Само едно давам живо насабајле во овошната каша, имам измешано во тегла таан, мед, путер од кикиритки и путер од бадеми и од тоа исто и ставам по 1 лажица голема, јајце и овошје, превкусно е, и јас го јадам дури, јајцето не се ни осеќа дека е живо. Варено или пржено ги губи пола и повеќе од хранливите вредности, затоа и го давам така. Ги земам јајцата од човек кој има прпелици, инаку тука во супермаркети нема никаде такви јајца.
Па еве денес стана нешто пред 7 сабајле, спиеше од 11:30 до 2. За ноќното заспа во 7. Касно ти е таа дремка. Колку месеци има, мислам рече нема година? Ако тераш со две дремки, едната накај 10и нешто до 11и30 и после накај 3 до 4 макс. За дс ти легнува тоа време 8-9. Види како и одговара на неа. Ние така бевме со две дремки ама после втората дремка се покасно и покасно заспиваше и ми се фати еднаш во 6пм да стане од дремка. Од утредентс тераме со една и нема проблем. Ако ти издржува детето да е будно повееќе саати, терајте со една.
@Lovebug01 мојава е скоро 15 м. Значи од годината наваму сме де со една де со две. Кога спие две спие од 10:30 до кај 12 после од кај 16:30/17 до 19 и заспивање после 23... Напорно и за неа и за мене па пробував да ја држам будна ,па да ја заспијам од 12 до кај 14 да спие за да сме само со една ама околу 18-19 правеше падни ,стани ,плачи. А да ја заспијам во 18 после цела ноќ забава... И никако ,на крај решив ќе ја оставам сама. Исто се дешава ако заспие околу 20 ч. се буди во 3-4 наспана така уште полошо ми е... Ред не знам кога ќе фатиме ама тоа е . @Jana06 знам дека тантрумите се пострашни и најчесто со ,,причина" ама и ова однесување ме загрижува ,не знам дали да го сметам за нормално. Кога се удира сама ја гушкам (ова уствари и најмногу ме загрижува) а кога удира по нас или по играчки и викам не и зошто така ? И таа одма почнува да ги/не гали и вика ооо ... Сепак како мајка која го оставила детето дома и кратко во градинка на се можам да помислам ... Затоа реков да видам дали исто однесување има и друго дете или да видам да се консултирам со некој.. .
Можно е во градинка друго дете да ја удрило или да видела такво нешто, ништо чудно. Мојот обично не удира други деца освен еднаш на лулашки проба да бутне едно помало девојче, го фатив на време и го искарав. Ја наведна главата и веднаш го тргнав на страна да стои сам. По кратко отиде своеволно да и ја даде топката да си играат и од тогаш не му се повтори. Е сега, нормално секое дете е различно и како мајка си мислиш некој да не го удрил, те разбирам. И јас имав сомневања за свеки, не за друго туку цело време ми вика мене да го удрам кога прави бељи, а и малиот воопшто не ја сака. Не и дозволува ни да го пипне. Прашај во градинката нека ти кажат дали се случило нешто, кажи им дома што се случува. Претпоставувам дека се трудиш да правиш се како што треба и те фрустрира ова, но како и се друго и ова е фаза што ќе помине, ти давај се од себе да го промениш тоа, зборувај често со неа. А ова главата што си ја удираат мислам дека тестираат колку може да ги боли, моја претпоставка. Со тек на време се поретко го прават тоа.
Не знам колку те разбрав Кога паѓа мава само по себе или на местото каде што се удрила, не знам маса пример? Многу често баби со деца во парк детето паѓа се удира од клупата почнуваа да плаче и бабата им вика ајде тепај клупата она тебе ке те удира нешто такво да и зборува некој?
Јас колку што ја сфатив, не удира по предметот кај што се удрила туку на местото од телото. Пример, ако падне на рака ќе си ја удри раката. И пак некако мислам дека е фаза, ако знае некој подобро нека пише. А примерот од погоре за клупата што го пиша, истото го прави свекрва ми. Среќа малиот не прави така туку трча накај мене да го бацам кај што го боли.
@haruki да да како што кажа Јана ,на самата себе удира ,не секогаш. Инаку @Jana06 и свекрва ми истото го прави и бидејќи повеќе саати во денот е со неа нормално и она си го присвои истото уствари по предметите што мава од тоа има научено баш некни и реков нормално се налути ама што ми е гајле ,проблем е што иако сум и рекла она пак исто продолжува. Ама сепак повеќе ме загрижува самотепањето така да го речам. Ќе следам па ќе видиме.
Мојот од градинка најучи после 1 месец одење да мафта со рацете и сега се тепа по глава и се скубе и кога ќе му кажам Што правиш? он ќе ме загледа и престанува, но имаат во градинка едно дете стварно е неподносливо јака им душа на негователките цел ден да се вриштело и плачело, удира по врата, се качува на столчиња, маси и тоа е 18 месеци значи страшно. Револт најверојатно покажува зошто мајка му го оставила таму. Сега многу учат од околината што прават другите тоа и они.
