Јас почнав да и давам секој ден јајце од прпелица од летото. Крвна слика правена пред 1 недела, од вена, тука од прст не земаат, живеам во Грција и крвната слика и е топ. Хемоглобинот подобар и од мене.
Здраво мајки, набрзо се приклучуваме тука. Малиот е 11++. Неделно давам 4 дена месо, 2 дена јајце и 1 ден риба. Е сега ме буни ова со мафиниве со јајце што се прават. Тие ги давам во тој ден што е чисто јајце или може и во друг ден? Прашањето ми е да не му дојде многу внес на јајце??
Мајки што ги одбивте дечињата од цицање. Наутро по станување давате нешто течно, сок, млеко заменско, јогурт... или веднаш на појадок одите? Планирам последен да го тргнам утринскиот подој дека нема станување од кревет додека не цица .. вечерата секако му е млечна И дали зголемивте на млечни продукти после одбивањето?
Јас дирекно со појадок продолжив, во тој период не сакаше никакво млеко. Од млечни јогурт и кисело млеко давав ама не сакаше секој пат, зависи.
Ние сме 15м и све од месо јаде свинско(домашно) , сланина, ребро, телешко(домашно) , јунешко(домашно) , јагнешко(домашно) диво, пилешко(домашно) , срна(еднаш дадено) , џимиринки не ме карајте али стварно дете си сака месо и тоа давам 6пати неделно и еднаш риба ќе си речите фарма дека имаме све што е домашно стварно бараме луѓе што ги знаат моите или свекрва и си купуваме на големо пр теле цело, прасе, кокошки итн три фамилии сме ќе го средат старите и ќе го поделат многу ретко имаме ден без месо. Додека јади све нека јади кога ќе смени тоа е ќе се снаоѓам со друго.
Може да ми кажете кога посетувате ортопед. Ние бевме на 2м,5м и 8м и ми рече ќе продии за брзо да не го носам додека не прооди стабилно па од 10м оди сега сме 15м дали му е време да го однесам? Ако може совет да ми дадете кога вие ги носите дали често и зошто
Колку време трае едната дремка? Еве сега спие веќе 1 саат и ќе ја будам.. Прееска 45 мин спиеше, пробав да ја заспијам порано попладнево, ама џабе. Пак ќе си легне во 11
Мајки си играат/ знаат да играат вашите дечаци од околу 20+ месеци со ваков тип на сложувалка? Со каков ќејф му ја купив, надевајќи се дека ќе ѝ се наврти, ќе ја проучува. Многу кратко Не сакав да му покажувам како треба, ама на крајот едно ставив во празнинката и после и тој почна. Деновиве сите играчки ги баталува. Повеќе сака да имитира домаќински работи: тресење алишта, машина полнење, бришење, а неговите играчки онака само ги чепка и остава. Можеби таква му е фазата, ќе видиме како ќе биде понатака. И прееска сакав книга да му читам, ептен кратко, му се здосади и стана. А пред некое време по неколку со ред му читав, ми седеше во скут. Е стварно ми е мака.
Ние сме исто како кај катерина. Спие еднаш пример од 10 до 11ипол и после го држам, бањање во 7 млеко и 7ипол спиење до сабајле до 6. Спиењево сега што си пишала во 19ч ти е касно. Пробај утре да не ја заспиваш втор пат или ако заспие 30мин и буди ја. Денес баш ми заспа кај 15ч ама во 15:30 го разбудив па заспа во 20:00ч. Кај нас во 7 веќе е пуштено на јутуб музика за спиење, се е затемнето, исклучено ако не заспие сам во креветче тогаш во количка. Се надевам ти помогнав ептен е супер ова заспивање од 7ипол до сабајле бар можеш да функционираш многу сме поодморени него претходно со 2 дремки кога беше
Во последно приметив дека ако ја легнувам рано полошо спие. Се буди обавезно неколку пати. Вака од 10 до сабајле до 7-8 знае да си спие ич да не се разбуди. А и јас касно легнувам. Во 9 идеално ми беше да заспие да можам да си пофатам по дома. Денес прва дремка 40 минути само ѝ била, од 1 до 2, а сабајле во 9 стана.. Како да ја оставам на 1 дремка од 40мин во денот? 8 скок сме и се сѐ поремети. Плус оваа недела бабите ја чуваат пошо го спремам роденденот и катастрофа и е денското спиење и навечер тешко и касно ми заспива. Ај да помине ова со роденденот и се надевам ќе се среди…
Женски ,терминот за тантрум никогаш не го сфатив во целост ... Не знам дали на тантрум може да се препише ова однесување или сепак е загрижувачко. Значи тепа се живо ,ај нас ај играчките ама и сама се удира. Посебно откако ќе се удри негде ,и обавезно се удира себе си на местото ,пример по глава... Исто и се случува да се стиска со рацете во тупаници и да се тресе цела нервозна... Не знам дали е нормално ама многу се грижам. Да напоменам дека нервирањето кога и земам нешто е поразлично од ова . Мислам дека добро опишав. Совет ? Искуство?
@Lovebug01 Кога спомна роденден се наежив. Многу тежок период, исто беше и кај нас скок, регресија... Будење ноќе, лоши дневни дремки. Пробај кога и се приспива за прва дремка да ја изнесеш, да ја прошеташ одложи ја барем еден саат и таман повеќе ќе се измори и да спие еднаш ама подолго. После роденденот уште малку ќе ве дрма и ќе помине. На 13-14 месеци пак има ваков период, ќе се врати на две дремки, па од 15 месеци ќе си продолжи со една. @Осе Можеш да пробаш некој период да даваш б6 пред спиење да се смири малку. Пишував за тресењето во некоја тема, кај нас траеше од 6 месеци до скоро. Еден период се загрижив напади да не има. Кога почнува да тепа скарај ја малку со отсечно Не и покажи и како да ги гали работите. Барем кај мојот тоа функционираше. Од тогаш ги гали играчките, нас, мебел, се што ќе види пред него Тантрумите се доста пострашни, траат, не можеш ништо да направиш, ни на крај да излезеш. Јас сфатив дека кај нас нервозата е од вишок енергија затоа имајте поактивни игри дома и надвор. Удирањето исто се случува кај скоро сите деца, баш сега една пријателка ми се жалеше, ќе помине и тоа.
Моето ги фрла на сите страни деловите од сложувалката а за читање сам си седнува и демек чита; јас навечер му читам ама не го интересира; ; повеќе да вози количиња сака.
И јас правев вчера крвна слика, исто од вена.Се е во ред само низок феритин има и доктор ми рече да јаде месо повеќе и овошје кое го јаде без проблем ама со месово што ќе правиме не знам. Едно јајце даваш од препелица или повеќе?
I moeto since e ist ne saka meso voopste ja mu blendiram i mu stavam vo supa vo bilo koj rucek samo da ne oseti deka ima meso