. Јас не јадам печурки, никогаш немам пробано и не знам ни каков треба да биде вкусот Затоа маж ми му готви, мислам дека купува свежи шампињони и еднаш имаше земено од оние поголемите ич не ми текнува сега како се викаа
Сакав да пишам ама си викам да не ми се смеете Мислам дека такви беа. Ама сериозно не можам да поднесам печурки, еднаш како мала по грешка каснав и од тогаш нема теоретска шанса да ставам во уста.
Иста сум и јас, во пица и други јадења ги тргам Мм еднаш јаде,еднаш не и него крај не му се наоѓа,па и ретко купувам за готвење. На мали вујна му еднаш му понуди,не сакаше и не сум ни пробала од тогаш.
Мајки за некој ден официјално се приклучувам тука Имам за спиењето прашање. Малава има 2 дремки од по 1 саат ама некако многу ѝ е зголемен прозорот на будност и заради тоа почна да си легнува многу касно. Од бебе што до 21 заспиваше, сега заспива во 22-23. Ќе се врати ли да си заспива до 21 кога ќе премине на 1 подолга дремка?
Да дефинитивно. Мојата имаше две дремки и се фаќаше да заспие накај 9,9:30( претходно 8 заспиваше) сега има една дремка накај 12ч и заспива во 7:30-8 што е супер за нас