Син ми проаѓа низ слична фаза, си ја удира главата од кај ќе стигне, од ѕид,од маса, од под само ова не го прави кога е лут туку кога е еуфоричен, кога се глупира нешто, исто кога сака да те гушне не те гушка туку те удира глава со глава, и јас се чудам и немам поим од каде му е ова однесување, прв пат гледам вакво нешто како расте интензитетот го намалува ама уште се глупира,гушкање, бацување нема шанса, јас се решам дека е фаза дека ќе помине
Многу вакви работи се учат од градинката доволно е едно да прави така за да почне и она. @Jana06 затоа одма пишав баби оти од родител немам до сега видено вакво нешто.
@Осе веројатно фазата ѝ е таква или ако има видено кај некој друг па си го научила кај себе да го прави на нејзин начин, викаш во одредени ситуации. Забележи во кој момент тоа го прави што искажува со тоа. Повеќе личи на бунење револт искажување. Инаку. Кажете им на бабите дедовците нека НЕ ги маваат предметите на кои се удриле внуците поџомти да ги смират, многу грешна порака. Речете им дека нема потреба од такви нивни испади пред децата, па на што личат бре Божеее Кажете им дека со такво однесување ги учат дека секогаш другите се виновни - луѓе или предмети. Што, кога ќе пораснат, ако се удрат на телевизорот, на пола да го скршат?
Мајки 1 година и месец скоро сме.Од вчера кашла како со шлајмче влажно.тт нема сега за сега весел си е .Кажете од искуство што да давам ?Ќе го носам кај педијатар да го слушне ама ми треба совет од искуство.Сум слушала сало на градичките??
Јас на синчето и превентивно, а и ако кашла го мачкам кај градите и грбчето со сало после бањање и плус му давам од време на време лој од гуска и да не го подречам нема гајле.
Мојот игра со ваква. Ние обично не купуваме играчки, ама ете пред една недела татко му го видел ова (само со животни е) и му купил. И баш му се погоди. Не од одма, ама за 2-3 дена ја научи. Секако не дека ќе земе и 10 мин ќе игра сам, ама така со нас. Ќе го прашуваме што треба да стои овде, па тој ќе каже, па ќе го бараме тоа животн...и така Инаку најубаво се заигрува со правосмукалка )) и со тенџериња и капаци
Одлично. Твоето и зборува доста, па веќе посвесно е за работите. Моево многу се заинтересирани за домаќинлук, од смукање алишта перење итн. Книга кратко читаме, дека за заборување ми е најмногу намерата да му читам, ама гледам нешто плетка по малку брбори меша гласови. Сега вакви пипави играчки, тешко
Мајки давајте чаре некаквоооо. Малиот цуца палче, во фаза на одвикнување сме. Почна да сфаќа дека не смее, ама потребата го влече и особено во сон го става, преку ден го контролираме ние. Му зборував дека му е потеченко, црвено, ќе го боли, има заби дека јаде храна... Не сакам со фрази од типот "голем си ти, не така" знам дека спротивен ефект имаат, ама некогаш и такви ми излетуваат. А другпат пак, реагирам побурно и му велам ајде доста, извади го прстето. Дали е паметно да му понудам цуцла како замена да гризи нешто, сега на 20 месеци?
Оти никој не кажавте дека чудово може да ги држи повеќе од 5 мин зафатени !? Еве јас ви кажувам на тие што не знаете Според мене мноогу многу досадна играчка ако може да се нарече играчка ама вчера и ја донесоа цело време игра со неа Инаку такви со животни има и го донесоа исто и една дрвена коцка со фигури да го пика внатре ,за коцката секако мала е ја отвара ги истура и ги става во така отворена. А животните и покажував првите неколку дена и тоа со мјаукање со мукање и научи отприлика кое каде ,за возраста топ. Макар што малку и изгледа како да ја форсирам ама не тоа е единствениот начин да биде малку помирна барем 10 Тина мин ,инаку се е во трчање паѓање станување . Сликовница.... Нема шанси тоа лупа по неа па ми ја зима па ја фрла во играчки па отвора покажува на куче аф аф и чао ќе ја затвори и ќе ја однесе кај играчките таао толку
@Осе овие сега се во мода и кај поголемите деца Инаку, ве читав за подмавнување па и јас еве да се пријавам. Мојов гледам сака да подмавнува по девојчиња ама поголемки кои сакаат да го гушнат или бакнат Го карам, му кажувам дека не треба така, покажувам како да гали....Ако сака некоја играчка и ако му ја земаат знае да се кавга, ја трга, не попушта. На помали деца од него му оди одма со раката и ги удира, па и да сака да ги погали како погрубо тоа го искажува. Има гледано двајца братучеди како се тепаат (тие нон-стоп нешто се борат, се подмавнуваат па макар и во игра а се 1 и 3 одделение). Ги гледа и едното прави како колук напред и сега мојов само така стои со главата, готов напред да се преврти... Некогаш и по нас знае да замавни кратко, а кон мене покажува жал после тоа, ми иди да се погалиме. Имам слушнато баби/дедовци како му викаат да ја удри масата/столицата ако се чукни негде и им кажувам да не прават така. Значи сунгерчиња или период, ама срам ми е некогаш кога замавнува а зборувано е милион пати...
Први ден-два во градинка по еден час адаптација и вчера и денес се мачиме со температура. Според брис има закачено haemophilus influenza. @Jana06 мислам ја имаше малиот, како ја излечивте?